- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.992
- Поени од реакции
- 16.432

Стигнавме и до претпоследниот турнир на Мастерс серијата 1000 (последниот е во Париз), а тоа е турнирот во Шангај, пракса беше до пред 3 години овој турнир да е на крајот од сезоната, на кого учествуваа најдобрите 8 тенисери, но на негово место сега е градот Лондон..
Во ланското финале Британецот го совлада Давид Ферер со 2-0 во сетови, 7-5;6-4 .
Британецот беше победник и во финалето во 2010 година, а предтоа во финалето во 2009 прв победник е Николај Давиденко.
Турнирот е со награден фонт од $ 3,531,600 .
Победникот освојува 669,450 долари и 1000 АТП поени, поразениот во финалето освојува 328,260 долари и 600 АТП поени.
Носители на турнирот:
1. Роже Федерер
2. Новак Ѓоковиќ
3. Енди Мареј
4. Томаш Бердих
5. Џо Вилфред Цонга
6. Јанко Типсаревиќ
7. Хуан Монако
8. Џон Иснер
9. Николас Алмагро
10. Марин Чилиќ
Ждреб(провизорен) на првите четворица носители:
Федерер
1 коло - слободен, 2 коло - Квалификант/Же Жанг, 3 коло - Вавринка, 1/4 финале - Чилиќ/Вердаско/Монако, 1/2 финале - Мареј/Иснер
Ѓоковиќ
1 коло - слободен, 2 коло - Андухар/Димитров, 3 коло - Лопез/Алмагро, 1/4 финале - Типсаревиќ/Хас/Троицки, 1/2 финале - Цонга/Бердих
Мареј
1 коло - слободен, 2 коло - Томиќ/Маер, 3 коло - Долгополов/Симон, 1/4 финале - Иснер/Гаске/Штепанек, 1/2 финале - Федерер/Монако
Бердих
1 коло - слободен, 2 коло - Сепи, 3 коло - Нишикори, 1/4 финале - Цонга/Раониќ, 1/2 финале - Ѓоковиќ
Повеќе информации на atpworldtour.com , официјалната страна на турнирот е срање тешко, но еве ако на некој му е потреба нека се информира shanghairolexmasters.com
Турнирот ќе се пренесува на Спорт Клуб, а во крајната фаза на турнирот, би требало и на програмите на Телма.