Количката која ја менува фудбалската историја во Кочани

Ако некој не ги истрола уште појако па да им се појави со десетина вреќи вар, па да викне медиуми па соопштенија, па изјави... :pos:
 
Не, ја не можам овде да седам,​
Морам со количка линии да тргам!​
Дајте ми вар ја да си земам,​
И наши треви јас да си цртам:​
Со француска количка ја да се возам.​
Да бележам од кочани до скопје па и назаТ.​
 
Спремајте донација на Кајгана - 2 топки и пумпа.Па после и во Куратица тревокосачка.
ФК Тополчани ќе биле донатори на рефлектор.Па после збратимени места, ова она...
247006_10150201962663977_7223234_n.jpg
 
Леле дури и видео запис има хахахахаха :pos:

Глеј теренот позади, како playground за кртови ама битно ќе обележуваат со количката :pos:

http://www.athleticfieldmarker.com/...owrdriver-complete-athletic-field-marker.html

Чисто за споредба што се користи во Европа за обележување терени а што кај нас (донирано и тоа)
 
ова е само почеток... следен поклон и боја за количката ке донесат...


у африка да донираа вакво нешто па немаше толку да се потсмеваат како кај нас... која беда сме - не комшиите туку цел свет ни се смее!
 
Глеј теренот позади, како playground за кртови ама битно ќе обележуваат со количката :pos:

http://www.athleticfieldmarker.com/...owrdriver-complete-athletic-field-marker.html

Чисто за споредба што се користи во Европа за обележување терени а што кај нас (донирано и тоа)

А па да не донираа ?? Цццц ептен незадоволни сте бе, ќути и бележи терено со вар и рѓава количка :pos:
 
супер е ова. со рѓата може и за цртање улици за испрекинати-има боја нема боја има боја...

а да ни донираат и коњска кола со прскалка за гасење пожар.?
 
офтопик

.....досега владата на Јапонија, Норвешка и Финска се единствените земји кои даваат реални донации без никаква медиумска помпа (возила за брза помош, комунални возила, водоводна инфраструктура, бесплатни обуки на наши кадри во нивните држави, спонзорства на различни спортски и културни манифестации и многу други работи кои многу ретко добиваат медиумско внимание).....тука негде е и Холандија, но тие скоро секогаш своите донации ги промовираат медиумски.

...сите останати (французи, англичани и останатата багра) само се ослободуваат од својот отпад и нивните донации не чинат повеќе отколку сами да си ги купиме потребните работи

....ќе ни увалат бесплатно некоја машина исфрлена од употреба пред една деценија, ќе се испофалат дека нешто донирале, а потоа за сервисот, одржувањето и резервните делови ќе не чинат 5 пати поскапо отколку да сме купеле нова машина

....има една стара поговорка која вели...ако сакаш некого да нахраниш за еден ден дај му риба....ако сакаш да го нахраниш за цел живот научи го да лови риба

Во Јапонија постојат програми каде што на луѓето од послабо развиените земји им се пренесува знаење....односно јапонците стипендираат кандидати (вклучувајќи македонци) кои добиваат престој во Јапонија и добиваат знаење кое го пренесуваат врвни пензионирани и активни јапонски професори

а знаењето доколку се употреби вреди многу повеќе од една тенеќе количка која може да ја изработи било која средно опремена работилница од Македонија
 
И гледате утре реклама на Сител:
"Од досегашното искуство со локалните избори се покажа дека граѓаните нудат исклучително квалитетни предлози и проекти, затоа што Вие најдобро знаете што вие најпотребно за подобар живот.
Вашите идеи се реализираат во сите градови во Македонија.
Вие предложивте ние остваривме!

Идејата да се доведе количка за обележување терен во Кочани беше на Трпе Трајковски, дипломиран градежен инженер.

Вашите идеи и нашиот збор даваат резултати!
Испракајте ги вашите идеи по интернет на:
преку е-маил адреса: lokalniprogrami2013@vmro-dpmne.org.mk,
преку пошта на адреса: ул. Македонија бр. 17 а, Скопје
преку директна достава во седиштата на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Нови идеи за нови успеси!
ВМРО-ДПМНЕ"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom