А бе не мора дупло да ги поефтинуваат цените, доволно е и за 20% да бидат поефтини од другите, за да се раздвижи конкуренцијата.
Но лошото е што ако се постојано се форсира ниска цена, пропорционално и ке се снижи квалитетот на производот, бидејки од некаде ке треба да се скрати. За да се добие ефтин производ треба ефтни да се суровините од кој е произведен производот.
Главната грижа не треба да ни бидат ниските цени, треба да форсираме квалитет на производите. Отстранување на пестициди, шетни материи од месните производи и квалитетот на храната за домашните животни кои потоа ние ги јадеме, потоа млека во прашаци, адитиви во бели пецива, хибридни овошја и сл. Од технологијата треба да произведуваме поефикасни производи, кои трошат помалку енергија, кои не ја оштетуваат околината, а преку околината да не не оштетуваат нас луѓето и останатиот жив свет, уреди кои ке имаат помало штетно зрачење и тн.
Ние како држава ако го зголемиме производството и главна цел на секоја фирма е да произведе квалитетен производ мислам дека многу повеќе ке ни се зголемат платите т.е стандардот него ако главната цел на фирмите е да создадат ефтин производ.
Пример: Сите ние најмногу сакаме да јадеме Милка чоколада, без разлика што таа е најскапата чоколада на рафтовите во маркетите. Зошто?
Значи се треба да се насочиме кон квалитет, не кон квантитет. Исто така и квантитетот на производство е директно поврзан со цената. Што повеќе количински една фирма произведува, тоа по исплатливо и е да ја намали цената на производот, затоа што има голем обрт на пари. И тоа е главниот проблем кога ке кажеме големите риби ги јадат малите.
Пример, поради преголемо форсирање на ниска цена за производ, денес постојат автомобили кои на ново се продаваат за 5-6000 евра. Ама колку се безбедни, т.е колку квалитетно се изработени?
Си слушнал ти за брендови, пример патиките на Најк ке ги платиш 100 евра само дека се на најк а ти на Хајк ке ги платиш смао 20 евра, но и на едните и на дригите квалитетот им е тука некаде затоа што и едните и другите се праат у Кина . Исто е и кај автомобилите имаш право на Избор ако ти бараш евтина цена на сметка на другите перфоманси тогаш имаат досетливци кои ке ти ја овозможат таа можност пример индиецот од Тата Мобил кој што своите количиња налик на Спарк ги продава за 2000 долари или 1500 евра со исти или слични перфоманси на Спарк а истиот Спарк тие е некои 6-7000 евра док има оваца биче и вуне