Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
И многу млади што не можат да избегаат од државава,одат во Ск и напуштаат прекрасни градови и региони во Мк.Еве јас имам праено муабет со охриѓани што работат во Ск.Па сите би се вратиле во Охрид дури и за помала плата само да не се во Ск.
Па сто не се врата во ОХ туку остануваат во ск и работат за бедна плата од 6к.Овој муабет прај го на др. место не ти држи вода.
И друго нешто што го хејтате Скопје кога да ви се пружи шанса одма во ск идете.Што не си останете во местата каде што сте.Него скопје она ова и пак во се селите тука
 
Па сто не се врата во ОХ туку остануваат во ск и работат за бедна плата од 6к.Овој муабет прај го на др. место не ти држи вода.
И друго нешто што го хејтате Скопје кога да ви се пружи шанса одма во ск идете.Што не си останете во местата каде што сте.Него скопје она ова и пак во се селите тука
Идат во Скопје по работа бе,аман веќе милијарда пати е кажано на темава.Затоа што во Охрид нема работа.Тие поснаодливите се селат надвор од Мк.Мислиш сакаат да се селат во странство??Која будала би се иселила од своето родно место,ако има основни услови за живот и егзистенција.Зошто не се иселуваат Словенците од Словенија???
 
Mene ubavo mi e doma :D
Seriozno, sto se napnuvate Skopje, stranstvo, provincija? Bitno e?
Bitno e srekni da sme site. Srekni sme? -Sreeeekni sme. Ubavo ni e? -Uuuubavooo ni e.
Bravo decinja, ajde sega gusnete se site, Teletabisi! Bravooo! :D
 
Идат во Скопје по работа бе,аман веќе милијарда пати е кажано на темава.Затоа што во Охрид нема работа.Тие поснаодливите се селат надвор од Мк.Мислиш сакаат да се селат во странство??Која будала би се иселила од своето родно место,ако има основни услови за живот и егзистенција.Зошто не се иселуваат Словенците од Словенија???
Епа што тогаш се хејта СК.Како ск да е криво за се тоа што др. градови немаат работа е крива државата што незнае како да го поправи тоа.
 
Епа што тогаш се хејта СК.Како ск да е криво за се тоа што др. градови немаат работа е крива државата што незнае како да го поправи тоа.

Крива е државата дека максимум вложувања се во Скопје.А во Скопје е владата.Од друга страна добар процент од Скопјани би сакале да не им одат таму луѓе од страна, ама да им останат истите инвестиции.

Во меѓувреме, во остатокот од Македонија...
МАКЕДОНИЈА
09.10.2012

ЗАПРЕ СТЕНТИРАЊЕТО ВО БИТОЛА, ПАЦИЕНТИТЕ СЕ НОСАТ ВО СКОПЈЕ

bolnica_bitola.JPG
Два месеца нема интервенции на пациентите со акутен инфаркт во Центарот за интервента картиологија во битолската Клиничка болница, што свечено го пушти во употреба Миснистерот за здравство Никола Тодоров на 6 август. Тогаш кардиологот Сашко Кедев направи 12 интервенции, а потоа, пациентите, за стентирање се испраќаат на Клиниката за кардиологија во Скопје, наместо досегашната практика, интервенциите да се извршуваат во охридскиот центар, кој е само еден час оддалечен од Битола.

[ Емилија Мисирлиевска ]

И после зошто имало гужва во Скопје.Па да ја вратат Битолската КБ во состојба од пред 15 - 20 или нешто плус години, па да не гледаме гужви.Прати, не ги пуштале во Кардиолошки во Охрид, туку во Скопје.По наредба на министерството иначе.Дека поблиску е Скопје...
Тешко пациентите...или можда одат на сликање во Скопје за kadevecer.com :unsure:
 
Eден муабет од build.mk...и малку историја...
24g35vo.jpg


Бакарно Гумно - Сопотница
Или зошто не е изградена трасата Бакарно Гумно - Кичево
Bakarno-Gumno-Sopotnica_0.jpg

Одобрувањето на техничките карактеристики на пругата е на 14-08-1952 год. и е проектирана како индустриска или линија од 2 ред за искористување на многуте рудни богатства нарочно во областа на Демир Хисар (од турски - Железна Планина) т.е. Жван кој е богат со железна руда.

На 07-06-1953 год. комисијата ја одобрува трасата Кичево - Сопотница - Бакарно Гумно.
Трасата почнува со изградба во 1953 година а нејзино свечано пуштање е на 05-06-1957 година. Но со промената на локацијата на железарата од Кичево* во Скопје се ограничува линијата само од Бакарно Гумно до Сопотница во должина од 29.950 м . (* политичка одлука).
И за жал самиот крај на пругата која никогаш не се приклучи до Кичево.


Bakarno-Gumno-Sopotnica_21.jpg


3. Поради кои причини била донесена таква политичка одлука за изградба на железарницата во Скопје наместо Кичево?
- Извлекување на железара далеку од изворот може да направи само политика а тогашниот „изговор“ развој на главниот град.

Пропаднатата пруга и развојот околу неа = тука.
 
Самите вакви поделби сведочат колку тоа ние сме уназадени со паметот, па и со се останато во државава едно 100 години.

Да бидам искрена, Скопје никогаш не сум го сметала врвот на живеењето, оти ене каде ми е, на 1 саат пат.
Ама, дека е поразвиен од мојот град, дека има повеќе работи да се прават е вистина, да не правиме муабет за работа. Од индустриски центар на Македонија,во моево градче сега едвај работат 2-3 од порано звучните производители во Македонија. А ете го и Скопје Градски Трговски Центар, штотуку отворен нуди 2000 работни места. И нормално, кога мора да плаќаш сега дупло поскапи сметки, кога имаш дома 2 усти за ранење, нема чаре, мора да се прави миграција.
И убав е Скопје. И луѓето таму се океј. Исто како и ние останатите и они знаат дека таму има највеќе работа. Исто како и ние останатите и они знаат дека се упропастија работните места во државава. Можеби се чувствуваат загрозени дека ќе им ја земам работата, ама простете, секој за себе си гледа.

Пред некое време имаше еден текст што кружеше по интернетов, демек, како провинцијалките ги крадат работите на далеку повредните скопјанки со тоа шо спиеле со газдите, пушеле шо ти знам. Абе каква гордост имал типов, мислиш психолошки извештај правел. Као демек, такви злобни работи само од провинција испаѓаат, The Empire Strikes back 2 дел. Као демек, немало такви курви од Скопје. Е таквите скопјани, никогаш во лице нема да ми кажат како јас сум провинцијалка и други стереотипи, ама кога се дома, сигурно се војници на тастатура под безбедниот покрив на нивното јорганче со цуцлата во уста.
 
Еј ај нека ја напраат Битола главен град и фак оф веќе. Полесно ќе се дише. И така.
 
И обратно ако на Скопјани им е поефтино во друг град, такла би се развила економијата продај имотот во Скопје оди во друг град купи дупло поефтин имот и почни бизнис со останатиот капитал, па доѓај во Скопје за зезање?
Одлична поента стан или куќа од 120 квадрати во Карпош, Влае, Аеродром, Ново Лисиче не е испод 100 000 евра продај го иди во град во внтрешноста за 30 000 евра ќе купиш 100 квадрата куќа или стан , со 70 000 евра ако си кадарен или ако те бива ќе отвориш некој бизнис во Скопје за 200-250 евра тешко ќе најдеш некој да работи ама во внатрешноста за 200 евра плата да им даваш среќни ќе бидат , плус таму имаат пониски трошоци за живот не троши бензин за кола за да стигне до центар, не користи струја на дрва се грее си има бавча не купува од пазарче кафичите и ресотраните се минимум дупло поефтини од Скопје тој со 200 евра таму што ќе го вработиш ќе има иста стандард со некој во Скопје што зема 300 евра ама јеби га. Јас сум роден во Скопје имам и другари што се родени во Скопје и што купуваат земјиште во источна Македонија за да прават бизнис со земјоделие не се срамат зошто парите не познаваат , селска или градска работа туку ПРОФИТ само и ништо друго. Инаку Македонија има сериосен демографски проблем се повеќе старееме а се помалку деца се раѓаат , во последните години една жена во просек раѓа 1,46 деца( фертилитет) на ниво на Македонија а за проста репродукција треба минимум една жена да има 2,1 дете. во Педесетите години на годишни ниво се раѓале 50 000 деца во последните години тој просек е околу 22 000 деца. Треба да се развиваат и селата и помалите градови зошто во селата има идеални услови за семејства со повеќе деца каде што ќе можат да се посветат на некој семеен бизнис дали змејоделство, овоштарство или што и да е. Кога во општини во Скопје како Карпош, Центар , Кисела Вода каде што има доминатно македонско население има повеќе луѓе што умреле отколку што се родиле што останува за источна Македонија и селата во Македонија, не можеш да имаш јака економија без младо население и без повеќе деца. Проблемот со демографијата е бела чума што доаѓа, А колку некоја земја е поразвиена има толку помал природен прираст , да не спомнувам дека Германија секоја година губи по 200 000 луѓе во последните децении а имаат еден од највисоките стандарди во Свет. Демографијата ќе биде клучен проблем во следните години. Мора да почнат луѓето да се враќаат во селата зошто докажано е дека жените од село имаат повеќе деца од жените во Град. Не може сите да живеат во Град или Сите да живеат во Село мора да има баланс. А дека комунизмот матер има еба на селата со тоа што насилно ги тераше да се преселуваат во градовите тоа е е веќе долга приказна.
http://www.stat.gov.mk/pdf/2012/2.1.12.25.pdf
Обрнете внимание на 3,4 и 5 страна каде што има по општини колку се родиле во некоја општина а колку умреле бројките се фрапанти особено за средините каде што живеат етнички Македонци.
 
Добро бе неписмени, со такви постови како "Во внатрешноста не троши струја за греење на дрва се грее" по 100 пати треба да ви се објасни дека цената на огревното дрво од пред 5-6 години е 50%+ поскапена и дека просечно едно семејство треба да даде 25 000 - 30 000 денари за да се грее зимата. И тоа мора во кеш да го плати, не даваат сите на рати.

Не кукајте дека поскапо вие во Скопје, ете тоалетна имате најевтина во цела Македонија, a вие серете по форуми :icon_mrgr:
 
Незнам дали си сериозен , фала богу дека е боље у Скопје него у некоја вукојебина у која нема основни услови за живот :cool:
epa neka si sedat provoncijalcite vo nivnata vukojebina sredina i neka si ja razvivat a ne da doagaat ovde vo Skopje pa se i sesto da rusat, i platite poradi niv, i liftovite vo zgradite i kogta ke gi slusnam vo nekoj trgovski so nivniot naglasok mi se BLJUVA
 
epa neka si sedat provoncijalcite vo nivnata vukojebina sredina i neka si ja razvivat a ne da doagaat ovde vo Skopje pa se i sesto da rusat, i platite poradi niv, i liftovite vo zgradite i kogta ke gi slusnam vo nekoj trgovski so nivniot naglasok mi se BLJUVA
А пак јас мислам дека ако почнам да зборувам скУпски мадињава ќе ми паднат, а не пак секој трет збор "пеер" да ми беше, ќе се сомневав дали имам некој Y хромозом во себе.
 
Скопјанец сум и го избирам него :) а гледам и многумината од внатрешноста доаѓаат во Скопје, да сме некоја друга држава и јас би ја избрал можеби повеќе провинцијата би живеел во Охрид,Преспа или Струга ама за жал се повеќе другите градови низ Македонија изумираат, не може да се најде работа, многу малку се вложува и сите доаѓаат во Скопје.
Не ме чуди во иднина Скопје да се прошири и доближи до соседните градови Куманово,Тетово,Велес :)
 
Да имаа Охригани сијалици у очите,Скопје ке светеше ко Лас Вегас........
Никој не ви го дал правото да плукате по Скопје и скопските населби,а најмалку да се нарекувате Скопјани.....Не значи дека ако си почнал да дишеш скопски воздух,дека мајата те фатила и дека си скопјанец......За да себе се наречеш скопјанец,треба да поминеш низ неколку фази во животот,кои за жал само оние кои се родени скопјани и живеат во скопје ги знаат тие фази....Останатите се само бледа копија на она што ние го нарекуваме Скопјани,шебек....Постарата генерација знае што е тоа...Јас лично сум роден во Скопје,израснат во најстарата населба во Скопје,Острово и староседелец Аеродромец кога немаше ниту пиле ниту парно во населбата..Повекето од вас не ни постоеле кога сум се доселил во населбата.....Сум плачел како дете,да се вратам назад,ама сега после 30 години не ја менувам за ниедна населба во Скопје...Мислите ако студирате во скопје,работите во Скопје ве прави Скопјани...НЕ.....Не ги паметите дискотеките во Скопје,кои сега за жал се претворени во турбо-фолк места,не ја паметите чаршијата кога немаше место каде да се седне во лето,дремењето пред Рекорд,и сите останати работи кои Скопјани се гордеат со нив...А,ако не ви се допага Скопје знаете каде е и автобуската и железничката станица,вратете се онаму каде припагате.....И ако веке сте се решиле да се нарекувате Скопјани,ке ве замолам однесувајте се како што доликува,Скопски и дијалектот оставете си го дома,а вашите навики променете ги,не ми го загадувајте моето Скопје........Знам за некои можеби звучи расистички или можеби селски,ама го кажувам она што го гледам..............Го сакам она Скопје кое го паметам......А прави Скопјани поздравуваат со сервус........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom