Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.316
Не знам која западноевропска држава функционира така. Големите западноевропски држави имаат отворено дисперзирани одделенија на министерствата чиј што центар по правило се наоѓа во главниот град. Во секој регион по едно. Со Македонија проблемот е што е премала за да биде поделена по региони. Отварање на регионални преставништва би било самоубиство (финансиско) за државава.

Е сега, дали сите министерства мора да бидат во центарот на главниот град, дали може да бидат во периферија и зошто не се градат други сообраќајници, се други прашања, многу посуштински од дисперзирање на централната власт.

Притоа, кога пишувам главниот град, не тврдам дека тоа мора да биде Скопје. Доколку е попрактично, може некој друг град да биде нов административен центар. Ама тоа мора да биде еден град, не може да бидат градови.
Нека е така само што имав искуства со различни дирекции, бордови и јп во некои европски земји. Точно, постојат и недостатоци, што е нормално во вакви процеси. Реформите на јавна администрација не се состојат само во отпуштање или превоспитување по партиска линија. Се состојат и во (вистинска) децентрализација на сервисите и физичка реалокација. Со ваква политика на демографско и економско запустување на цели региони владата не прави ништо подобро од она за кое е критикуван Тито и КПЈ со руралните области. Постојат низа добри и лоши искуства. Како пример во предградие на Сиднеј, со реалокација на една агенција, со секое едно државно раб. место отворени се две приватни.
Кои министерства и агенции во УК се дисперзирани? Кое министерство во УК нема седиште во Лондон?
збориме за различни работи. Седиштето не значи дека агенциите и службите на тоа министерство се исклучиво во таа зграда и не значи дека сервисите и ингеренциите за кои е надлежно мора да се сконцентрирани на министерскиот кабинет. Постојат голем број буџетски служби, не се исклучиво министерствата во прашање, ниту цели министерства.

Но темата не е за реформи на влада па да не идеме офтопик, а и не сум многу запознат со децентрализација, може да се најде по нет за државни тела и агенции низ светот како и анализи, нешто кое нам многу ни недостасува пред да градиме вакви мегаломански проекти.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.585
Поени од реакции
22.303
За министерствата можеби попрактично е да се сите во главниот град но тие не мора да бидат еден до друг. Но другите државни институции не мора да се баш во главниот град и можат да се распределат малце низ државата, ќе земам пример Германија. Министерствата се скоро сите од Бон вон Берлин преселени. Но уставниот суд на пример е во Карлсрухе, Народната Банка во Франкфурт, многу административни центри се сеуште во Бон и таму ќе останат. Еве сами видете како се поразделени во државата:http://de.wikipedia.org/wiki/Liste_der_deutschen_Bundesbehörden
Само една работа не ми е јасна во Македонија: Зошто за многу работи ја морам да одам во Скопје? Најнов пример еден другар што зема А-стипендија мора лично во Скопје да ги предаде документите за да се продолжи стипендијата, до душа можеби не мора тој лично да оди но таму треба да се предадат. Оти тоа не може да го направи во неговиот град? И за многу други работи исти пример. Ја за никоја работа не су морал досега да одам во Бон или Берлин, оти тоа во Македонија не може да профункционира?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
збориме за различни работи. Седиштето не значи дека агенциите и службите на тоа министерство се исклучиво во таа зграда и не значи дека сервисите и ингеренциите за кои е надлежно мора да се сконцентрирани на министерскиот кабинет. Постојат голем број буџетски служби, не се исклучиво министерствата во прашање, ниту цели министерства.

Но темата не е за реформи на влада па да не идеме офтопик, а и не сум многу запознат со децентрализација, може да се најде по нет за државни тела и агенции низ светот како и анализи, нешто кое нам многу ни недостасува пред да градиме вакви мегаломански проекти.
Тоа второто се нарекува децентрализација на власта. Никој не спори дека тоа ни треба. Се е подготвено за тоа, треба само општините да напредуваат во наредните фази и да си ги допреземат ингеренциите. Првичното прашање што ја отвори оваа дискусија беше реалоцирање на седиштата на министерствата во различни градови. За тоа спорев, не за децентрализација на ингеренциите.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

Во една друга тема дадов пример.Jobcentre седиштето се наоѓа во Глазгов, National Insurance седиштето е во Њукасл, итн. Тоа ти се огромни државни агенции кои не се базирани во Лондон, ама нормално си имаат испостави во Лондон и во цела УК. Например, кога јас требаше да завршам работа во овие две агенции, не одев до Глазгов или до Њукасл, све се завршува онлине или преку пошта.Кога имав проблем со една апликација дури ми пратија писмо назад со друго помало писмо во него, со платена поштарина, само да им го пратам потребниот документ, без да се изложувам на трошоци. :)
Муабетот ми е, замисли колку ќе живне некој град во МКД, кога ќе донесеш во него 5.000 администрација, која ќе троши пари во тој град.
Како што спомна некој погоре, едно административно место отвара две приватни работни места.
 
И кај нас го има ова со писмава. :vozbud: Ама може со месеци да си препраќаме писма и пак да не завршиме работа, ако не отидеме лично. Верувам дека во УК тоа е поразлично. Инаку, кога зборуваме за административците, факт е дека во најголем дел се луѓе што по секоја цена би живееле во Скопје и ако ги преселиш принудно тоа би влијаело врз нивната и онака очајна продуктивност.

Градовите во Македонија ќе живнат ако имаат добри градоначалници (многу го потценуваме тој дел, а Струмица е добар пример што значи способен градоначалник) и почнат директно да соработуваат со странство на ниво на меѓуопштинска соработка и поврзување на луѓето (примери Струмица, Гевгелија, Тетово, Битола...). Тогаш потребата од поголема администрација и нови регионални центри ќе дојде сама по себе и никој од Скопје нема да може да ја игнорира. Ако уште чекаме на централната власт со некакво преместување на фигури да ги развива регионите (како што сме чекале во Југославија, но Југославија била многу побогата држава) ќе се изначекаме. :)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Како што спомна некој погоре, едно административно место отвара две приватни работни места.
Да не си се збунил нешто? Едно административно место затвора 2 приватни работни места да не е така. Од кај ги добуваат парите административците?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Да не си се збунил нешто? Едно административно место затвора 2 приватни работни места да не е така. Од кај ги добуваат парите административците?
Ај да ти нацртам.Носам јас зграда полна со 1.000 административци во некое мало гратче.И сега околу таа зграда ќе никнат уште 50 помали фирмичиња кои ќе ги опслужуваат нив.Кафиќи, сендвичари, ресторани, бутици, туристички агенции, итн.Секој од тие 1.000 ќе остава минимум 200 евра во малото гратче.Тоа ти е нешто како да дојде странска компанија во МКД, така ќе се осети во економијата и во животот на малото гратче.

Да не одиме многу офтопик.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Прво зборите за различни работи.

Второ а парите за плата на административците кој ќе ја заработи за да ја плати од даноци?

Да се префрлат министерствата во различни градови е сосема разумна работа.Јас на пример би направил сите амбасади да мора да се во Битола и таму да е Министерство за Надворешни работи.Таков чин би значело дека во Битола би имало неколку стотини странци кои секој месец ќе оставаат добар дел од платата во градот.Истото би се случило и ако Кирил и Методиј се префрли комплетно во Штип и со тоа добијат неколку десетици илјади студенти да ги фрлаат парите секој месец во Штип.

Али сепак останува фактот дека 70‘% од државна администрација мора да лета од работа, дека најголем дел од министерствата и агенциите треба да бидат затворени,долгот вратен а буџетот скратен за 50% а со тоа и даноците.

Префрлање на непотребни министерства од еден град во друг е чиста глупост.

.
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Ми е криво што не сите односно поголемиот дел од народот во Македонија немал можност да ја напушти државава и да отиде малце надвор да види како е па тогаш можеби ќе разберат колку е жално,безвкусно,кичозно,арогантно...сето ова што му се случува на Скопје со проектов.
 
B

BBlisto

Гостин

Што има врска Кирил и Методиј со Штип???
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Што има врска Кирил и Методиј со Штип???
Да се направи Штип универзитетски град со единствен универзитет а Кирил и Методиј да се затвори.Не разбирам тука што е толку нејасно.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Да се направи Штип универзитетски град со единствен универзитет а Кирил и Методиј да се затвори.Не разбирам тука што е толку нејасно.
Не прави екскурзија на мозок. Кирил и Методиј е најстар универзитет над 80 год. работи. Си има своја историја во Скопје исто како Струшките вечери на поезијата да се префрлат у Куманово,глупост невидена. А Скопје би бил можеби единствен главен град без универзитет.
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 13:49 ---
Ми е криво што не сите односно поголемиот дел од народот во Македонија немал можност да ја напушти државава и да отиде малце надвор да види како е па тогаш можеби ќе разберат колку е жално,безвкусно,кичозно,арогантно...сето ова што му се случува на Скопје со проектов.
Сигурно,тие 50% што гласале за во анкетава никогаш не излегле од нива и не собуле опинци,а другите против се нашетани. (y)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да се направи Штип универзитетски град со единствен универзитет а Кирил и Методиј да се затвори.Не разбирам тука што е толку нејасно.

Во Штип се отвори универзитет Гоце Делчев
 
B

BBlisto

Гостин
Да се направи Штип универзитетски град со единствен универзитет а Кирил и Методиј да се затвори.Не разбирам тука што е толку нејасно.
Кирил и Методиј како универзитет во Скопје постои повеќе од 60 години...Универзитетски град не се прави преку ноќ...За голем универзитет како УКИМ потребни се добро опремени згради, со предавални, и секако лаборатории...Да не зборам за студентски домови...Штип едноставно го нема тој капацитет...Каде ќе ги смести тие +50000 студенти ако дојдат?
Јас сум за развивање на сите градови во Македонија и да не е се само во Скопје, ама за такво нешто потребно е да се направи долгорочен план, а не само да ги префрламе сите институции од Скопје во другите градови...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom