Хммм, да, се‘ е докажано, ама ете, имало и различни мислења, кои нели, не можат (и не смеат!) да влијаат на почетно поставените докажувања, оти тешко на тие поединци, кои ќе се дрзнат барем да се посомневаат во веќе „докажаните„ научни вистини, а кои (вистини..), нели, ни оддалеку не се догми, ама во кои никој не смее да се посомнеава!
Брат....
Значи милијарда пати ти е објаснувано од не знам колку само форумџии овде како нешто се докажува, претпоставува, што е докажување, претпоставка, теорија, хипотеза, и сл исл..И не знам зошто имаш потреба така дефетистички да ги испревртуваш нештата?!
Ако си толку памете, и толку многу знаеш што како се настанало, изволте брат, напиши книга, заработувај со неа, па брани ја таа твоја „хипотеза“ пред домашната и странската научна фела..
Извини, али се знае како и зошто се пишува дека 2+2=4...
А ако ти се „сомневаш“ во тоа, тогаш, изволте образложи...
Исто како што „сомневаш“ и во тоа како си ти лично настанат (роден), зошто старееш, зошто си се родил као машко, а не како женско, зошто имаш брадавици, слепо црево, долга седа коса, брада и мустаќии сл исл.. Така да ако мислиш дека има поинаква вистина за сево ова наброено, од онаа што светот денес го знае, изволте изнеси ја.. али не овде, да те видиме на ТВ со научници како полемизираш!

..
MEDDLE,
не си го арчи денот со мене, во докажувања и покажувања, кои ги сторил „некои и некаде„ а кои (докажувања) Тебе лично, не Ти се достапни за проверка, а во кои, убеден сум, веруваш, оти ништо друго и не Ти преостанува...Она кое самиот не можеш да го провериш, останува во истото само да веруваш!
Ми се арчи.... имам слободно време и сакам ти да ми го пополниш...
Добро ти оди...
И не се нервирај, што си запнал на лична основа?
П.С. патем речено, сите тие нешта се достапни на интернет денес и во библиотеките.. така да само треба да кликнеш, или да се зачлениш во библиотека. .ама кој да клика и чита.. нели?
Но!
Ако верните веруваат во нештата кои самите не можат да ги проверат во потполност, тогаш верните се во заблуда! Така!?
Патем, повеќе пати имам напишано дека Црквата има свои вистини, кои не се од овој и за овој Свет, за разлика од науките, кои имаат свои, а кои се од овој и за овој Свет и кои, историски, гледано, се минливи и менливи, зависно од светогледот на кој му припаѓаат.
Па кажи ги тие вистини, па да знаеме т.е. продискутираме дали си ти во заблуда, во што си во заблуда или пак не си?! Ки знај!
Патем, да во заблуда се, но не Верните, туку верниците... да бидеш Верен е едно, а да си Верник е сосема друо... И јас сум верен на „девојка ми“, но не сум нејзин Верник.... (како бе така ги мешаш работиве не ми е јасно?!)
Што се однесува до мерните методи, со користење на одреден хемиски елемент, и тие методи се несигурни, оти претпочитаат одредени почетни услови, кои (услови) се само теоретски земени како почетни, но е и проверливи...Земјава, имено, тековно не е во иста состојба како пред 3, 5 или 1000 години, а тие почетно потребни услови, подразбираат Земја која е во секој момент слична на самата себе.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 12:15 ---
Е како несигурни, а еве со нив можат да одредат старост на фосилни остатоци?!
Ако се теоретски земени како почетни, но не и проверливи, како бре мерат со нив?! Значи не се теоретски почетни (иако не знам што јеботе ти значи тоа)!

Да, не е „иста“ ко пред 3.5 или 1000 години, точно, али ти пишува таму на линковите како тоа се одредува од кое доба се тие фосили... читај, неам намера сеа пак копи пејст да ти правам.. штом дискутираш за нив, значи си ги прочитал добро и ги знаеш мааните на тие „мерни методи“.. ајде објасни ги убаво, оти гледам дека „добро си запознаен со истите“.. бидејќи јас не знам дека маани постојат...
Она што мене, па и на Црквата, ни‘ пречи, тоа е ситуацијата во која лагите се наметнуваат како „докажана„ и безалтернативна вистина, која е монополизирана и медиумски и преку образовниот систем, кои не допуштаат сомнежи во таквиот тип вистини! Бог и Црквата се отстранети и од медиумите и од образованието, па кој може сега да ни‘ става сопки, така!?
Ајде бе! А во што треба да се сомневаат за таквиот тип на вистини? На кој начин треба сето тоа поинаку да се докаже, и каква вистина трба да се покаже?
Впрочем си има бе научници кои што работат на се што денес се истражува, пронаоѓа.. така да светот се менува и движи напред.. нормално. па така се востановуваат и нови научни постулати, преку размислување, сомневање, мерење, предмерување, опити праење, експериментирање.. Или тоа нешто не чини?
Случајот на плоштадот, каде група студенти од „архитектонски„ излегоа и кои ѓоамити „спонтано„ демонстрираа против градењето црковен храм до плоштадот, е само уште еден Богоборечки чин, кој е иссцениран не од самите студенти, туку од нивните професори од факултетот, кои во добар дел се членови на СДС, како проверено комуњарска партија, која по инерција од СКМ, не верува во Бог!...Студентите кои наводно беа скршени од ќотек, имаа „блиска„ средба не со верните од Црквата, туку со насилници од партијата на власт....
Ај ај. сеа забегуваш на политика.. друго ми беше муабетот тука.. шо мешаш СДС, и такви бакрачи.. ќе ти стегнам бан.. овде се збори за религија, не за политика..
Еј иначе ќе забораев!
Пред некој ден овој човек Феликс Баумгартнер
http://www.space.com/17923-supersonic-skydive-space-jump-explained-infographic.html
скокна од работ на атмосферата од нашата планета и вселената, и успешно со падобран се спушти на Земјата..
Како тој ја гледал планетата Земја одозгора,што мислиш? Патем момакот се сликал...замисли..