Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
500x1000px-LL-49498b79_d12.jpeg
 
Да не занае некој колку утакмици ќе пропушти Хауард на почетокот на сезоната?
 
Не кажуваат точно, затоа што не знаат... се зависи кога батката ќе биде 100% здрав. Хауард треба за титула, наспроти глупостите од Артест дека демек ќе бркале рекордот на Џордан и Булси. Не е ни битно кога ќе почне да игра Двајт. Може и подобро вака пошто новиот помошник тренер Еди Џордан ќе го уведува Принцетон нападот во играта на ЛА а Гасол е идеален центар за тоа... полесно ќе иде уходувањето -помалку фрустрации на почеток.
 
Да во право си не е битно кога ќе почне треба да е спремен 100%,ама одвај чекам да ја видам цела стартна петорка на терен делуваат страшно:vozbud:
 
ОК, ајде малку теорија... погледајте ги анализите на типов, за идната игра на ЛА. Не е баш некој спикер а и анализите се донекаде плитки ама во секој случај лесно е за следење и интересно е... :
 
Howard битребало за утакмицата со Далас да се врати 100% како што е тргнат а и да пропушти нема сигурно да има многу утакмици пропуштено.
 
Нема милост и Неш, уште на претсезонските почна со вакви потези, можам да замислам како ќе биде кога ќе почнат озбилно да играат...
Реално да збориме, не дека навивам за Лејкерс али мислам дека ова е еден од најкомпактните тимови во НБА, само кога ќе видам дека го имаме Неш на плеј одма ми станува јасно на кое ниво е тимот. За центарскиот тандем не треба да се трошат зборови, Коби не го ни спомнувам, од друга планета е, Мирослав има бубачки у тоа тимбата но сепак е најдобриот дефанзивец во лигата и колку и да го хејтаме во одредени моменти кога прави глупости на терен мора да кажам дека и он е еден многу битен играч за тимов, особено во одбраната, многу работи зависат од него.
Е сеа доаѓаме до еден многу битен момент а тоа е клупата. Значи лани во тој поглед бевме МИЗЕРИЈА, за греота, со 8 играчи играше Браун, Марфи и Мек Робертс не се за тим како Лејкерс, дрва дрвосани, а во денешно време срамота е еден тим да игра со 8 играчи. Оваа сезона како измени ги имаме Блејк и Духон на позиција 1, на 2 е Џуди Микс, на тројка Ибенкс кој лани се покажа одлично и лично на мене многу ми се допаѓа како играч, нешто како Ариза е, на 4 и 5 ги имаме Џордан Хил и Антоан Џејмисон, овој вториот е екстра засилување, играч што има мека рака и може да игра и на позиција 3, а ја покрива и позицијата 4 и знае да игра под кош. Би требало да имаме луда сезона, едвај чекам да почне лигата. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom