Абе луѓе имаше ли некој од вас у Капан ан на журчето бе?
Ај ја да ја отворам темава и да искоментирам околу тоа
Хипхоплетика отворија и искрено многу лошо звучеа и озвучувањето беше крш ама подоцна се опраи ситуацијата и следуваа многу интересни настапчиња.
Титаниум ми направија голем кејф,прв пат ги слушав во живо и беа одлични но исто така молам да ги пофалам и Авторизација и Пикси кој со Овчеполста го полуде цел Капан Ан.
Ако морам да издвојам најдобар настап на вечерта тогаш тоа ќе бидат Zile i Vali значи секоја чест
Каков уникатен и интересен стил си држат алал да им е,во живо многу е мерачки да ги слушаш.
Исто така Дудо и Кртот правеа растур на крај и настапија последни ама не ги дослушавме до крај,моравме да одиме но можам да кажам дека Дудо е луд а Кртот брмчи ко трактор
Исто така тука беа и кумановците Подземан Ефект и многу луѓе се жалеа дека стилот им е монотон и дека се досадни но јас си уживав,дечките држат ист стил цело време и се за респект,секоја песна им е добро смислена.
Не ми текнува дали имаше уште некои но мислам дека тоа е тоа,се на се добра журка и одличен провод