A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.152
Поени од реакции
12.776
Иначе еве како близу праат финти и лажат (не се сјајни ни макс ни бум тв ;) ) Односно што значи “кабелските оператори се префрлаат на дигитална“ според мене :

1. Аналогната ТВ е всушност кабел кој е ваден од модемчето (ако сте доксис) или од сандачето (доколку сте ЛАН) и оди директно во телевизор - така (нели претходно се спрема приклучокот)?

2. Ресиверот што ви го даваат има позади приклучок за таков ист кабел (значи буквално истиот за аналогна), само што треба да се прецвика и поинаку да се поврзе со ресиверот (односно да му се стаи друг приклучок) - 5мин работа дури секој тоа може да го напраи..

2.1 Како основа на ова што го кажав - тогаш може ИСТИОТ кабел да се користи и за гледање на дигитални канали: само се менува приклучокот на кабелот за да се стави во ресивер и да го чита (немора да се влече нов кабел, буквално истиот може да се искористи).

3. Аналогна ТВ има друга цена од Дигитална ТВ, што не е праведно - заради ова горе што го кажав (би требало ако сте претплатник само на аналогна ТВ, автоматски без никакви дополнителни месечни и еднорочни трошоци да ве “префрлат на дигитална“ )
Се што имаш наведено е точно.

Еден пријател мој во септември 2012 стави кабелски Интернет од Близо, зеде пакет со неограничен сообраќај и со брзина до 20 мегабита во секунда, односно 2 мегабајти во секунда, иако реалната брзина му е нешто над 2.5 или над 2.6 мегабајти во секунда.

Намерно прифати да плаќа 1.099 ден. месечно за да може да ја користи услугата неопределено и за да може да ги откачи Близо кога сака, односно за да не биде обврзан со договор да ги трпи 1 или 2 години.

Аналогна телевизија му дадоа бесплатно, му ја поставија на сите 3 телевизори во станот и воопшто не плаќа дополнително за аналогната телевизија, туку плаќа само за кабелскиот Интернет.

И да, дигиталната телевизија на Близо се емитува преку кристално истите кабли преку кои се емитува и аналогната телевизија на Близо, со разликата што кај дигиталната телевизија може да има повеќе канали на една иста фреквенција, додека кај аналогната телевизија може да има само еден канал на една иста фреквенција и да не заборавиме, кај дигиталната телевизија, сигналот се декодира со DVB-C декодер за дигитална кабелска телевизија, односно со DVB-T или DVB-T2 декодер за дигитална терестријална, односно дигитална земска телевизија. Сигналот е дигитално кодиран кај каналите за кои треба дополнително да се плаќа, а исто така и пристапот до канали кои се наменети за возрасни е заштитен со лозинка, која може да биде сменета или избришана по избор на корисникот.

Советот за радиодифузија на Република Македонија планира да го исклучи аналогниот сигнал во Република Македонија во јуни 2013, по што на кабелските телевизии како Близо ќе им остане да нудат само дигитална телевизија, само кабелски Интернет и само фиксна телефонија, но не и аналогна телевизија.

Ова не е радосна вест за мојот пријател кој ужива бесплатна аналогна телевизија откако стави кабелски Интернет во септември 2012, бидејќи сигурно Близо нема да му дозволат да ужива бесплатна дигитална телевизија од јуни 2012, иако мислам дека мораат да му обезбедат безусловен дигитален пристап до локалните и до националните телевизии како МРТ 1, МРТ 2, МРТ Собраниски, Сител, Канал 5 и Телма.

Но тоа и не му е некој сериозен проблем, тој си е веќе задоволен со Dreambox сателитскиот рисивер кој го користи повеќе од 2 години.

Мојот пријател исто така со обична собна антена на својот LCD телевизор кој има DVB-C и DVB-T2 декодер веќе го фаќа безжичниот дигитален сигнал на Боом ТВ иако не е нивни корисник и на дигитална фреквенција ги гледа националните телевизии чијшто сигнал Боом ТВ го емитува бесплатно и безусловно, бидејќи се национални телевизии и ги гледа во стакло слика, а претпоставувам дека истото мора да важи и за Близо, а гледам не го дозволуваат тоа, користам нивна дигитална телевизија и се обидов да фатам дигитален сигнал преку мојот LCD телевизор кој исто така има DVB-C и DVB-T2 декодер и не фатив никаков сигнал, а мислам дека тоа е незаконски, барем за МРТ 1, МРТ 2 и МРТ Собраниски за кои плаќаме радиодифузна такса, пристапот мора да биде бесплатен и безусловен на целата територија на Република Македонија, барем на хартија е така, а тоа што се случува во пракса е друга приказна.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Америка аналогната ја укинаа уште пред 10г така да во USA сите користат дигитална:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Америка аналогната ја укинаа уште пред 10г така да во USA сите користат дигитална:)
Смешни се секакви споредби, кај нас во Македонија дожд да заврне или се намалува брзината или нема нет :)
 

Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624
гомно е нетов од 7 навака од кога дојдов, за пред тоа незнам...а го има спор е, а и кога ќе се убрза одма паѓа..
 

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Интернетот...
Овој месец ми е на нов пакет неограничен 10 мегабити, претходно имав 150 гига со исто така 10 мегабити, за нареден месец се острам 1 тера да мавнам аплоуд :D пршти интернетов, може дигиталната не им чини, ама јас на интернет се гледам :)


Untitled.jpg
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
18.495
Само едно кажете ми, дали имате проблеми со стримови т.е. гледање на Youtube видеа 720/1080p? дали се кочат (loading - buffering) и им треба долго време да се лоадираат или флешот ме ебе мене? генерално лош playback.

Значи зборам за последниве неколку дена до недела.
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Само едно кажете ми, дали имате проблеми со стримови т.е. гледање на Youtube видеа 720/1080p? дали се кочат (loading - buffering) и им треба долго време да се лоадираат или флешот ме ебе мене? генерално лош playback.

Значи зборам за последниве неколку дена до недела.
Мене ми се баферира одма, дури многу побрзо одколку на SD квалитет...само глупиов лаптоп незнам што му се деси можам само преку IE9 да глеам HD или full hd, а преку chrome иако е баферирано целото видео она си сецка...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
18.495
Мене ми се баферира одма, дури многу побрзо одколку на SD квалитет...само глупиов лаптоп незнам што му се деси можам само преку IE9 да глеам HD или full hd, а преку chrome иако е баферирано целото видео она си сецка...
Се деси флеш плеер, што може да се деси :D

Еве ти помош за тоа.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Кај мене на Опера и Фајрфокс последнава верзија на Флеш стално паѓа (и на нет се жалат премногу) па се префрлив на Вотерфокс додека не го решат проблемот со некоја нова верзија.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
18.495
Кај мене на Опера и Фајрфокс последнава верзија на Флеш стално паѓа (и на нет се жалат премногу) па се префрлив на Вотерфокс додека не го решат проблемот со некоја нова верзија.
Пробав другар, ама неспоредливо поспоро е сурфањето, па се напнав и најдов fix горе е линкот, осеќам видна разлика кога од Chrome ќе се префрлам на било кој друг бровсер, едно 2/3 пати поспоро се отвараат страните.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Пробав другар, ама неспоредливо поспоро е сурфањето, па се напнав и најдов fix горе е линкот, осеќам видна разлика кога од Chrome ќе се префрлам на било кој друг бровсер, едно 2/3 пати поспоро се отвараат страните.
Јас не осеќам разлика но штом кај тебе работи добро нема што да менуваш. Навикнат сум на Фајрфокс со години а Chrome го имам инсталирано за резерва :).
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Се деси флеш плеер, што може да се деси :D

Еве ти помош за тоа.
ФАААААААААААААААЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛААААААААААА НАЈВИШЕЕЕЕЕЕЕ!!! :D
леее немаш појма колку ми помогна! Алал да ти е! Алал да ти е!
Ова одвај го дочекав :D Значи во конфликти биле двата плагини ко што можам да приметам :D
Ако, топ е сеа (со hardware acceleration on)!!!
Браво!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom