- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.152
- Поени од реакции
- 12.775
Се што имаш наведено е точно.Иначе еве како близу праат финти и лажат (не се сјајни ни макс ни бум тв) Односно што значи “кабелските оператори се префрлаат на дигитална“ според мене :
1. Аналогната ТВ е всушност кабел кој е ваден од модемчето (ако сте доксис) или од сандачето (доколку сте ЛАН) и оди директно во телевизор - така (нели претходно се спрема приклучокот)?
2. Ресиверот што ви го даваат има позади приклучок за таков ист кабел (значи буквално истиот за аналогна), само што треба да се прецвика и поинаку да се поврзе со ресиверот (односно да му се стаи друг приклучок) - 5мин работа дури секој тоа може да го напраи..
2.1 Како основа на ова што го кажав - тогаш може ИСТИОТ кабел да се користи и за гледање на дигитални канали: само се менува приклучокот на кабелот за да се стави во ресивер и да го чита (немора да се влече нов кабел, буквално истиот може да се искористи).
3. Аналогна ТВ има друга цена од Дигитална ТВ, што не е праведно - заради ова горе што го кажав (би требало ако сте претплатник само на аналогна ТВ, автоматски без никакви дополнителни месечни и еднорочни трошоци да ве “префрлат на дигитална“ )
Еден пријател мој во септември 2012 стави кабелски Интернет од Близо, зеде пакет со неограничен сообраќај и со брзина до 20 мегабита во секунда, односно 2 мегабајти во секунда, иако реалната брзина му е нешто над 2.5 или над 2.6 мегабајти во секунда.
Намерно прифати да плаќа 1.099 ден. месечно за да може да ја користи услугата неопределено и за да може да ги откачи Близо кога сака, односно за да не биде обврзан со договор да ги трпи 1 или 2 години.
Аналогна телевизија му дадоа бесплатно, му ја поставија на сите 3 телевизори во станот и воопшто не плаќа дополнително за аналогната телевизија, туку плаќа само за кабелскиот Интернет.
И да, дигиталната телевизија на Близо се емитува преку кристално истите кабли преку кои се емитува и аналогната телевизија на Близо, со разликата што кај дигиталната телевизија може да има повеќе канали на една иста фреквенција, додека кај аналогната телевизија може да има само еден канал на една иста фреквенција и да не заборавиме, кај дигиталната телевизија, сигналот се декодира со DVB-C декодер за дигитална кабелска телевизија, односно со DVB-T или DVB-T2 декодер за дигитална терестријална, односно дигитална земска телевизија. Сигналот е дигитално кодиран кај каналите за кои треба дополнително да се плаќа, а исто така и пристапот до канали кои се наменети за возрасни е заштитен со лозинка, која може да биде сменета или избришана по избор на корисникот.
Советот за радиодифузија на Република Македонија планира да го исклучи аналогниот сигнал во Република Македонија во јуни 2013, по што на кабелските телевизии како Близо ќе им остане да нудат само дигитална телевизија, само кабелски Интернет и само фиксна телефонија, но не и аналогна телевизија.
Ова не е радосна вест за мојот пријател кој ужива бесплатна аналогна телевизија откако стави кабелски Интернет во септември 2012, бидејќи сигурно Близо нема да му дозволат да ужива бесплатна дигитална телевизија од јуни 2012, иако мислам дека мораат да му обезбедат безусловен дигитален пристап до локалните и до националните телевизии како МРТ 1, МРТ 2, МРТ Собраниски, Сител, Канал 5 и Телма.
Но тоа и не му е некој сериозен проблем, тој си е веќе задоволен со Dreambox сателитскиот рисивер кој го користи повеќе од 2 години.
Мојот пријател исто така со обична собна антена на својот LCD телевизор кој има DVB-C и DVB-T2 декодер веќе го фаќа безжичниот дигитален сигнал на Боом ТВ иако не е нивни корисник и на дигитална фреквенција ги гледа националните телевизии чијшто сигнал Боом ТВ го емитува бесплатно и безусловно, бидејќи се национални телевизии и ги гледа во стакло слика, а претпоставувам дека истото мора да важи и за Близо, а гледам не го дозволуваат тоа, користам нивна дигитална телевизија и се обидов да фатам дигитален сигнал преку мојот LCD телевизор кој исто така има DVB-C и DVB-T2 декодер и не фатив никаков сигнал, а мислам дека тоа е незаконски, барем за МРТ 1, МРТ 2 и МРТ Собраниски за кои плаќаме радиодифузна такса, пристапот мора да биде бесплатен и безусловен на целата територија на Република Македонија, барем на хартија е така, а тоа што се случува во пракса е друга приказна.