Зошто Македонците знаат српски, а Србите не знаат македонски?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Јас со србите зборувам на Српски со Хрватите на Хрватски дури и на бугарите им уфрлувам некој бугарски збор бидејќи и тие имаат проблеми да разберат Македонски баш добро. Ако го знам јазикот го зборувам дури и Албански нешто знам ми се наоѓа за на пазар.
Немам проблеми да зборувам туѓ јазик барем колку што го знам а мислам дека знам релативно добро...ама ако просерат нешто веднаш добиваат соодветен одговор.
Попрактично е ако го знаеш јазикот да го зборуваш подобро се разбира и оди муабетот.
 
Не туку трескајте зелени....Како што кажаа и некој погоре,во бившата ни наша држава СФРЈ официјален и службен јазик беше српско-хрватски и поради тоа мораше да се изучува во секоја република уште од најмала возраст ,додека останатите јазици од народите на СФРЈ можеа да се изучуваат факултативно и незадолжително и аналогно на тоа ниту еден србин,хрват,словенец....не беше будала да се мачи и да го изучува на пример македонскиот јазик.Како резултат на тоа е денешната ситуација, која патем не е само денешна туку си постоеше уште во тоа време,е да ние македонците како и словенците многу добро го разбираме и зборуваме српско-хрватскиот јазик што пак не е случај со србите,хрватите....кога се во прашање македонскиот,словенскиот јазик.
....и се разбира големо влијание имаат и медиумите,но основата на овој ''проблем'' е погоре напишаното.
 
Пцуењето им е на прво место нив, нема јазик во светот кој би го заменил српскиот во пцуење :D
 
А па еден “српски“ што зборуваат нашиве, гледале 2-3 српски серии и мислат дека знаат течно да го говорат. Сигурно на србите им звучат ко браќава што ни звучат на нас кога зборуваат македонски :icon_lol:
 
Пра Баба ми зборува само српски....92 години одкоа е родена,само српски и српски,додека другата страна од семејството што потекнува од Србија,пак зборуваат македонски..
 
Не разбирам српски, а сите срби со кои сум правел муабет разбирале македонски.

Разбирале, ама никој не збори. Се кријат најверојатно. Јас строго на македонски си зборам во Србија. Ако не ме разберат нивни проблем.
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 23:54 ---
Јазикот пола со србизми ни е..... :facepalm::facepalm:
 
Русите не разбираат украински, белоруски или литвански, но поголемиот дел од населението во овие земји знае руски. Исти случај и во бивша Југа, народите се блиски, поголемиот има поголемо влијание врз помалите . Да е Мкд. јака земја да напраи добри филмови, музика, телевизии, веројатно би имала далеку поголемо јазично влијание врз останатите словенски блиски народи...
Најлошо од се е тоа што некои мислат дека ако зборуваш на друг јазик се понижуваш самиот себе. само затоа што и тој не знаел твојот. По ова можеме да закличиме дека ние како држава сме многу лесно подложни на влијанија и пропаганди, кои имаат за цел да ни претстават некои соседни наоди како супериорни во однос на нас. И оваа тема е производ на тие процеси, не само од север, туку и од исток и југ.
 
Не туку трескајте зелени....Како што кажаа и некој погоре,во бившата ни наша држава СФРЈ официјален и службен јазик беше српско-хрватски и поради тоа мораше да се изучува во секоја република уште од најмала возраст ,додека останатите јазици од народите на СФРЈ можеа да се изучуваат факултативно и незадолжително и аналогно на тоа ниту еден србин,хрват,словенец....не беше будала да се мачи и да го изучува на пример македонскиот јазик.Како резултат на тоа е денешната ситуација, која патем не е само денешна туку си постоеше уште во тоа време,е да ние македонците како и словенците многу добро го разбираме и зборуваме српско-хрватскиот јазик што пак не е случај со србите,хрватите....кога се во прашање македонскиот,словенскиот јазик.
....и се разбира големо влијание имаат и медиумите,но основата на овој ''проблем'' е погоре напишаното.
изгледа ти најмногу трескаш зелени...
во таа твоја некогашна СФРЈ немаше официјален и службен јазик,имаше три јазици и тоа македонски,словенски и српско-хрватски
 
Во моментов татко ми гледа вести на РТС. Немам што повеќе да додадам. Уникатен народ сме

Татко ми па се буди у 5,а од 6 до 7 гледа ''јутарње програме хало хало''. На прашање зашто бе...србите се боље нашиве глупости даваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom