Аквариумски риби (општи дискусии)

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Измиј го со детергент, после тоа наполни го со раствор од сооднос 1 супена лажичка варикина во 1 Л вода. Да одстои 1 саат тој раствор во него и ќе имаш 100% стерилизиран сад. После тоа добро треба да се исплакне да престане да мириса на варикина.
 
Член од
3 август 2011
Мислења
16
Поени од реакции
8
Јас си го открив мојот проблем. Речиси сум сигурна дека се работи за нитрити. Им ја зголемив температурата на водата, додадов малку сол, ги хранам поретко и сменив дел од водата.
Е сега не знам како се прави тој тест за нитрити.
Досега чував само гупи, сега зедов 2 караси, и сакам да купам скалари 2-3.
Ама имам една гупа од порано, а колку што знам не се мешаат гупите и карасите.
Не е и баш мала гупата, што мислите би било опасно за неа да земам скалари?
 
Член од
22 февруари 2012
Мислења
61
Поени од реакции
6

Еден другар мој имаше измешано скалар со гупи и му отидоа мн гупи затоа внимавај
 
Член од
22 февруари 2012
Мислења
61
Поени од реакции
6
Вака..Денес го исчистив аквариумот зедов камен онаков со дупчиња го вриев исто така и ситни камчиња,а сакам да земам и живо растение..Дали ке има проблем да порасни во ситни каменчиња?И сакам да прашам откако ќе ја ставам водата сега колку време да ја оставам така пред да ставам рипчиња?И гледам сегде различно,некој вели водата од најлочето од Пет Шопот да се истури во аквариумот некој вели тоа да не се прави..Сакам некој искусен одговор што да правам..И последно какви риби ми препорачувате на почеток..Јас планирам ксифо да земам и неонки.Дали тие 2 врсти си одговараат?Или да земам ксифо и моли?
 
Член од
14 септември 2012
Мислења
11
Поени од реакции
1
Јас си го открив мојот проблем. Речиси сум сигурна дека се работи за нитрити. Им ја зголемив температурата на водата, додадов малку сол, ги хранам поретко и сменив дел од водата.
Е сега не знам како се прави тој тест за нитрити.
Досега чував само гупи, сега зедов 2 караси, и сакам да купам скалари 2-3.
Ама имам една гупа од порано, а колку што знам не се мешаат гупите и карасите.
Не е и баш мала гупата, што мислите би било опасно за неа да земам скалари?
thelady те молам помогниме прочитав дека долго време си имал гупи , па ако сакаш да ми помогнеш со тоа што ке ми кажеш како ги мрестеше јас веќе имам гупи аи треба да се породи да имам мали ама незнам како да ги отстранам од другите риби дали ти користеше некои посебни материјали за тоа или онака ?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
thelady те молам помогниме прочитав дека долго време си имал гупи , па ако сакаш да ми помогнеш со тоа што ке ми кажеш како ги мрестеше јас веќе имам гупи аи треба да се породи да имам мали ама незнам како да ги отстранам од другите риби дали ти користеше некои посебни материјали за тоа или онака ?
Од жица направи коцка, прекри ја во женска чорапа и прикачи ја во аквариумот, таму стави ја рибата да се омрести. Од кога ќе се омрести тргни ја и нејзе зошто и таа може да ги јаде.
 
Jас имам едно помало аквариумче (ако можам така да го наречам) и тука ги префрлав додека пораснат малку, па ги праќав назад. Имав порано и едно прастично како кутија за чепкалки беше и на средината внатре беше поделена со уште една пластика со многу мали отвори. Гупата се чува горе, а кога ќе се измрести малите рипчиња паѓаат долу преку отворчињата. Можеш да побараш во пет шоповите дали чуваат текво нешто.

Инаку се плашам дека моите рипчиња се уште не се излечени, одвреме-навреме си седат долу, а и имам проблеми со греачот, го местам на температура од 25-27 степени ама ми загрева до 23, зошто така? Сега го купив, нов е.
 
V

Vollstandig

Гостин
Вака..Денес го исчистив аквариумот зедов камен онаков со дупчиња го вриев исто така и ситни камчиња,а сакам да земам и живо растение..Дали ке има проблем да порасни во ситни каменчиња?И сакам да прашам откако ќе ја ставам водата сега колку време да ја оставам така пред да ставам рипчиња?И гледам сегде различно,некој вели водата од најлочето од Пет Шопот да се истури во аквариумот некој вели тоа да не се прави..Сакам некој искусен одговор што да правам..И последно какви риби ми препорачувате на почеток..Јас планирам ксифо да земам и неонки.Дали тие 2 врсти си одговараат?Или да земам ксифо и моли?
Еве ја ќе ти одговорам. Неонки не ти требаат нежни риби се и ги препорачувам на поискусни.Живоротките се одличен избор (ксифо,моли,гупи...)
Водата остави ја како што е, потребно е да биди стабилна пх вредноста на истата и да биди погодна за живот. Засади растенија, во тоа што го нарече “ситни камчиња“ во таков супстрат највеќе успеваат амазонките, а редовно ги има по пет-шоповите или барај акварист да ти даде неколку корења, од нив ќе зафатиш баеѓи низ цел аквариум и пловечка исто така земи си.
Амазонката не бара силно светло, така да ако имаш и наједноставна ламба, ќе успее.
Другите,претежно скапуваат во аквариум.

Незнам што литража имаш на аквариумот, и советите се тие претежно:
-Миј го филтерот 1 месечно строго со вода од аквариум.
-Вода менувај на 6-7 дена, и тоа 20-30 % од водата, при што кога празниш со црево усисаваш ѓубре од дното.
-Не ставај разни врсти риби, не ставај глупости,школки украси и слично. Само песок,дрво акваристичко, камења (што не се варовници) и треви.
 
Ух фала што се најде да одговори..Инаку фала ти на одговорот
А дали можам да ставам песок во аквариумот?..Али не онаква што ја има по езера,мориња итн..Туку онаа што се користи во градежништвото?
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
А дали можам да ставам песок во аквариумот?..Али не онаква што ја има по езера,мориња итн..Туку онаа што се користи во градежништвото?
Целата работа со подлогата е да не е од варовничка природа за да не ја зголемува тврдината на водата (башка и други проблеми). Песок од силикатна или гранитна природа каков што се употребува и во градежништво, со соодветен третман (перење, стерилизација) може да се употреби како подлога.
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 21:49 ---
Компитабилноста на рибите е тешка работа, му предложив трихогастер ради темпераментот и начинот на пливање на рибите, а воедно и големината која ја достигнуваат. Тетрата е јатна риба, повеќе би опстоила оваа black skirt али помалите тетри, како неонки, за скаларот се одличен ручек. Биотопски, тетрите одговараат со скаларот, али само поголемие видови во јато.
Незнам дали си чул или знаеш, но аквариум во кој има трихогастери, поради некоја чудна причина ги прави помалку агресивни скаларите едни према други. Трихогастерите на некаков чуден начин им влијаат позитивно и смирувачки на скаларите. Инако скоро сите двојнодишечки риби добро се вклопуваат социјално со скаларите. По сите книги за таканаречени друштвени аквариуми ги препорачуваат во комбинација. Значи советот ти е добар, а мојата препорака да се замени со тетри, е секако поради мојата пасија со биотопните аквариуми. Мене некако неприродно ми изгледаат едни покрај други (y)
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 21:54 ---
... а и имам проблеми со греачот, го местам на температура од 25-27 степени ама ми загрева до 23, зошто така? Сега го купив, нов е.
Можеби снагата на грејачот не е доволна за волуменот на твојот аквариум, а можеби термостатот не е прецизен. Намести го на повеќе, па ќе видиш дали “краде“ два три степена или едноставно нема снага да ја стопли водата. Едно време беше правило колку литри вода толку вати да биде снагата на грејачот. (рецимо 100W за 100 L.) Сега нормално има и грејачи со знатно поискористлив ефект и со помала снага може да грејат повеќе вода, али се и поскупи.
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 22:04 ---
Е сега не знам како се прави тој тест за нитрити.
Досега чував само гупи, сега зедов 2 караси, и сакам да купам скалари 2-3.
Ама имам една гупа од порано, а колку што знам не се мешаат гупите и карасите.
Не е и баш мала гупата, што мислите би било опасно за неа да земам скалари?
Тест за нитрити има по некои од продавниците, али у принцип ако мислиш да имаш проблем со нитрити, тоа значи дека или имаш многу остаток од неизедена храна која се распаѓа на дното од аквариумот или многу фекалии од рибите кои не се усисани кога мењаш вода. Кога ги храниш рибите оддели 5-10 минути од твоето време да ги набљудуваш и види дали поголемиот дел од храната што им ја даваш ја јадат или паѓа на дното.

Гупите се од Мексико, Карасите од Кина а Скаларите од Бразил, така да јас не би ги мешал, едноставно ни во природата не живеат заедно, мада по многу аквариуми ги ставаат заедно како релативно отпорни и толерантни риби.
 
Член од
14 септември 2012
Мислења
11
Поени од реакции
1
thelady те молам помогниме прочитав дека долго време си имал гупи , па ако сакаш да ми помогнеш со тоа што ке ми кажеш како ги мрестеше јас веќе имам гупи аи треба да се породи да имам мали ама незнам како да ги отстранам од другите риби дали ти користеше некои посебни материјали за тоа или онака ?
ок фала ти многу а заборавив да те прашам тебе или некој друг ако веќе го знае одговорот аквариумот ми е 100л. имам гупи и скалари па немам никакви проблеми помеѓу нив а сакав да прашам дали треба да ставам сол во водата или не треба ?
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 09:14 ---
Од жица направи коцка, прекри ја во женска чорапа и прикачи ја во аквариумот, таму стави ја рибата да се омрести. Од кога ќе се омрести тргни ја и нејзе зошто и таа може да ги јаде.
благодарам многу успева да ти кажам право :D
 
K

King_Stone

Гостин
На еден мој караш,устата му е вцрвенета и отечена веќе втора недела,сеусте добро се храни.Дали е болест или некоја повреда?На кој му е познато ова,мозе да ми даде совет.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
На еден мој караш,устата му е вцрвенета и отечена веќе втора недела,сеусте добро се храни.Дали е болест или некоја повреда?На кој му е познато ова,мозе да ми даде совет.
Порано кога чував аквариум таквата риба ја одвојував во друг помал акавариум и и ставав хиперманган. Само внимателно со соодносот, многу е битен можеш да ја убиеш така рибата. Во ептен мали количини се става хиперманган. Мислам дека пишува вакви работи на нет.
 
K

King_Stone

Гостин
Го пробав и тоа,бидејки редовно еднаш неделно,им ставам хиперманган и метиленско плаво,и ова ми се случува првпат.А може и да е нешто друго,ке видиме или ке се влоши,или самото ке го надмине со својот имунитет
 
Kajgana Shop

На врв Bottom