Аквариумски риби (општи дискусии)

Член од
28 март 2010
Мислења
76
Поени од реакции
11
Каде може да се купат убави (поголеми) примероци на Скалари, по можност Wild Peruvian - Altum?
 
Член од
3 август 2011
Мислења
16
Поени од реакции
8
Очајна сум. Го средив аквариумот одново, со нова вода, превриена песок и камчиња, водата ја оставив 24 часа да стои, исто така и ставив капки против болести.
Купив неколку рипчиња и не потераа неколку дена, чистачот ми умре.
Гледам дека и карасот одвреме навреме седи во еден ќош, па пак после си плива и така постојано...
Каде грешам?
 
V

Vollstandig

Гостин

Сегде. Најмногу што не си ја читала темава, и моите гигантски постови, советите на искусни членови, што не користиш гугл, што не користиш аква форуми....

www.akvarij.net.
www.akvarijum.org
www.aquaticacentral.com
www.mkreef.com

Ова ти се аква форуми српски и македонски.
Ова е темата која ја читаш, и не си ја дочитала.
И уште еден совет: НЕ КУПУВАЈ РИБИ, бадијала ги фрлаш парите, мачиш рибите и ги умираш. Најпрво читај..па ќе земиш.
 
Член од
3 август 2011
Мислења
16
Поени од реакции
8
Не бе, не читам. Или тоа е најлесен одговор, не читаш, па еве ти читај, занимавај се додека ти умираат рибите!?
Или те мрзи да ми дадеш конкретен одговор?
Читав, ама работата е што секаде има различни совети, на едно место читам да се турива водата од рибите в аквариум, на друго место да не се турива зашто може да содржи бактерии... итн итн.
Плус прашувам по пет-шоповите, ама ми даваат некои глупави одговори и се тотално незаинтересирани, па затоа се обратив тука, ама наидов на арогантно однесување.
Благодарам за советот ДА НЕ КУПУВАМ РИБИ, среќа што си напишал со големи букви, зашто инаку немаше да прочитам, ама јас чувам риби уште од мали нозе и никогаш не сум имала ваков проблем, па сега го имам и побарав помош.
Благодарам за линковите, многу се покорисни од твоите гигантски постови.
 
Девојко, ти си во случајов арогантната. Ако заврти десетици страни уназад, ќе забележеше дека на сите им го имам истото одговорено со еден пост. А далје, им кажувам да читаат, и јас истото сум го правел....
Ако ти си чувала риби од мали нозе, сигурно искуството немаше да дозволи да ти умираат нагло риби, вклучувајќи го и чистачот. Не наведе воопшто никакви “проблеми и детаљи“ да би се обратил со конкретен совет, делуваш на почетник во акваристика, ти се обратив со тој тон, како и на секој почетник.

Риби не купувај,ради беспотребно фрлање пари,додека не се санира проблемот.
Доколку чуваш риби од мали нозе и познати ти се методите на акваристиката,сигурно би знаела дека во филтерот се состојат група полезни бактерии,кои изметот од рибите го искористуваат како храна, а остатокот на неискористен измет од рибите,завршува како гноиво/ѓубриво за растенија,затоа е и потребно да се насадат растенија, со цел за да се има биолошка филтрација на водата, каде, со континуираното создавање на органски отпад од примарните жители-рибите, да заврши како храна за споредни жители (растенија,бактерии,итн.)

Проблемот кај тебе може да се состои во следното:

-Недоволно исциклиран аквариум.
Значи,во филтерот не се создадени полезни бактерии, што се спомнати претходно, а најчесто се создаваат во филтерот, се лепат на сунгерот заради поволната површина, или пак на камчиња и други објекти низ аквариумот што имаат погодна површина,а најчесто во филтерот. Кога се затнува филтерот,односно доаѓа време за чистење, се мие строго со аквариумска вода. Промена на температура или хлорирана вода ќе ги уништи, и веднаш се раскинува алката на биолошкиот синџир кој е создаден во аквариумот.

Значи, рибите може ти умираат од оваа причина,како што спомна,си сменила потполно нова вода. Внимавај каква вода ставаш, најдобро е да отстои водата 24 часа пред да ја додадеш во аквариум. Се смета дека со тоа, опаѓа тврдината, и се симнува пх вредноста на водата. Можеш да додадеш и зеолити,активен јаглен, фосфат/нитрат ремовери, и други средства, додека стои водата 24 часа, а и не мора ако веќе си постигнала биолошка стабилност на истиов начин со менување на водата.
Внимавај колку вода менуваш, неделно е потребно околу 20-30 % на водата, а за новоформирани аквариуми, се менува на 3 дена по 20-30 % се додека не се постигни стабилност. Мала замагленост на водата во почетниот период е нормална, додека не се стабилизира за месец дена и не постани кристално јасна. Напоменувам, водата целосно никогаш не се менува, само се сифонира дното со црево да се отстрани органскиот отпад,и се враќа околу 20 % вода, неделно.
Во меѓувреме,испарената вода ја дотураш постојано.

Втора работа, доколку ова е се во ред, а како што ТИ АРОГАНТНО се пофали дека од мали нозе си чувала риби, тогаш погорниот текст воопшто не е битен. Втор случај што е малце и кобен, е ако користиш потопна пумпа, да не е воопшто исправна, и истата таа да создава електрицитет во водата, кој е главната причина за смртноста на рибите. Кога “чистачот“ ти умрел, тоа значи дека во аквариумот постојат крајно неповолни услови за живот.
Не ставај раце во аквариум додека се вклучени сите апарати, некогаш може да биде и кобно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 606

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Имам голем триаголен аквариум ( триаголен дека ми стои во ќошот ) и собира некаде од 100 до 120 литри вода од слободна проценка, точно никогаш не сум измерил. Вечерва само што завршив со деталното чистење, ставив нова вода, ги измив каменчињата ( имам ептен едри камења, летоска кога бев на одмор во Бугарија се мислев дали да си земам таму од плажата ситна песок и на крај не земав бидејќи немав место каде да ја ставам па планирам во скоро време да си порачам од една локална продавница да ми донесат од Грција ) ги избришав стаклата до детал и сега целиот е како нов. Најмногу сум разочаран од тоа што имам аквариум веќе повеќе од 10 години и никогаш досега не сум успеал да го набилдам со многу риби. Сум купувал безброј различни видови на риби и ниту една неможеше успешно да се размножи, и тие што се множеа после извесно време умираа. Моментално имам само 4 риби на толку голем аквариум, една Јапонка ( мислам дека така се викаше, од тие жолтите со големите очи :D ) и таа ми е веќе 5-6 години, еден чистач за дното, еден скалар и една бела за која кога ја купив ми кажаа дека била слатководен вид на ајкула ама не растела повеќе од 40-50 cm а мојата е моментално околу 10cm. Овие 4 риби се единствените кои успејаа да преживеат толку долго време, ги имам веќе 5-6 години. Во последно време повторно се зафатив со него и сакам да направам некои измени, да додадам некои нови работи. Купив нова пумпа со далеку поголема моќност од предходната, сега ќе порачам поситна песок од Грција, а планирам да порачам и некои природни треви/растенија кои ќе можат да растат во аквариумот. Ќе купам уште една пумпа со поголема јачина, од оние што имаат како долги цевки кои се поставуваат долу на дното на песокот и испуштаат меурчиња. Исто планирам да земам и нов грејач или да му купам нови лепенки на стариот, нов термометар, ново осветлување / неонки на розева или небесно сина боја и секако нови риби.

Аквариумот ми е баш исти како овој само мислам дека мојот е малце поголем и мојот има лепенки од надворешната страна на стаклата.

Инаку да не замарам ептен со што како ако има некој некои совети да ми каже што е проблем што рибите никако не успеваат да се размножат. Секоја помош е добредојдена. Благодарам однапред!
 
V

Vollstandig

Гостин
Имам голем триаголен аквариум ..
Поздрав до тебе и триаголниот аквариум.Како што е многу теми спомнато уназад, за инсталацијата на аквариумот и потребните реквизити од природно потекло што би требало да ги содржи, споредувајќи го твојот аквариум,забележувам и дека не е во тој контекст истиот. Во превод, да би се размножиле одреден вид на риби,потребно е да имаш најмалце 2 парчиња од споритвен пол од видот на рибата и да ги донесиш природните услови каде што живеат рибите, во твојот аквариум во најголем процент ископирани.Дури тогаш би имал успех со размножувањето. Исто така, зависно од тоа за која риба станува збор,потребни се посебни припреми, за истите можеш да се расчиташ на интернет. Дали пред мрестење се хранат со појака (жива храна,бладвормс,тубифекс,дафнија...итн.) каква вода саакаат каква средина,дали се со родителски афинитети, или канибалски, кој сетап треба да го има аквариумот...
Пред се мрестењето риби е еден голем предизвик, особено оние понежните.Најголем проблем на акваристичко ниво имав со мрестењето на разбори и неон тетрите,заради нежниот имунитет што го имаат.

И прочитај ги уназад текстовите, посади тревки, купи песок од скопје не мора од грција, напрај малце македонски промет, нели си вмровец, Аквашоп НЕМО , трговски центар ОЛИМПИКО, улица ЛОНДОНСКА, накрши лептокарија карпош 3, таксистите знаат. Тука е рајот за акваристите, можеш да најдеш што ти треба за твојот аквариум. А треба, подлога за растенија, крупна подлога да не “бега“ подлогата за растенијата, РАСТЕНИЈА за биолошка филтрација, и циклиран филтер кој ќе го миеш еднаш месечно со акв. вода...
 
Обично кога сум купувал риби што не ми е познато како се одгледуваат сум прашувал во продавницата каде што ги купил, и нормално, сум купувал машки и женски за да може да се мрестат. Сум сакал да знам се за одреден вид, ама и покрај тоа имам мал процент на риби кои досега успеале да се мрестат во мојот аквариум. Знам сеуште аквариумот не ми е среден како што треба за да може да растат природни растенија во него, но полека полека планирам да му правам измени како што кажав во предходниот пост.

Од кај знаеш дека сум вмровец? :D А и си нема врска тоа, јас планирам песокот да го купам од Македонија, односно една локална продавница ја носи од Грција. Доколку има таква ситна песок овде кај нас на драга волја би земал. Единствено нешто што досега не сум го знаел е тоа дека пумпата/филтерот треба да се мијат со аквариумската вода.

Инаку благодарам за советите!
 
V

Vollstandig

Гостин
Обично кога сум купувал риби што не ми е познато како се одгледуваат сум прашувал во продавницата каде што ги купил, и нормално, сум купувал машки и женски за да може да се мрестат.
Рибата кога се мрести може да фрли од 200 -300 икри па нагоре. Од тоа легло се снабдуваат голем број продавници за риби. Ако земиш од дуќанот машко-женска, мрестиш брат и сестра, и ќе добиеш тапа риби со слаб имунитет.
Под песокот најпрво се става ситен песок,супстрат хранлив, низ ск го има во тој дуќанот што ти реков, а над него се става покрупна гранулација, и садиш растенија. Незнам што осветлување имаш али мислам амазонките најдобро ќе успеат и на дневна светина да се, така да можеш да го засадиш аквариумот со амазонки и стави му пловечка трева горе колку да ти врши биолошка филтрација. За риби не мора да форсираш што понаселен, тоа позагаден,да знаеш. Добар ти е изборот, со исклучок на хибридите (карасите) и сомот (ајкулата).Ја би ти препорачал да си земиш 6-7 скалари и некој трихогастер на пример.
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Ја би ти препорачал да си земиш 6-7 скалари и некој трихогастер на пример.
Или некои тетри наместо трихогастерите....

Инаку да не замарам ептен со што како ако има некој некои совети да ми каже што е проблем што рибите никако не успеваат да се размножат. Секоја помош е добредојдена. Благодарам однапред!
Креирањето на мини животна средина е исклучително тешка задача, а изборот на риби, тревки и декорација секако е многу субјективно.... замисли да ти бира некој слики за на ѕид дома....

Сега е лесно има толку многу информации на интернет што неможеш да погрешиш за што и да се одлучиш, само време, љубов и трпение. Концептот за кој ќе се одлучиш, полека со совети од посикусни акваристи ќе го градиш... Уживај во развојот на мини животната средина што ќе ја замислиш.... аквариумот бара постојана нега дотерување и одржување и секогаш ќе има што да преправиш или доправиш... За недела две не се прави аквариум, на тој начин само ќе ги мачиш рибите и себе си! (y)

На пример јас исклучиво имам биотопски аквариуми т.е. се обидувам да направам копија на определен вистински екосистем. За некој друг можеби фетиш му е некој определен вид па целиот аквариум ќе го прилагоди кон тој вик кој многу му се допаѓа. Ти например ако сакаш да уживаш во циклусот на животот односно раѓање на рипчиња, купи си живоротки (па за неколку месеци нема да знаеш што да им правиш).

;)
 
V

Vollstandig

Гостин
Компитабилноста на рибите е тешка работа, му предложив трихогастер ради темпераментот и начинот на пливање на рибите, а воедно и големината која ја достигнуваат. Тетрата е јатна риба, повеќе би опстоила оваа black skirt али помалите тетри, како неонки, за скаларот се одличен ручек. Биотопски, тетрите одговараат со скаларот, али само поголемие видови во јато.
 
Член од
22 февруари 2012
Мислења
61
Поени од реакции
6
Имам еден стар аквариум не е користен можеби 4-5 години.Ми стоеше во визба али сега сакам да си напрам за дома..али секако е валкан..со какво сретство смее да се исчисти едно друго..Имав претходно една рипка али ми умре по 2-3 год ја чував во кугла..сега сакам нешто појке..сакам да објасни некој ако може..и од кога ке набавам пумпа филтер едно друго колку време да ја оставам водата да купам ли некое средство? па подоцна на 1-2 недели кога треба да се цисти се празни менува 20 ;30% а новата вода да биде од чешма?Дај нека ми објасни некој ако сеуште има активни на форумов
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Стави го аквариумот во мијалникот и он сам ке се измие;)

За другото отом потом.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Имам еден стар аквариум не е користен можеби 4-5 години.Ми стоеше во визба али сега сакам да си напрам за дома..али секако е валкан..со какво сретство смее да се исчисти едно друго..Имав претходно една рипка али ми умре по 2-3 год ја чував во кугла..сега сакам нешто појке..сакам да објасни некој ако може..и од кога ке набавам пумпа филтер едно друго колку време да ја оставам водата да купам ли некое средство? па подоцна на 1-2 недели кога треба да се цисти се празни менува 20 ;30% а новата вода да биде од чешма?Дај нека ми објасни некој ако сеуште има активни на форумов
ретко ама се наоѓа :tapp:

а за аквариумот исчистиго со некое абразивно средство и убаво го исплави. Јас имав порано аквариум и вода од чешма му ставав и да ти кажам ова не е нуклеарна физика па да не можеш да се снајдеш :)
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Имам еден стар аквариум не е користен можеби 4-5 години.Ми стоеше во визба али сега сакам да си напрам за дома..али секако е валкан..со какво сретство смее да се исчисти едно друго..Имав претходно една рипка али ми умре по 2-3 год ја чував во кугла..сега сакам нешто појке..сакам да објасни некој ако може..и од кога ке набавам пумпа филтер едно друго колку време да ја оставам водата да купам ли некое средство? па подоцна на 1-2 недели кога треба да се цисти се празни менува 20 ;30% а новата вода да биде од чешма?Дај нека ми објасни некој ако сеуште има активни на форумов
:pos::pos::pos: си го помешал ти форумов дефинитивно.
:pos::pos::pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom