Извини дотична ама според мене па ти трескаш глупости и што праиме сеа.
Не ги мешам поимите и точно знам што е што.
Јас трескам глупости?
Еве што тврдиш ти:
Брак=Семејство =родители+дете/ца
Фамилија = самохрана мајка /самохран татко + деца (ова е од другата тема и искрено уште не можам да се изначудам како може возрасен човек да тврди ваква глупост).
Јас ти постирав членови од законот за брак и семејство кои ги негираат твоиве небулози.
А штом упорно тврдиш дека твоите дефиниции се правилни, повели па постирај докази за тоа.
Ако сакаш да дискутираме за брак и семејство, мора прво да ги дефинираме тие поими. Јас не планирам да дебатирам со некој што не знае што е брак, а што семејство.
Семејсто е по сите дефиниции составено од родители и деца.
Токму така. Само заборави да напоменеш дека е тотално ирелевантно дали родителите се во брак. Семејство може да постои и без брак.
Уште еднаш, твојата теза дека брак=семејство паѓа во вода.
Бракот како институција е пожелен и добредојден единствено кога се во прашање децата. За сите останати форми на заедничко живеење според мене нема потреба од брак.
Брачните и вонбрачните деца се комплетно изедначени пред законот и ги имаат потполно истите законски права и привилегии. Да ти објаснам попластично, ако ти си во брак и имаш деца а во меѓувреме и склепаш дете на швалерката, тоа вонбрачно дете ќе ги има истите права како и децата родени во брак. Бракот не менува ништо во однос на детските права, правата си се исти без разлика дали родителите на детето се во брак, разведени или никогаш не стапиле во брак.Оттаму паѓа во вода твојата теза дека дека бракот е потребен само кога има деца.
Од друга страна, вонбрачните другари не ги уживаат истите права кои ги имаат луѓето во брак. Не можат да наследат семејна пензија, не можат да бидат здравствено осигурани преку партнерот, не можат дури ни да го посетат во болница партнерот. Единствено, ако не се лажам, ги имаат истите привилегии во однос на делење на имотот во случај на развод, со тоа што треба да се мкнат по судови , до носат сведоци и да докажуваат дека живееле во вонбрачна заедница. Милион компликации кои би се можеле да се решат само со еден потпис во матично. Ете затоа и луѓето кои немаат деца без разлика дали се стрејт или геј имаат потреба од брак.
Впрочем, тоа е поентата на бракот како правна институција, да ги регулира односите меѓу мажот и жената и да ги поедностави сите тие комплицирани бирократски процедури.
Децата, како што веќе спомнав ги имаат истите права, без разлика дали се родени во брак или не.
Инаку, чисто информативно, за неупатените, да ве информирам дека дотичниот во
темата за атеистите и бракот тврдеше дека во брак не треба да стапуваат не само луѓето без деца , туку и атеистите. Само верниците требало да ја имаат таа привилегија. Пазете, зборувам за граѓански брак, склопен пред матичар, не за црковен брак.

Јас од друга страна, мислам дека во брак не треба да стапуваат луѓе кои не се способни да го разберат значењето на базични концепти, како што се бракот и семејството.