Еве ја ќе ти одговорам. Неонки не ти требаат нежни риби се и ги препорачувам на поискусни.Живоротките се одличен избор (ксифо,моли,гупи...)
Водата остави ја како што е, потребно е да биди стабилна пх вредноста на истата и да биди погодна за живот. Засади растенија, во тоа што го нарече “ситни камчиња“ во таков супстрат највеќе успеваат амазонките, а редовно ги има по пет-шоповите или барај акварист да ти даде неколку корења, од нив ќе зафатиш баеѓи низ цел аквариум и пловечка исто така земи си.
Амазонката не бара силно светло, така да ако имаш и наједноставна ламба, ќе успее.
Другите,претежно скапуваат во аквариум.
Незнам што литража имаш на аквариумот, и советите се тие претежно:
-Миј го филтерот 1 месечно строго со вода од аквариум.
-Вода менувај на 6-7 дена, и тоа 20-30 % од водата, при што кога празниш со црево усисаваш ѓубре од дното.
-Не ставај разни врсти риби, не ставај глупости,школки украси и слично. Само песок,дрво акваристичко, камења (што не се варовници) и треви.