Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Од Dawn of the dead, до дрвото што е зомбито.
Се мислев дали е од Re-Animator или тоа. Инаку тек сега го заприметив на долниот агол од лево го нацртале и Toxic Avenger со се метлата :pos:. Не се нормални.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 17:10 ---
94% на rottentomatoes...

Изгледа одлично.

Викаат најдобар тајм травел филм што дошол во кино после Back To The Future трилогијата, а и дека Брус Вилис дека си се вратил пак на стариот добар себеси после филмовине како Сурогати и Cop Out.
 
Викаат најдобар тајм травел филм што дошол во кино после Back To The Future трилогијата, а и дека Брус Вилис дека си се вратил пак на стариот добар себеси после филмовине како Сурогати и Cop Out.
I'm hyped, се чека двд-рип. Иначе првпат кога го изгледав трејлерот се прашував кај е бре Гордон, нели е главна улога?? Тек после сконтав. :D
 
I'm hyped, се чека двд-рип. Иначе првпат кога го изгледав трејлерот се прашував кај е бре Гордон, нели е главна улога?? Тек после сконтав. :D

Можеле само да го остават Гордон како што си изгледа природно да биде во филмов и да речат "meh, close enough" ама кул е што се одлучиле да го направат да заликува на Вилис. На моменти од трејлеров кога го гледав стварно како да го приметував Вилис од времето на Moonlightning. Oсвен косата. Човекот секогаш ми е во глава или проретчен или ќелав.
 
Ми текна прееска на еден филм ама незнам како се викаше а сакав да го гледам, па ајде може на некој од вас и ќе му текне.

трилерче е сличен на Seven . Се работи исто со детективи кој имаат случај со убиства за откривање . Случајот е тоа што некој тип убива луѓе и им зима по еден ден од телото(рака,нога,глава инт) за да го изгради Исус. Последно што му треба е срце од бебе . Ако на некој му текне името или некој глумец од филмот ќе ми биде од голема корист и помош:Фала.
 
http://www.imdb.com/title/tt0142804
 
The Expendables 2 - прирачник како се прави одлична акција.
Даааалеку е подобар од првиот дел, имаше толку добри звучни ефекти што се освен да го гледа човек во кино ќе биде впечаток помалку. Случајно отидов до Милениум на проекцијата денес и го добив тоа што го очекував. Како што имаше еден коментар на имдб - The Avengers of action movies.
Одлична акција, МНОГУ кршење кичми, многу прскање крв, се тоа проследено со многу хумор.
Има добри реплики, на пример овај црнецов му вели на Шварценегер - Ќе те згмечам ко Терминатор. :D Во една сцена исто Шварци вика - I AM BACK. Во третата сцена му вика на Брус Вилис - надвор сум од муниција. I'LL BE BACK!!! И овој му вели - NO, I'LL BE BACK :D

Најјак момент беше кога се појави Чак Норис. :vozbud: Сталоне го прашува демек слушнав приказна за тебе дека те каснала кобра. И овој го гледа и му вели - да да, точно е тоа, после цели 5 дена во агонија... кобрата умре. :pos:

Одлична акција, исто ко за првиот дел - очекував само акција и тепачки до бесвест, и го добив тоа. Приказната е подобра отколку во кецот, најмногу поради тоа што Ван Дам е негативецот во овој дел.
 
А мене па ми беше тапа, исто како кецот...Само епик борбата на крајот би ја издвоил и толку.
На Ван Дам не му одговара улога на негативец и се глеаше тоа, чуден беше, а и неговиот лик не беше изграден уопште за да ме заинтересира. Ландгрен е карикатура у филмов, а би требало он и Сталоне да бидат у преден план али го ставаат Статам за да привлечат нови генерации да го гледаат филмов. Имаше и у овој многу сецкање - сега трчаат, оп сега летаат, оп сега прават нешто друго...А акцијата, го даваат Чак Норис на пр. иде и си пука и цело време него го гледаш а у што пука кого тамани тоа не е важно, итн...Има една сцена кога седат у бар, се гледа дека Сталоне се обидува да ја долови онаа атмосфера од порано ама не функционира...Oна што очекував од Експ 1 и 2, добра олд скул акција, го добив од The Raid.
 
Пак Џони со оваа другарка му во филм, пак под шминка целиот, пак исти фаци ми праи некако во трејлеров како во сите последни негови филмови.
Му е гајле, си лапа пари битно...
 
Ова е супер листа на 50 најдобри филмови кои најавтентично го доловиле ''духот" на Лос Анџелес.Сигурно филм како Them( гигантски мравки кои го напаѓаат градот, плус тоа филмот за денешни стандарди е жива смешка ) не би се нашол во мојата листа, но за другиве немам замерка.
 
+ Crash .
 
Сега збориме за вистинскиот Краш така? :)
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 16:07 ---
Ова е супер листа на 50 најдобри филмови кои најавтентично го доловиле ''духот" на Лос Анџелес.Сигурно филм како Them( гигантски мравки кои го напаѓаат градот, плус тоа филмот за денешни стандарди е жива смешка ) не би се нашол во мојата листа, но за другиве немам замерка.
Ej... кај е Falling down??? :mad:
Мислам тој филм ептен е LA до коска, мултикултурен, насилен, крими и баш онака легендарен филм. Наместо тоа го ставиле Blade Runner кој е супер филм освен што се одвива во иднината и нема блага врска со ова :) Што не го ставиле и Demolition Man кој се одвива во Сан Анџелес? :) Исто не ги видов LA Confidential и Crash што го спомна zee German. И Beverly Hills Cop :) За други филмови ќе треба да се помислам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom