♛ Shanghai Rolex Masters ♛ | 05.10. - 14.10.2012 |

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.044
Поени од реакции
16.573
Shanghai+Rolex+Masters.png
Некако слаба заинтересираност на форумот „Тенис“ во последно време, но ајде да не ја кршиме традицијата која ја започнавме, па да отворам тема и за овој мастерс турнир, се надевам оваа недела ќе гледаме квалитетен турнир, и ќе има добра дискусија низ темата..

Стигнавме и до претпоследниот турнир на Мастерс серијата 1000 (последниот е во Париз), а тоа е турнирот во Шангај, пракса беше до пред 3 години овој турнир да е на крајот од сезоната, на кого учествуваа најдобрите 8 тенисери, но на негово место сега е градот Лондон..

EDD68FAEB8624A718D3427F722DA7B0F.ashx
Турнирот оваа година ќе биде осиромашен, на него нема да учествува Рафаел Надал, ниту неговиот сонародник Давид Ферер, од Топ 10 ќе го нема ниту Аргентинецот Дел Потро, но затоа тука ќе е првиот тенисер во светот, Швајцарецот Роже Федерер, Србинот Новак Ѓоковиќ, бранителот на титулата од ланската сезона, Британецот Енди Мареј..

Во ланското финале Британецот го совлада Давид Ферер со 2-0 во сетови, 7-5;6-4 .
Британецот беше победник и во финалето во 2010 година, а предтоа во финалето во 2009 прв победник е Николај Давиденко.
941EDCF741DA40B29BE965D40F39CB7B.ashx

Турнирот е со награден фонт од $ 3,531,600 .
Победникот освојува 669,450 долари и 1000 АТП поени, поразениот во финалето освојува 328,260 долари и 600 АТП поени.


Носители на турнирот:
1. Роже Федерер
2. Новак Ѓоковиќ
3. Енди Мареј
4. Томаш Бердих
5. Џо Вилфред Цонга
6. Јанко Типсаревиќ
7. Хуан Монако
8. Џон Иснер
9. Николас Алмагро
10. Марин Чилиќ

Ждреб(провизорен) на првите четворица носители:

Федерер

1 коло - слободен, 2 коло - Квалификант/Же Жанг, 3 коло - Вавринка, 1/4 финале - Чилиќ/Вердаско/Монако, 1/2 финале - Мареј/Иснер
Ѓоковиќ
1 коло - слободен, 2 коло - Андухар/Димитров, 3 коло - Лопез/Алмагро, 1/4 финале - Типсаревиќ/Хас/Троицки, 1/2 финале - Цонга/Бердих

Мареј
1 коло - слободен, 2 коло - Томиќ/Маер, 3 коло - Долгополов/Симон, 1/4 финале - Иснер/Гаске/Штепанек, 1/2 финале - Федерер/Монако

Бердих
1 коло - слободен, 2 коло - Сепи, 3 коло - Нишикори, 1/4 финале - Цонга/Раониќ, 1/2 финале - Ѓоковиќ

Повеќе информации на atpworldtour.com , официјалната страна на турнирот е срање тешко, но еве ако на некој му е потреба нека се информира shanghairolexmasters.com

Турнирот ќе се пренесува на Спорт Клуб, а во крајната фаза на турнирот, би требало и на програмите на Телма.
 
Ако биде како другите години (ултра споро) воопшто нема да гледам, да до таму сум со нервите од ова што се прави со терените....ги надминаа сите граници.

Фактот што таму актерот доминира, доволно зборува за тоа каква е подлогата.
 
Добро е, како и за Монте Карло, си го искористил логото на Ролекс, не е туку така то :D

Иначе, слабо сум со време, едвај успевам да се уклучам на форумов по неколку минутки дневно, камо ли да пишувам и отварам теми.

Psyside,

остај го актерот да дише :D
 
Moжe да гледам од четврт-финале ако Мареј стаса до таму. Не очекувам многу од него се до wtf во Лондон.

Инаку Србинот веројатно освојува ако не игра финале со Федерер. Или Јапончево може да изненади.
 
Какви се шансите Степанек да го добие Хјуит?
 
Од моја гледана точка, Федерер ќе освои. Но сепак ништо не се знае. Ова е мастерсот кој најмногу го сакам. Многу ми се допаѓаат терените во Шангај.
 
Ако биде како другите години (ултра споро) воопшто нема да гледам, да до таму сум со нервите од ова што се прави со терените....ги надминаа сите граници.
Фактот што таму актерот доминира, доволно зборува за тоа каква е подлогата.
Брза е подлогата, барем тоа денеска што го видов на неа, би требало да гледаме доста интересен турнир, елиминиран е Алмагро од Томи Хас, последниот решавачки трети сет Германецот го доби убедливо со 6-2, ме изненади со играта и не очекував негов пролаз во следна рунда.
Алмагро си ги намалува шансите да се најде на завршиот турнир во Лондон..
 
Ја едно знам, дека турнирот во Париз е најглупиот турнир за гледање, погледот преку ТВ е екстра грозен, топчето се движи поспоро од желка и скоро и да нема винери. Највеќе го мразам тој турнир.
Стрикно за Шангај, му давам најголеми шанси на Ноле, потоа следат Мареј и Федерер. Не знаеме Роџер во каква форма е, башка и не знаеме како ќе се однесува на теренот поради смртните закани што ги доби минатата недела, можно е тоа многу да влијае на неговата игра. Кажаа прееска на Спорт Клуб дека го чувале 20 кинески горили облечени во црно додека Роџер тренирал. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но се надевам дека тие закани се само измислица и обид да се заплаши Федерер.
 
Отиде Алмагро а? :DЛеле што прави Томи со неговите 34 години :drk::cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom