- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Сакам да знаеш, дека јас сум секогаш тука да ти помогнам. Еве што Блажениот Апостол Карлин има да ти каже за 10 заповеди.Де бре, почна да читаш и одма осудуваш, читај уште, ај еве малку помош :
21 ”Сте чуле дека им беше речено на старите: ‘Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде виновен пред судот.’
22 А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. А кој ќе му рече на брата си „празноглавец”, ќе биде виновен пред синедрионот. А кој ќе го нарече „безумник”, ќе биде виновен за во огнениот пекол.
23 И така, ако принесуваш свој дар на олтарот и си спомниш таму дека брат ти има нешто против тебе,
24 остави го таму својот дар пред олтарот, и оди првин помири се со брата си, па тогаш дојди и принеси го својот дар.
25 Покажи бргу добра волја кон твојот противник, додека си уште со него на пат, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата на служителот, па да те фрлат во темница.
26 Вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го исплатиш и последниот кодрант.”
27 ”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’
28 А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.
29 Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
30 И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.
31 ”Исто така било речено: ‘Кој ќе ја остави својата жена, нека и даде разводно писмо.’
32 А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен за прељуба, ја прави да врши прељуба, и кој се оженува со така напуштена, врши прељуба.”
33 ”Уште сте чуле, дека им било речено на старите: ‘Не нарушувај ја клетвата, а исполнувај ги пред Господа своите клетви.’
34 А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол;
35 ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар.
36 Не ќе се колниш ни во својата глава, зашто не можеш ниедно влакно да го направиш бело или црно!
37 Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да - ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е.”
38 ”Сте чуле дека било речено: ‘Око за око и заб за заб.’
39 А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот.
40 Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.
41 Ако некој те принуди да одиш со него една милја, ти оди две со него.
42 Дај му на оној што бара од тебе, и не свртувај се од оној што ти сака на заем.”
43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.
44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?
47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?
48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”
И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина ете, с è стана ново (2 Кор. 5, 17) ; обновувајте се!“ (св. Григориј Богослов)
Жити леб? Семоќниот Бог ги менувал своите заповеди низ историјата? Ајде не се бламирај.