Работи од минатото

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Во времето на Пони точаците:


Одеднаш станав највечи фраер у маало:



Моите мораа да го отплаќаат чудово на неколку рати :pos:
Ама вредеше за секоја пара и за сите полесни и потешки повреди заработени од истиот, посебно откако останав без кочници.

Потоа, првите чекори во криминалот: крадење пченки. Малку работи се поубави од колективно печење украдени пченки навечер, на „скришно место“. Нормално понатаму приказната преминува во организиран криминал, отсек сливи и цреши, за кои се потребни неколку другари на клучни стратешки позиции и по можност оштетената странка да има преку 80 години. Времиња...

Фудбал на мали голчиња додека не се стемни и кавги од типиот „гол-беше-не-беше-темно-е-не-се-гледа-ќор-си-оди-на-очно“.

Чунга лунга.

Глупавата направа за клучеви со аларм кој се активира на свирка. 8 мелодии кои сите ги знаевме на памет.

Тетрис.

Флипери. Денешно Маме 32. Маме му хебам - 365 (дена во годината) x 50 (денари, минимум) x 10 (години) = 182 500 денари.

Рингишпил. Количиња.

Сладолед на стапче, 10 динари. Лимонада или боза, 10 динари.

Видеотеки, Холивудска Б-продукција, Американ Нинџа со Мајкл Дудиков и Изгубени во акција со Чак Норис, најголеми хитови!

Еди Марфи, комичар број 1 каков што не се родил и нема да се роди (жими тебе).

Ганс енд Роузис или Њу Кидс он д Блок?

Хеви Метал маици и тексас јакни со ХМ стикери. Задолжително глупа фризура.

Локално навивачко дерби.

Патики со Барт Симпсон.

Токи - воки.

Бумеранг.

Вистинска фудбалска топка, црно-бела.

Не љути се човече. Шах направен во КПД Идризово, на преклоп.

Ена Веко.

Меморија!

Серва.

Шетање по кеј со пуканки.

Пеперминт.

Билијард.

Телефонски разговори без престан...

Неисцрпна тема... :)
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Еве ја роденденската насловна од Илустиран Забавник (излегуваше кратко во '95 и '96, како српскиот Политикин Забавник беше):
Untitled5.png


Еве еден споменар:
Untitled6.png


И еве го Кис чоколатцето:
Untitled7.png
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
SmoothCriminal пеер, Камче беше ултимејт трол во тоа време. НА далечно второ место беше Гале. Се сеќаам во списанието, мама му ебам ми го затворија. Сеа едино Политикиниот сеуште го зимам. Колку се` работеше на црно, на шумгнување. Ама функционираше.
Io Sono Interista за понито уште ми стои дома, сега префарбано во бела боја. Се сеќаам татко ми ми раскажуеше го купи со 2 негови плати (крај на 70тите). Шо муки има претрпено тој точак. И уште вози. ОСим ланец и боја друго е у топ состојба,
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
SmoothCriminal пеер, Камче беше ултимејт трол во тоа време. НА далечно второ место беше Гале. Се сеќаам во списанието, мама му ебам ми го затворија. Сеа едино Политикиниот сеуште го зимам. Колку се` работеше на црно, на шумгнување. Ама функционираше.
Не сум машко за да сум пеер, ама ај. :D

Одлични беа стриповите, и Изногуд го имаше. Мене ми се допаѓаа научно-фантастичните раскази. Ги чував сите што ги имав купено до пред 5 години, па ги скенирав за да можам да ги фрлам без да ми е жал. Се разочарав многу кога престана да излегува.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Ми текна на легендарните Рум штангли од Европа и чоколадото на рефус кое мислам дека за жал го нема веќе.



А да ве поздрави и Чоколокум
Уште ги има :D
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
после 10 години на темава кога ќе пишуваат:


ви текнува на серијава колку забегана беше? хахах(y)


е ова беше филмиште :vozbud:



на овој филм колку сум плачел/а :гик:



а ви текнува на овај? толку беше исполнет со емоции......

ах времиња........


стварно што ќе пишуваат денешниве деца на вакви теми? работи од минатото?
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
стварно што ќе пишуваат денешниве деца на вакви теми? работи од минатото?
Ќе постираат screen shots од кантер, дота, слики од првиот Iphone, Ipad, Ipod, серии од типот на тие што ти ги наведе плус Долина на волците, Езел, Кога лисјата паѓаат, Ифет или што ти ја знам уште колку ги има... и секако ќе си се присетат колку им било исполнето детството... :noze:
Едит: да се надополнам, ќе мислат дека 1001 ноќ е всушност серијата за Шехерезад и Онур (n)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204


Степ сокчиња, за 10 денари пакетче раствараш 2 литри :D
Додуша повеќе ја лижевме шмркавме правта него што растваравме. So hardcore :D
Кој победеше на фудбал добиваше 2-3-4 степа од поразените :pos:

Ко почнавме веќе со благо и храна


Строго од Европа


Пљус

Oва :нинџ:

Првиот хорор :D И серија

Млеко во најлон, го носеа во пластични гајби.Цел пат од продавница до дома гледаш да не е дупнато негде :icon_lol: ИМБ беше бел најлон со зелени и портокалови линии, Охридското бело со плаво ...

На почетокот

После повредени екстремитети, излупени колена и скршени заби.Ама и школо за штедење дури ги купиш :)
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
Строго од Европа

......
Млеко во најлон, го носеа во пластични гајби.Цел пат од продавница до дома гледаш да не е дупнато негде :icon_lol: ИМБ беше бел најлон со зелени и портокалови линии, Охридското бело со плаво ...

Млекото беше сино со бело, а јогуртот црвено со бело. Ама то не беше јогурт туку беше вода бела. Охридско млеко излезе покасно, првин беше само скопска млекара, после дојде и битолска млекара, а после и во секоја маала пекара и млекара.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Млекото беше сино со бело, а јогуртот црвено со бело. Ама то не беше јогурт туку беше вода бела. Охридско млеко излезе покасно, првин беше само скопска млекара, после дојде и битолска млекара, а после и во секоја маала пекара и млекара.
Скопско млеко беше исто плаво, имаше и струшко едно време и сите беа исти шаблон како некое јајце хоризонтално само различна боја :pos:
Ова со пекариве ме потсети ко почнаа во секоја населба ‘фабрики за сок‘, т.е. сокари.Мешај дома во кадата смеса и после 25 денари кола, 20 оранж во стакло од литар.Имаме стекнато ептен имунитет :D
Уште се печатат и се користат.Боенка 4 годишни времиња :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom