Колку сте високи колку сте тешки? Проблеми, ситуации?

  • Креатор на темата Креатор на темата Solider
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам да се правам паметен на темава, оти и моите сознанија не се толку опширни за да држам лекции некому.

За да го завршам муабетов, кој веќе личи на „мерење“, ќе речам само дека балансот (на енергија, ако сакаш) во еден организам не зависи само и исклучиво од „внатрешните“ (генетска детерминираност, хормонален статус, базален метаболизам итн.), ниту само и исклучиво од „надворешните“ (физички напор, климатски услови итн.), ниту само од метаболичките фактори (стимулации и инхибиции), ниту од биомеханичките фактори....

Можеби најдобро би било да се рече дека енергетскиот баланс зависи од сите набројани и од мноштво други ненанбројани фактори (сигнални патишта на молекуларно ниво чија активација или инхибиција се поврзува и со надворешни и со внатрешни фактори, но сеуште не се доволно објаснети или сфатени)....

затоа, да тврдиш дека со дигање товар во пубертет се станува повисок е премногу еднострано и незасновано тврдење, или во најмала рака е површно.
Тоа што се земаш себеси како критериум е аналогно на "рецептите“ на @BlackGuard;.

Поздрав
Се е битно не можам да кажам дека само тренингот со тежини е добар за раст.Тој помага како секој спорт.Ако се користи како што треба сигурно секој би бил задоволен од резултати.Но секогаш има луѓе што не знаат што сакаат и која им е целта во теретаната и никогаш немаат никакви резултати.
 
183цм висок, 100кг тежок. Не сум нешто многу дебел, освен пивсково стомаче. :) Луѓе ме гледаат и не им се верува дека имам 100че, уопште не изгледам за толку. А кога имав 80кг бев коски и кожа, ваљда имам и тешки коски. :)

Немам некои посебни проблеми, освен стомаков што ми тежи додека трчам. :) А го имам намалено доста последниве 2 месеца колку што вежбам активно. Цел ми е колку што можам повеќе да намалам body fat, а да зголемам мускулна маса. Тежината да остане иста, евентуално да се симне до 95кг, али не се замарам толку. Не знам колку ќе успеам, али битно се трудам. (y)
 
Имам проблем со килажата,ептен се исушив,давајте лек освен јади се и сешто. Јадам се,и не е тоа тоа,сепак немам преголем апетит да се нашибам пола векна леб и 2 паштети :D

Некои апови има ли да ме разведрат малце,и во фацата сум шмркнат :icon_lol:
 
Имам проблем со килажата,ептен се исушив,давајте лек освен јади се и сешто. Јадам се,и не е тоа тоа,сепак немам преголем апетит да се нашибам пола векна леб и 2 паштети :D

Некои апови има ли да ме разведрат малце,и во фацата сум шмркнат :icon_lol:
Почни да одиш во теретана, јас бев 70 кила, од 2 месеца одење во теретана сега сум 82. Или општо вежбај нешто, после тоа само ќе те тера на јадење.
 
Почни да одиш во теретана, јас бев 70 кила, од 2 месеца одење во теретана сега сум 82. Или општо вежбај нешто, после тоа само ќе те тера на јадење.

Одев 4 месеци константно,добив некоја нормална градба,се исправив (ептен бев искривен) градниот кош доби некоја нормална форма,стомакот го израмнив,АМА изгледа претерав малце со трчењето и слабо јадење,ептен ослабнав.

Сеа пак сакам да одам во теретана,ама што како да правам не сакам да слабеам у пм,што побрзо може да се поправам да заличам на човек. :)
 
Имам проблем со килажата,ептен се исушив,давајте лек освен јади се и сешто. Јадам се,и не е тоа тоа,сепак немам преголем апетит да се нашибам пола векна леб и 2 паштети :D

Некои апови има ли да ме разведрат малце,и во фацата сум шмркнат :icon_lol:

Вежбање, плус здрава исхрана со добра диета. Ќе комбинираш различни јадења кои содржат јагленхидрати и протеини и можеш додатно да си земеш и некој гејнер да ти помогне со килажата. Од јадење обично се прави шема на исхрана, се јадат тестенини, варен зеленчук компир, ориз, телешко и пилешко месо, тестенини, јајца кои содржат тоа што е потребно инаку многу секако зависи и поттикнувањето на мускулите и нивниот развој, со правилен режим на исхрана ќе потикнеш раст на мускули заедно со вежбањето, избегнувај прженици и фаст фуд посебно никако, збориме за мускулна маса и качување на килажа со мускулна маса а не сало. Секако мора многу да се вежба. Режим на исхрана може да ти дадат таму кај што ќе одиш или да најдеш на низ нет како да ги комбинираш овие јадења обично се внесуваат по помалку но повеќе пати во денот да речеме по 5-6 оброци со тоа метаболизмот ќе го поттикнеш да не согорува бргу. Секако на крајот многу зависи генетска предиспозиција и тип на тело кај некои е тешко да качат килажа значи сало а не па мускулна маса исто како што некој не може да симне килажа. Се во свое време само ваков режим си бара упорност со месеци и доста средства за храна и големи амбиции да постигнеш.
 
15 год сум 178 висок и 58 кила тежок.таман е или треба да зголемам килажа?
 
175 со 67.Шо значи несекси:D
Идеална бев со 58-60 кила,ама стресови,оставање на цигари и ете ме со 7+
Ама не ми оди ова диетава никако,камо да се ослабуваше така лесно како што се здебелуваше..(n)
 
Идеал во статуите на склупторите во античка Грција.
102 кг и 182 цм не се гледа дека сум толку :)
 
имам 20 години 180висок и 64кг како да качам некое килце кажете нешто за апетит ? :unsure:
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 02:20 ---
имам 20 години 180висок и 64кг како да качам некое килце кажете нешто за апетит ? :unsure:
 
имам 20 години 180висок и 64кг како да качам некое килце кажете нешто за апетит ? :unsure:
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 02:20 ---
имам 20 години 180висок и 64кг како да качам некое килце кажете нешто за апетит ? :unsure:

imaj dorucek,vtor dorucek,rucek,vecera,vtora vecera i ke kacis nemas gajle :)
 
Висина-187,пред летово тежев 98 кг,после три месеци секојдневно маратонско трчање на кеј клизнав на 86.На почетокот бев задоволен од успехот,и тоа премногу но луѓето почнаа да го критикуваат мојот нов изглед,ме прашуваа дали сум болен,дури мислам дека и си мислеа дека се дрогирам и слично:) И навистина,изгледав премногу слабо,едноставно не ми стоеше таа килажа па почнав како луд да јадам за да повратам некое кило,но залудно.Едноставно,не можев да качам ни едно кило па можеби некои 3 месеци иако јадев се и сешто.Средината на ноември почнав да одам во теретана и лека полека стигнав до 94 кг моментално,планирам да одам до април до некои си 100 кг,ако е можно за толку краток рок а потоа пак планирам да почнам со кардио и овојпат поучен од минатото лето со средена исхрана,па да останат и малку мускули,да не изгледам како некој од Етиопија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom