Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Ти мислиш реалноста зависи од твојата способност на замислување?
И да, overrated e, тој е тој што тресе глупости. The Grand design му е класично тресење глупости, повеќе научна фантастика него наука, склопил негови мислења сиромашно ги поткрепил со неевидентирани, чисто теоретски теории (по твојот лексикон не би требало ни теории да бидат), и оп, дошол до такви „генијални“ заклучоци дека универзумот настанал од НИШТО и отфрлил можен креатор врз база на негови супер-заклучоци и хипотези. Да го речеше некој друг непознат физичар а не Стивен Хокинг, ќе го исмеваа, ама и вака има безброј критики на негова сметка. Сака да собере поенчиња кај атеистите и да си го нахрани егото, ниско, многу ниско, го преценува премногу неговиот интелект. Далеку е Хокинг зад Ајнштајн, Бор, Шродингер, Планк и ред други во своите достигнувања, единствено што е многу експониран во голема мера ради инвалидитетот па и деца од основно знаат за тој физичарот во инвалидска количка што збори преку компјутер. Но без разлика на се, неговото мислење не игра никаква улога во прашањето повеќе од нечие друго поради тоа што е сметан за проминентен физичар кај пошироката јавност.
Одговорот на првиот дел ти нема апсолутно никаква врска со тоа што го пишав. Не се мешај кај што не ти е местото. Али ајде, ако веќе си запнал. Можеш да го замислиш тоа? Што и да е, без простор-време?


настанал од НИШТО
Потенцира дека Бог не го створил универзумот. Вика "Science does not need God".

Сака да собере поенчиња кај атеистите и да си го нахрани егото, ниско, многу ниско, го преценува премногу неговиот интелект.
Тоа е како да кажеш дека биологот се фура бидејќи работи со биологија, дека градинарот се фура бидејќи работи во градина. Уште неосновани обвинувања.


Далеку е Хокинг зад Ајнштајн, Бор, Шродингер, Планк и ред други во своите достигнувања, единствено што е многу експониран во голема мера ради инвалидитетот па и деца од основно знаат за тој физичарот во инвалидска количка што збори преку компјутер.
Но без разлика на се, неговото мислење не игра никаква улога во прашањето повеќе од нечие друго поради тоа што е сметан за проминентен физичар кај пошироката јавност.

http://en.wikipedia.org/wiki/Hawking_radiation
http://prd.aps.org/abstract/PRD/v28/i12/p2960_1
www.sciencedirect.com/science/article/pii/0370269382903732

Ај те молам...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Science does not need God = науката нема потреба од Бог

А не дека не постои.

На науката не и е потребен Бог? Иако тој од време на време и потпомага подбутнувајќи ја да не скршне ептен во погрешен правец, нејзиниот, на науката, стремеж е да го воздигне познанието до степен на осознание на Бог. Но и на Бог не му е потребна науката.

Појасно?
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Одговорот на првиот дел ти нема апсолутно никаква врска со тоа што го пишав. Не се мешај кај што не ти е местото. Али ајде, ако веќе си запнал. Можеш да го замислиш тоа? Што и да е, без простор-време?




Потенцира дека Бог не го створил универзумот. Вика "Science does not need God".



Тоа е како да кажеш дека биологот се фура бидејќи работи со биологија, дека градинарот се фура бидејќи работи во градина. Уште неосновани обвинувања.





http://en.wikipedia.org/wiki/Hawking_radiation
http://prd.aps.org/abstract/PRD/v28/i12/p2960_1
www.sciencedirect.com/science/article/pii/0370269382903732

Ај те молам...
Без разлика што можам јас, не зависи од мене реалноста ниту од тоа што можеме да замислиме. Ние не можеме да замислиме повеќе од 3 просторни димензии па излегоа којзнае колку квантни теории што предвидуваат, 7, 9, 11 димензии и тн. Плус, кој гарантира дека постои едно време и еден простор/една временска линија? Може нашиот универзум е дел од поголема структура, може има повеќе димензии. И не може да знае дали некој го створил универзумот и што би било тоа, тоа се негови неосновани и арогантни супер-заклучоци, и се нашироко оспорувани. Дали тоа би сменило или не нешто во науката е друго прашање. И не го менува фактот дека е далеку зад тие што ги спомнав само ради тоа што го теоретизирал постоењето на радијација од црните дупки, како автор го бидува, напиша неколку бестселери (y) може да е добар теоретски физичар, ама далеку од „генијалец“ каков што го претставуваат. Хокинг повеќе е медиумска фигура како Мичио Каку, само што ретко некој него го смета за еден од најдобрите физичари што постоел.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Плус, кој гарантира дека постои едно време и еден простор/една временска линија?
Не само што никој не гарантира такво нешто, туку теоријата на релативитетот го тврди токму спротивното.
Со самото тоа што времето е релативно, и тече различно за набљудувачите кој се во различни состојби како на пример мирување, движење, дејство на гравитација и слично, се потврдува дека постојат онолку временско просторни континиуми колку што постојат и набљудувачи.
 
Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Луѓе незнам зашо се замарате и расправјате дали Бог постои или не. Секој си има свое мислење и нема потреба од дискусија.
Според мене лично Господ постои,бидејки нема логика дека човекот настанал од ѕвезди или од незнам што.
Погледнете околу себе,и ќе сфатите дека се е создадено од Господ.
А сега кој Господ постои? Епа за мене лично Исус Христус. Многу чуда се дешаваат по цркви/манастири и тоа баш на празници. Има некои луѓе можат да зборуваат со светци (можеби ќе ви звучи смешно но лично јас имам видено такви луѓе).
И немам немра да докажувам дека Господ постои или пак да се расправам со Атеисти.
И можеби ќе ве навредам,но според мене само човек без мозок може да рече дека Господ не постои.
Поздрав(y)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не само што никој не гарантира такво нешто, туку теоријата на релативитетот го тврди токму спротивното.
Со самото тоа што времето е релативно, и тече различно за набљудувачите кој се во различни состојби како на пример мирување, движење, дејство на гравитација и слично, се потврдува дека постојат онолку временско просторни континиуми колку што постојат и набљудувачи.
Некој изгледа гледал фринџ вечерва :P
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 01:07 ---
И можеби ќе ве навредам,но според мене само човек без мозок може да рече дека Господ не постои.
Поздрав(y)
Истото ќе ти го кажам и јас, само човек без мозок може да рече дека бог постои.
И научи малце што е атеист. Не е оној што вели дека не постои бог.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Без разлика што можам јас, не зависи од мене реалноста ниту од тоа што можеме да замислиме. Ние не можеме да замислиме повеќе од 3 просторни димензии па излегоа којзнае колку квантни теории што предвидуваат, 7, 9, 11 димензии и тн. Плус, кој гарантира дека постои едно време и еден простор/една временска линија? Може нашиот универзум е дел од поголема структура, може има повеќе димензии. И не може да знае дали некој го створил универзумот и што би било тоа, тоа се негови неосновани и арогантни супер-заклучоци, и се нашироко оспорувани. Дали тоа би сменило или не нешто во науката е друго прашање. И не го менува фактот дека е далеку зад тие што ги спомнав само ради тоа што го теоретизирал постоењето на радијација од црните дупки, како автор го бидува, напиша неколку бестселери (y) може да е добар теоретски физичар, ама далеку од „генијалец“ каков што го претставуваат. Хокинг повеќе е медиумска фигура како Мичио Каку, само што ретко некој него го смета за еден од најдобрите физичари што постоел.
Пак не разбираш. Никој не спомна ништо со зависност на реалноста од тоа што го замислуваме. Никој. M String Theory постулира 11 компактифицирани димензии.
Тоа не е темата во моментов.
Поентата е дека упорно лупаш со глава во ѕид иако ти дадов линкови од дел од работата на Хокинг. Дали тоа има влијание на науката? -Како воопшто можеш да тврдиш дека нема?
Сите истражувања имаат свое влијание. Не постои истражување спроведено за џабе.
А ти имаш евиденција дека постои тој креатор?
Не постои нешто како најдобар физичар на светот. Не е ова натпревар.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Пак не разбираш. Никој не спомна ништо со зависност на реалноста од тоа што го замислуваме. Никој. M String Theory постулира 11 компактифицирани димензии.
Тоа не е темата во моментов.
Поентата е дека упорно лупаш со глава во ѕид иако ти дадов линкови од дел од работата на Хокинг. Дали тоа има влијание на науката? -Како воопшто можеш да тврдиш дека нема?
Сите истражувања имаат свое влијание. Не постои истражување спроведено за џабе.
А ти имаш евиденција дека постои тој креатор?
Не постои нешто како најдобар физичар на светот. Не е ова натпревар.
Ти рече не можеме да замислиме нешто без време и простор. Што мислиш каква евиденција ќе може за евентуален креатор да се најде? видео запис, ЕМ радијација? И немој да почнеш пак со научниот метод и негативна хипотеза, зошто стварно лејм изговор е во овој контекст. Не може ниту да се потврди ниту отфрли, бар не на ова ниво на науката како што препотентно го прави тоа Хокинг. Неговите тврдења имаат поткрепа колку што има библискиот бог, ако останеше доследен на твоите критериуми ќе заклучеше дека последните негови тврдења се шарлатантски и квазинаучни и се базираат на false analogy & circular logic, твоите ти омилени против аргументи кога другите овде неформално дискутираме :rolleyes:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ех бре толкава неблагодарност кон придонесот на науката:) Што ти фали тебе Мики што си седиш покрај мониторот со кафенце при рака и си правиш муабет на форум?Зарем лошо се чувствуваш?Ако за момент се најдеш загрозен себеси и твоите социјални релации,за миг можеме да се договориме и на пивце да одиме во Ајриш,нели?:)
Dictator,

комодитетот кој ни‘ го нуди и чини денешната наука, значи затапување на сето она кое ни‘ е дадено во нашата природа...

Правењето муабет на форум, гледано чисто човечки, се обичен „дијалог на глуви„ и залажување на самиот себе дека, ете, јас „као„ имам 1359 познајници преку форумов, и јас „као„ комуницирам со сите нив, ама за беља, можам никого од нив да не го познавам и лично и личносно...

Секако дека „пивските„ средби се покорисни од „комуникација„ преку „социјалните„ (читај: несоцијалните мрежи...).
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 09:17 ---
Како тоа науката предизвикала неред,војна,распад на човековата личност?Немогуќе.
Па со ваквиот Твој став, можам да заклучам дека или не живееме на иста планета или реалноста ја восприемаме на два дибидус различни начини.

Глупаво е да почнам да објаснувам за тоа како науката предизвикувала нереди и војни, која е повеќе од јасно дека денешната наука е поставена во функција на т.н. воено-индустрискиот комплекс, во функција од мрсните капиталист и во функција од болните умови, кои имаат желба и намера за неограничена контрола врз населението...
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 09:19 ---
Да,науките си имаат свои предмети на изучување и навистина ми е криво што сите ме фативте за гуша за таа реченица и ми ја сфативте буквално.Но,преку науката човекот ја запознава природата и се тоа што го опкружува,еве да ти направам ќејфот го проучува божјето дело и законитостите кои ги поставил Бог.Зарем тоа не е на некој начин проучување на самиот Творец?
Можам да се согласам со болтуваното, но денешните науки, одамна „одлепија„ од нивната првична наивност и чистота во намерите...
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 09:23 ---
Постоењето на Бог не може да се докаже,тука потполно се согласуваме.Врз основа на ова,ти не можеш да кажеш дека науката е поставена опозиционо на Бога,во никој случај.Опозиционо,можеби,кон небулозите и лагите на Христијанството,Исламот,Хиндиузмот и слично,но не и против Бог.
Денешните науки имаат монопол на вистината, особено тоа е изразено преку образовниот систем, каде денес прифатените научни „вистини„, се издигнати на ниво‘ од догми, па ај сеа некој дека се дрзне и се посомнева но нивната вистинитост!

Настрана тоа што Бог Е отстранет од образовниот систем, во името на „одовеноста„ на Црквата од државата...

Патем, науките не можат нити да писнат против религиозните учења, оти тоа се две сосема различни вистини, кои се тешко споиви: мислам на материјалноста и на духовноста.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Ти рече не можеме да замислиме нешто без време и простор. Што мислиш каква евиденција ќе може за евентуален креатор да се најде? видео запис, ЕМ радијација? И немој да почнеш пак со научниот метод и негативна хипотеза, зошто стварно лејм изговор е во овој контекст. Не може ниту да се потврди ниту отфрли, бар не на ова ниво на науката како што препотентно го прави тоа Хокинг. Неговите тврдења имаат поткрепа колку што има библискиот бог, ако останеше доследен на твоите критериуми ќе заклучеше дека последните негови тврдења се шарлатантски и квазинаучни и се базираат на false analogy & circular logic, твоите ти омилени против аргументи кога другите овде неформално дискутираме :rolleyes:
Абе не ми бегај од тема. Имаш линкови до делови од работата на Хокинг. Не станува збор за тоа дали постои креатор или не. Не извртувај.
Знаеш што е циркуларна логика?

Lucid Dreamer: Свеста постои, знаеме бидејќи сме свесни.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062

Kajgana Shop

На врв Bottom