Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Си гласав за "провинција", нормално секој би сакал да живее во својот роден град. Но читајќи ги коментарите на темава има некои работи кои стварно ме загрижуваат. Едноставно на нас Македонците, во крвта да ни е да 'рчкаме меѓу себе. Провинцијалците биле вакви, провинцијалците биле такви... Еве веќе 2 месеца живеам во Скопје, прва година сум на факултет. Да се запишав на факултет во Скопје не затоа што факултетот е во Скопје ТУКУ затоа што сметам дека тој е најдобриот факултет во Македонија. Не отидов таму заради Скопјани или за да се правам скопјанец туку за да учам. И не, не се сите провинцијалци курвчиња и сиромашни кои сакаат да останат во Скопје. Мене Скопје лично со ништо не ме привлекува, туку сум затоа што морам. За жал тажно е тоа што најверојатно ќе морам и да останам тука, затоа што работа според мојата струка во мојот град нема. Е сега неможам да ги разберам овие луѓе кои сметаат дека ако се родени во Скопје претставуваат нешто повеќе од мене. Дека јас ако сум од внатрешноста на Македонија според некои стандарди "имам помала вредност"? Неможам да ги разберам оние луѓе кои велат дека провинцијалците им го уништуваат животот... Ви ги земале работните места... Па сте се запрашале дека тоа е можеби затоа што тие се поквалитетни од вас, затоа што вложиле повеќе труд? Провинцијалците немале култура и ви го прљале градот и ги расипувале лифтовите?
Сакаш да кажеш дека благодарение на неколку луѓе даваш заклучок за илјадници?
Дека сите Скопјани се едуцирани и културни?
Едноставно од вакви коментари ми се гади, но во секој град има вакви луѓе кои сакаат да ги омаложуваат дојденците... Погоре прочитав еден коментар во кој пишуваше дека членот ги прошетал сите градови освен оние на белоглавите.... Сакаш да кажеш дека градовите како Гостивар и Тетово не се наши македонски градови и дека ние македонците што живееме тука сме "шиптаризирани"?
Јас имам другари и од Скопје и од Гостивар и од села. Со сите се однесувам исто, затоа што луѓето ги ценам според нивниот карактер и нивното однесување а не според потеклото....
 
Мене ме интересира - Кога Скопје ќе стане Шкупи, дали вакви дебати ќе се водат?
 
Темава најактуелна е деновиве гледам, некако очи боде штом отвориш форум.
Сето ова е поради тоа што некои луѓе не научиле во училиште дека сите луѓе се раѓаат со исти права, но на различно место. Можеби зборуваат поразлично, ама поради тоа што некој слуша КАКО се зборува а не ШТО, добиваат тотално погрешна претстава за тие луѓе.
Додека светот се бори со глобални проблеми, ние се караме за тоа кој повеќе фрлал ќеси од балкон и кој бил покултурен. Се гледа на форумов кој е културен, а кој не.
Ако, ние од главата си патиме.
 
во внатрешноста за 200 евра плата да им даваш среќни ќе бидат , плус таму имаат пониски трошоци за живот не троши бензин за кола за да стигне до центар, не користи струја на дрва се грее си има бавча не купува од пазарче кафичите и ресотраните се минимум дупло поефтини од Скопје тој со 200 евра таму што ќе го вработиш ќе има иста стандард со некој во Скопје што зема 300 евра ама јеби га.
http://www.stat.gov.mk/pdf/2012/2.1.12.25.pdf
A зошто им се колите на овие надвор од Скопје?Ако не користат коли зошто просек е едно возило на секој 2,5 луѓе?!
Од друга страна, користење кола во Скопје на утрински и попладневен шпиц...знак за расфрлање на народот (особено во сега ова време на штедење и поскапувања), неефикасен градски сообраќај и недоволно искористен потенцијал на истиот.Па после жалопојки дека имало метеж.Вози се со ЈСП, не со кола да креираш гужва и после да кенкаш дека тие од страна се криви.
Нејсе ова.Одам сега да си нацепам дрва од шума дури не слегле волците, па после да соберам компири од бавчата за утре за ручек, зш утре сабајле свинчето ќе го колам и цел ден ќе ми е за средување.И да продам нешо на пазар, да си имам за кафе, оти велат дека скапо било по кафичи во Охрид, поскапо и од Скопје дури...
 
Никако. Сите јаки капиталисти некако, епа капиталот нека движи природно. Ако тој пат е Р.Скопје, тогаш нека биди Р.Скопје. Нема зошто Владата да го ограничува.
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 21:36 ---

Болдираното е доказ за се поблиската нужност од ревидирање на ваквата поставеност на државните граници и реална потреба за промена на истите. Ова едноставно не функционира, Republika e Shkupit се повеќе и повеќе се оддалечува од реалноста на другите краиште на држвава.

Многу деца се раѓале заради потребата од работна сила по нивите, ништо друго. Со денешната механизација, тешко да е истата потреба. Така да не ќе да е само до селото, ама ти очигледно како некој од предодредените од уште прапра-скопско колено за наш пастир, тешко да тоа го сфатиш.
Овој е прв пост на форумот што не моѓам да го разберам а по искажаново, авторот си го оправдува никот ФАНТОМ. Мешаш бави и жаби да се менувале државни граници да не треба да ја поделиме западна Македонија на Албанија а источна Македонија на Бугарија па да биде по твој вкус. А со тоа што Скопје го нарекуваш со тоа погрдно име покажува колку искомплексиран и неререализиран човек си што пробува да лечи комплекси кога не знае да води дебата со Аргументи. Инаку финска има зголемено населението за пола милион луѓе за последните 25 години , со правилна демографска политика. Сигурно не е тоа до финските ниви зошто таму немаат услови за земјоделство, ама за ваков далтонист каков што ти е Аватарот тешко може да го види тоа. Ако сум од Скопје значи не знам кој се проблемите на другите градови и села во Македонија, како од марс да сум не од Скопје ме направи, ти дадов во претходниот пост и демографска табела за да видиш твојот Град или село во каква состојба се наоѓа а ти почна да паламудиш дека сум пра пра Скопјанец многу релевантен аргумент. Кога ќе видам кој се живее во оваа држава очигледно државава супер функционирира во однос на тоа какви се створења живеат во неа.
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 23:38 ---
A зошто им се колите на овие надвор од Скопје?Ако не користат коли зошто просек е едно возило на секој 2,5 луѓе?!
Од друга страна, користење кола во Скопје на утрински и попладневен шпиц...знак за расфрлање на народот (особено во сега ова време на штедење и поскапувања), неефикасен градски сообраќај и недоволно искористен потенцијал на истиот.Па после жалопојки дека имало метеж.Вози се со ЈСП, не со кола да креираш гужва и после да кенкаш дека тие од страна се криви.
Нејсе ова.Одам сега да си нацепам дрва од шума дури не слегле волците, па после да соберам компири од бавчата за утре за ручек, зш утре сабајле свинчето ќе го колам и цел ден ќе ми е за средување.И да продам нешо на пазар, да си имам за кафе, оти велат дека скапо било по кафичи во Охрид, поскапо и од Скопје дури...
Браво доби 100 лајка од форумџиите што се од провинција браво, од Ова што го прочитав како во Њујорк да живеете а не во помали градови и села, божем никој од вас немате бавчи во дворот, божем немате дрва во шумата која секоја година маркирате и сечете. Ај да не сум бил во прошетка на други градови и села низ Македонија па да не знам дека имате добар дел од вас бавчи и дека стока чувате и дека имате и по земјиште во планина од каде што сечете дрва да ми паламудиш. А тоа во Скопје дали некој ќе оди со Автобус или кола е слобода на избор, ако имаш работа 5 пати да отидеш со автобус на пет различни страни на градот ќе утепаш повеќе од 4 сааати а со кола ќе свршиш работа за 1 сааат.Затоа се возат со кола, за разлика од вашите градови 5-6 км е најголемата дистанца од една страна на градот до најдалечната точка на другата страна ова важи за поголемите градови во Македонија за помалите нема ни 3 км дистанца. Така да почетокот и крајот на Партизанска во Скопје е подолга од вашите две најдалечни точки во вашиот град. А ти гледај разви го туризмот во Охрид и понудете подобри услови за тие пари што ги барате да не ви бегаат домашните туристи и научете домашно воспитување дека ако некој е од Скопје не треба кола да му гребеш или да се претепа. Па после продавај култура и домашно воспитување.
 
Повеќето човеци од другите градове си живеат градски, исто како у Скопје. Само шо тија човеци у скопје ги гледат како сељачана од вукојебина шо копат со мотика за парче леб, и после идат у скопје и го прљаат скопјево. Релативно малку са тија шо имат такво имајне (нивички нешто, некое бишенце, кокошкички).

Ногу од човеците не са фанале мотика у живото и не са обујале опинци, а вие упорно ги убедувате дека цел живот носат пинци, шајачни панталони, и одат аргати на копајне.
Ако си носил опинци, тава не те праве половин човек, или помалку вреден од лакираните кондури, ни па те праа човек со помала вредност. Или па ако си го говореш мајчинио дијалект си граѓанин од втор ред.
Тук там по некој слабодушно вика за почитувајне, за дека нема разлика, вадат се примери од ракав демек сите исто треба да са третирани... Тава е се убаво... Ама поентата е оти не са...

Скопје не произведува толку ногу колку шо троше ресурси. Да, има трговија, вртат се големи пари, фирмички, бизниси, ово оно. Ама тава са повеќе услуги, не реален производ.

А за сечејнето дрва од корија/планина... Лавче не коментирај, не си сечел, не си бутал трупци, не си товарал трупци, не си цепил дрва... Ни па си вадил документи од Македонски Шуми.... Поарно не говори, там има материјал цел роман да се напише...

На посериозна нота: Цела Источна Македонија е голосек за да може скопје и околината без парно шо е да се греат... Никој не е премерил колку милиона кубика дрва са пренесени од 92 до денеска откоа е почнал непланскио голосек на македонските шуми... Ама глетката е страшна... страшна.... (Дабјата и Буките не растат толку брзо колку шо се сечат)

ОД друга страна:
Шо сте наприле вие скопјани за почист воздух у вашио омилен град да го направете поубав за живеејне? Сејале ли сте некоо дрвце околу него? Или само јадете трици како провинцијалците ви го загадуват градо додека си го пиете утринскио оцет?
 
божем никој од вас немате бавчи во дворот, божем немате дрва во шумата која секоја година маркирате и сечете. Ај да не сум бил во прошетка на други градови и села низ Македонија па да не знам дека имате добар дел од вас бавчи и дека стока чувате и дека имате и по земјиште во планина од каде што сечете дрва да ми паламудиш..
само што ја опиша една скопска прериферна општина.... имаш појдено во волково или лисиче??
ете и тоа се смета како скопје, па чуваат и стока и имаат бавчи... , а да не ја споменувам смрдеата на влезот од скопје во јане
......
ако тоа е твоето мислење за Прилеп или Битола ....
очигледно никогаш не си ги посетил, појди види како е па после коментирај, а не на памет да кажуваш и навредуваш...
.....
а и уште нешто во Скопје има градски превоз, има алтернатива, во останатите градови единствено превозно средство е автомобил, па види ти кој повеќе користи автомобили
 
Браво доби 100 лајка од форумџиите што се од провинција браво, од Ова што го прочитав како во Њујорк да живеете а не во помали градови и села, божем никој од вас немате бавчи во дворот, божем немате дрва во шумата која секоја година маркирате и сечете. Ај да не сум бил во прошетка на други градови и села низ Македонија па да не знам дека имате добар дел од вас бавчи и дека стока чувате и дека имате и по земјиште во планина од каде што сечете дрва да ми паламудиш.

А ти да не ПАЛАМУДИШ зашто имам објаснено процедура на сечење дрва од сопствен имот неколку страни претходно , зашто цело време се фаќате за тоа.

И не паламуди на некој кој на 16 години има отидено во сопствена шума да цепи трупови за да ги доведе до големина што може човек да ги подигне и натовари во камион. Така да знам ја добро процедурата за сечење дрва и тоа само маркирацијата колку пати поскапе + сите останати трошкови во последните години.
1 камион дрва не се исплати да го сечеш од сопствена шума.

Затоа кога не се разбираш во некој работи подобро не пишувај, а и сите немаат од каде да сечат како што немаат сите Скопјани екстра стан што го дават под кирија.
 
Јас сум од Скопје, роден Скопјанец од татко и мајка стари Скопјани.
Искрен да бидам јас ги жалам и помалце ги презирам дечките и девојките кои доаѓаат од другите градови.

Кога шетам јас навечер дотеран и напарфемисан на Скопско корзо ќе видам лична девојка и нејзе ќе ја прашам:
-Од каде си ти убава девојко?
Она небаре е лепрозна со поднаведната глава и сељачки акцент ќе рече:
-Од Кочани.
Како да се срами, како да се сакалдисува што не е родена во Скопје, јадната...

Јас сум идел во други градови и да видите како таму луѓето ме третираат, како таму кон мене се однесуваат, како да сум царски син!
Кога ќе разбрат дека имаат Скопјанин за гостин, татковите ги спуштаат нозете од табуретката, мајките прават колачиња, бабите месат зелници девојките се карминосуваат...
Јас им кажувам на сељаците од провинција дека во Скопје има улици кои се со четири ленти и дека имаме Сити Молови големи колку цела Струмица, а они кутрите се џарат како да сум некое светско чудо.

Јас од се срце... ова искрено ама баш искрено го кажувам... на секого би му посакал еднашка во животот да доживее да биде и да се осеќа како прав Скопјанин.
 
Браво доби 100 лајка од форумџиите што се од провинција браво, од Ова што го прочитав како во Њујорк да живеете а не во помали градови и села, божем никој од вас немате бавчи во дворот, божем немате дрва во шумата која секоја година маркирате и сечете. Ај да не сум бил во прошетка на други градови и села низ Македонија па да не знам дека имате добар дел од вас бавчи и дека стока чувате и дека имате и по земјиште во планина од каде што сечете дрва да ми паламудиш. А тоа во Скопје дали некој ќе оди со Автобус или кола е слобода на избор, ако имаш работа 5 пати да отидеш со автобус на пет различни страни на градот ќе утепаш повеќе од 4 сааати а со кола ќе свршиш работа за 1 сааат.Затоа се возат со кола, за разлика од вашите градови 5-6 км е најголемата дистанца од една страна на градот до најдалечната точка на другата страна ова важи за поголемите градови во Македонија за помалите нема ни 3 км дистанца. Така да почетокот и крајот на Партизанска во Скопје е подолга од вашите две најдалечни точки во вашиот град. А ти гледај разви го туризмот во Охрид и понудете подобри услови за тие пари што ги барате да не ви бегаат домашните туристи и научете домашно воспитување дека ако некој е од Скопје не треба кола да му гребеш или да се претепа. Па после продавај култура и домашно воспитување.

Пак ми е грешка дека те цитирав, ама јбг се фатив на орото...ако е слобода на избор, ај да добиеме и ние избор нека ни купат од Влада автобуси и ЈАВЕН (државен) градски превоз.Или за нас не е потребно, 3 км. била најголема разлика...Ете барем нека добијат ЈАВЕН градски превоз во Битола, Куманово, Велес, Тетово, Кавадарци (градско-приградски), секако веќе постојат некој ЧКЉ приватници (особено Куманово), барем да добијат луѓето нормален превоз.

План за градски превоз Прилеп без финансиска поддршка од ЦВ како во случај ЈСП
План за градски превоз Струмица без финансиска поддршка од ЦВ како во случај ЈСП
План за градски превоз Охрид без финансиска поддршка од ЦВ како во случај ЈСП

- Оддалеченост во Охрид меѓу населбите Бараки (Гоце Делчев) и Далјан, т.е. некој правец отприлика Исток - Запад.Доста народ го вртат тој правец до/од центарот + после Далјан доста народ до болницата Св. Еразмо + 2.2 км.Супер линија за градски превоз.
- Оддалеченост меѓу другата населба и средното електро-машинско и информатичко (и козметичко :icon_mrgr: )
- Oддалеченост меѓу Охридска Банка и нас. Р.Новичиќ, нешто поголема е до индустриската зона/градски гробишта.Меѓу Далјан и Факултетот за туризам итн./Средно угостителско
- Една од линиите на градскиот превоз во Битола
- Партизанска Скопје

гледам дека си добро запознат со ситуацијата настрана од Скопје, како шо рече во некој пост поназад.Кога си бил последно, на екскурзијата низ Македонија?

Извини закаснав со одговор, ја молзев кравата и турав ракија на раката, ме нападна волк дури ги сечев прееска дрвата.

Sincerely, Кларк Кент (y)
 
Зашто отворив на темава :(
Ја сум од Куманово,ама се осеќам како праисториски Скопјанец..и што сега? Ќе ми забрани некој,ај да го видам.
 
Јас сум од Скопје, роден Скопјанец од татко и мајка стари Скопјани.
Искрен да бидам јас ги жалам и помалце ги презирам дечките и девојките кои доаѓаат од другите градови.

Кога шетам јас навечер дотеран и напарфемисан на Скопско корзо ќе видам лична девојка и нејзе ќе ја прашам:
-Од каде си ти убава девојко?
Она небаре е лепрозна со поднаведната глава и сељачки акцент ќе рече:
-Од Кочани.
Како да се срами, како да се сакалдисува што не е родена во Скопје, јадната...

Јас сум идел во други градови и да видите како таму луѓето ме третираат, како таму кон мене се однесуваат, како да сум царски син!
Кога ќе разбрат дека имаат Скопјанин за гостин, татковите ги спуштаат нозете од табуретката, мајките прават колачиња, бабите месат зелници девојките се карминосуваат...
Јас им кажувам на сељаците од провинција дека во Скопје има улици кои се со четири ленти и дека имаме Сити Молови големи колку цела Струмица, а они кутрите се џарат како да сум некое светско чудо.

Јас од се срце... ова искрено ама баш искрено го кажувам... на секого би му посакал еднашка во животот да доживее да биде и да се осеќа како прав Скопјанин.
И кога се разбуди целиот жива вода...

Sent from my CMX HTC Pyramid
 
Јас сум од Скопје, роден Скопјанец од татко и мајка стари Скопјани.
Искрен да бидам јас ги жалам и помалце ги презирам дечките и девојките кои доаѓаат од другите градови.

Кога шетам јас навечер дотеран и напарфемисан на Скопско корзо ќе видам лична девојка и нејзе ќе ја прашам.
-Од каде си ти убава девојко?
Она небаре е лепрозна со поднаведната глава и сељачки акцент ќе рече:
-Од Кочани.
Како да се срами, како да се сакалдисува што не е родена во Скопје, јадната...

Јас сум идел во други градови и да видите како таму луѓето ме третираат, како таму кон мене се однесуваат, како да сум царски син!
Кога ќе разбрат дека имаат Скопјанин за гостин, татковите ги спуштаат нозете од табуретката, мајките прават колачиња, бабите месат зелници девојките се карминосуваат...
Јас им кажувам на сељаците од провинција дека во Скопје има улици кои се со четири ленти и дека имаме Сити Молови големи колку цела Струмица, а они кутрите се џарат како да сум некое светско чудо.

Јас од се срце... ова искрено ама баш искрено го кажувам... на секого би му посакал еднашка во животот да доживее да биде и да се осеќа како прав Скопјанин.
Ауууу брату и јас сум истото што и ти ама кога ќе отидам во друг град не ме чекаат девојките со раширени нозе дека родителите од Скопје ми се изгледа имаш ти некој посебен шарм не е до Скопјево наше.Инаку за останатиов дел од постот имам и јас другари/другарки од помалите градови не се до волку заостанати кога ке им кажам дека има семафори и 4 ленти така да и за ова не се согласувам.Ама за едно многу ме нервираат не Скопјаните тоа што не вреѓаат сите што сме од Скопје,така да знајте вие од останатите градови не сме сите како членот кој го цитирам јас не ве нарекувам сељаци,провинцијалци итн. така да не сме гнаси сите што сме од Скопје.
 
Кои патетики е темава, ај кометарите на Чоусен не се рачунаат на сериозни и нормални ама тука има луѓе што стварно веруваат во глупоста кој тој ја напишал погоре. Како што кажа колегата Луке, голем дел од луѓето во другите градови се поголем граѓани од многу скопјани. Оти живеат во градови, мали градови додушма ама сепак градови, а не апокалиптични села како што некои ги замислуваат.

Нормално во Македонија има и ептен отепани градчиња, ама не може луѓе од градови како Штип, Кавадарци, Прилеп Битола, Охрид, Струмица, Куманово да ги гледа некој како да живеат во село со каливи улички без вода каде што луѓето спијат со животните во некоја штала.

Оти јас како Кавадарчанец ниту имама лозје и нива, живеам во стан, на широк булевар, колку толку тоа е некаков градски живот, многу повеќе од некои периферни скопјани. А на крај краева не викам не, и во Кавадарци има селандури, селско понашање и такви појави, ама каде нема, не може таква стеротипна поделба, демек сите градови се такви а скопје не е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom