Карфур предизвика пад на цените и ја раздвижи конкуренцијата, колку време ќе траат ниските цени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
А бе не мора дупло да ги поефтинуваат цените, доволно е и за 20% да бидат поефтини од другите, за да се раздвижи конкуренцијата.
Но лошото е што ако се постојано се форсира ниска цена, пропорционално и ке се снижи квалитетот на производот, бидејки од некаде ке треба да се скрати. За да се добие ефтин производ треба ефтни да се суровините од кој е произведен производот.
Главната грижа не треба да ни бидат ниските цени, треба да форсираме квалитет на производите. Отстранување на пестициди, шетни материи од месните производи и квалитетот на храната за домашните животни кои потоа ние ги јадеме, потоа млека во прашаци, адитиви во бели пецива, хибридни овошја и сл. Од технологијата треба да произведуваме поефикасни производи, кои трошат помалку енергија, кои не ја оштетуваат околината, а преку околината да не не оштетуваат нас луѓето и останатиот жив свет, уреди кои ке имаат помало штетно зрачење и тн.
Ние како држава ако го зголемиме производството и главна цел на секоја фирма е да произведе квалитетен производ мислам дека многу повеќе ке ни се зголемат платите т.е стандардот него ако главната цел на фирмите е да создадат ефтин производ.
Пример: Сите ние најмногу сакаме да јадеме Милка чоколада, без разлика што таа е најскапата чоколада на рафтовите во маркетите. Зошто?
Значи се треба да се насочиме кон квалитет, не кон квантитет. Исто така и квантитетот на производство е директно поврзан со цената. Што повеќе количински една фирма произведува, тоа по исплатливо и е да ја намали цената на производот, затоа што има голем обрт на пари. И тоа е главниот проблем кога ке кажеме големите риби ги јадат малите.


Пример, поради преголемо форсирање на ниска цена за производ, денес постојат автомобили кои на ново се продаваат за 5-6000 евра. Ама колку се безбедни, т.е колку квалитетно се изработени?


Си слушнал ти за брендови, пример патиките на Најк ке ги платиш 100 евра само дека се на најк а ти на Хајк ке ги платиш смао 20 евра, но и на едните и на дригите квалитетот им е тука некаде затоа што и едните и другите се праат у Кина . Исто е и кај автомобилите имаш право на Избор ако ти бараш евтина цена на сметка на другите перфоманси тогаш имаат досетливци кои ке ти ја овозможат таа можност пример индиецот од Тата Мобил кој што своите количиња налик на Спарк ги продава за 2000 долари или 1500 евра со исти или слични перфоманси на Спарк а истиот Спарк тие е некои 6-7000 евра док има оваца биче и вуне
 
Друже во сегашниве пазарни услови ова ниво на цени може да биде одржливо на краток рок, сметај го ова како еден промотивен период со цел да се позиционира на пазарот гореспомнатиот бренд, а потоа се ќе си биде по старо дури и може да биде поскап од конкуренцијата, што се однесува до вработените внатре работат како црнци во две смени за 9500 денари месечно со прекувремени саати за кои уште на интервјуто за работа им беше кажано да не очекуваат надоместок туку да бидат ЕНТУЗИЈАСТИ во работата, ова е само давање можност на гладната маса народ како нас да види три дена чудо во кој три дена се покажа дека еден обичен тоалет хартија ни привлекува внимание, за време на глад и гз папир ќе почнеме да јадеме:)

Не реков со овие цени да продолжат вака, знаеме дека овие екстра ниски цени за разлика од останатите маркети се само заради промоција. Но можат барем за некој процент да ги симнат цените на добар дел од производите да речеме за 4-5 денари што воопшто не е малце, конкуренцијата е здрава работа а овие од Карфур посебно се доста паметни (не за џабе имаат ланец маркети низ цела Европа). Е сега профитот на другите доста ќе им се намали и ќе се трудат сите да понудат што подобар производ за пониска цена и ќе работат со многу помал профит, а не како сега некои маркети да прават по 10.000 чист профит на месечно ниво а имаат 20+ маркети. Е сега наместо 10+ ќе имаат максимум 6-7 што и не е така малце.

Ова за 10+ го кажувам конкретно за еден маркет од нашиот град, камоли и кај нас вакво нешто да имаше .. а сепак да не ги потценуваме и овие 2000~ вработувања кои се какво-такво раздвижување во нашава скромна економија.
 
Денес сабајле првпат отидов пошо близу мие и да избегнам гужви. Земав некое енергетско за 19 денари, којзнае што чудо е. Интересно е што има големи намалувања на цени на основни прехранбени продукти млеко, сирење (29 ден парче вардарско ) кисело млеко ( исто такав вардарско 9 ден) шекер итн да не набројувам. Интересно е видов и во бугарскиот карфур има нонстоп акции и цените се од 10 па се до 50% поефтини, така да очекувам повеке вакви акции и во иднина. Реално за 500-600 денари потрошени човек ке заштеди уште толку. Тинекс и остали маркети можат маржата од 30% да си ја напикаат во путето. Значи не е само ефтина цената туку и продуктите што се поефтини се солидни, и сеа баш ме интересира како ке реагираат другиве маркети пошо глеам Тедико, СП маркет тука празни се само по една касиерка работи..али ке стивне ова па ке видиме.
 
Браво за Керфур. Ако продолжат вака ке ја раздвижат конкуренцијата и ке снижат цени на основни продукти. Ама во каталогот гледав дека многу од нивните производи се од нив, носат ознака керфур(исто како што е кај Тинекс со екстра и во Кам со камко) а тие не се произведуваат кај нас.
 
Браво за Керфур. Ако продолжат вака ке ја раздвижат конкуренцијата и ке снижат цени на основни продукти. Ама во каталогот гледав дека многу од нивните производи се од нив, носат ознака керфур(исто како што е кај Тинекс со екстра и во Кам со камко) а тие не се произведуваат кај нас.

Не може бе некој да го сликне тој каталог или да го скенира и да го постира на интернет.Колку глупаво од страна на Carrefour што нема електронски каталог па мајку му еден КАМ од време на време пушта по некоја слика на фејсбук со некоја си нивна акција.Не сите добиле каталог низ градот а баш ме интересираат некој си нивни цени а ради гужвата немам шанси да отидам и да видам што како има.
 
Браво за менаџментот. И те како го размрдаа пазарот и конкуренцијата ќе го спушта тоа што го билдаа.
 
U Tinex demek imale popust od 3-5 oktomvri na nekoi proizvodi, vlagam u Zebrea toj Tinex da si zeam nesto za pat, luge cekaat za tamu nekoi proizvodi so rekle ke ima popust, ovie vrabotenive im vikaat ama nemame nova pratka stignato, ni se potrosi robata, uste od vcera cekame :pos:Sami se zakopuvaat.

Bravo za gospodin gospodin Tinex. (y)

Така е, тоа е финта да се навлечат луѓето, баш пишав и на City Mall темата за ова. Од 6 производи кои ги нудеа (исти според пакување и грамажа како во Mall-от), имаа само една Нивеа за туширање, а и таа сакаа наместо 62, да ми ја наплатат полна цена - 157 денари! Секако, не ја купив.

Заклучок: Дедо Мраз не постои, а чичко Тинекс не дава попуст.
 
Карфур предизвика пад на цените во Скопје и ја раздвижи конкуренцијата, колку време ќе траат ниските цени?

2A021714F0560E41839E2086F9930180.jpg
Пониските цени во новиот хипермаркет поттикнаа некои маркети во Скопје да ги намалат цените на одредени производи
Деспина Траjковска

И вториот ден по отворањето на хипермаркетот „Карфур“ реки народ со натоварени ќеси излегуваа од новиот трговски центар. Други, пак, со нетрпение очекуваа да влезат бидејќи поради големата навалица, влезот во хипермаркетот беше регулиран со обезбедување, кое вчера на секои дваесетина минути пропушташе групи потрошувачи.

Гледано од страна, човек да се запраша толку ли е евтино, што е тоа што го има таму, а го нема во другите маркети? И, додека во „Карфур“ врвулици од народ се разминуваа по рафтовите, во другите поголеми маркети во Скопје атмосферата беше неспоредливо поразлично. Но, сепак, далеку од вообичаената. Во некои од нив, сведочат одредени дистрибутери, речиси и да немало потреба од надополнување со роба, што инаку им било вообичаена секојдневна активност. Во „Карфур“, пак, одредени рафтови се празнеа за час, дотур на стока на некои производи се вршеше на секои дваесетина минути, се' течеше како на филмска лента. Но, тоа не беше случај и на касите, кои втор ден по ред дали од турборабота или од други причини, на моменти се блокираа. Потрошувачите што вчера ги затекнавме пред „Скопје сити мол“ излегуваа натоварени со најмалку 7-8 кеси од „Карфур“. Секој од нив имаше различно искуство и впечаток.

Некој дошол да пазари од љубопитност, некој да провери дали навистина некои производи буквално се со преполовена цена во однос на другите на пазарот, а други само за да ги споредат цените со другите големи маркети во градот. Дел од оние што пазареа рекоа дека дошле дури од Сопиште, имаше граѓани и од Скопје Север. Сепак, вчера најбројни беа пензионерите, некои поради ниските пензии, а начуле дека во „Карфур“ е евтино, други, пак, само од љубопитност, и онака градскиот превоз вчера им беше бесплатен.

Но, сите тие граѓани констатираа дека францускиот синџир маркети го раздвижи пазарот. Конкурентните маркети (не)очекувано почнаа со слични акции и тоа на сродни производи кои во „Карфур“ овие два дена се по багателни цени. Останатите скопски маркети „удрија“ на рекламирање, одредени производи преку ноќ почнаа да ги продаваат по цени двојно, па и тројно пониски од вообичаените. Купувачите што случајно се затекнаа во овие маркети, а не знаеја за намалувањата, земаа по неколку парчиња од еден ист производ, бидејќи, како што велат, не се знае кога повторно ќе начекаат така ниски цени.

Сепак, некои маркети продолжија само со вообичаените викенд или неколкудневни акции на одредени производи со верување дека „треската“ што ја предизвика „Карфур“ ќе трае кусо, само неколку дена. А, дали е така, ќе покаже времето. Но, факт е дека на Скопје му требаше хипермаркет од ваков тип и тоа токму во време кога перманентно се бележи пад на потрошувачката моќ на граѓаните како резултат на секојдневниот раст на цените.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=13341F06FC651A439820CDF2BD9ECBDE


Мајка ми вчера беше од љубопитност да види што како и кажа дека цените се намалени, така шеќер од 850 gr. кој во обична продававница е околу 50 ден. ваму бил 29 ден. но имало еден трик колку повеќе земаш и ќе доплатиш. Ниски цени имало на скоро се, додека најевтиното пиво било 19 ден. ( не знам какво ), а оризот негде околу 30/35 ден. за 900 gr.. Ако останат вака цените, навистина се исплати-но кај нас се убаво кратко трае..Се надевам дека нема на крај да испадне само маркетиншки трик.
До 20-10-2012 трае попустот.

Не изигравајте луди да правите гужва има гхолема залиха и има за сите гладни кокошки кои просо сонуваат!
Не се ПОМИНУВАШЕ од таму зашто имаше измешано миризби од парфреми,пот,смрдливи нозе,прдешки............ и вистинско чудо е како на некој не му се слоши или онесвести.Кој би знаел?
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 15:40 ---
Не реков со овие цени да продолжат вака, знаеме дека овие екстра ниски цени за разлика од останатите маркети се само заради промоција. Но можат барем за некој процент да ги симнат цените на добар дел од производите да речеме за 4-5 денари што воопшто не е малце, конкуренцијата е здрава работа а овие од Карфур посебно се доста паметни (не за џабе имаат ланец маркети низ цела Европа). Е сега профитот на другите доста ќе им се намали и ќе се трудат сите да понудат што подобар производ за пониска цена и ќе работат со многу помал профит, а не како сега некои маркети да прават по 10.000 чист профит на месечно ниво а имаат 20+ маркети. Е сега наместо 10+ ќе имаат максимум 6-7 што и не е така малце.

Ова за 10+ го кажувам конкретно за еден маркет од нашиот град, камоли и кај нас вакво нешто да имаше .. а сепак да не ги потценуваме и овие 2000~ вработувања кои се какво-такво раздвижување во нашава скромна економија.

За да овозможат вработување на 2000 луѓе,растурија профитабилни фабрики кои вработуваа по 5-20000 луѓе,кои не се буткаа како стоки за да дојдат до поефтин со никаков (ш-класа) квалитет производ
 
јас бев вчера
ме пуштија на влез зашто бев со количка со мало дете, не чекав
ме изгураа додека пратев цени и пазарев
сите зимаа некој прашок за 100 ден кој на каса излегуваше повеќе, еден пред мене направи таква гужва за него што ја ке го исфрлев од тука
земав 2 шеќера по 29 ден и ме сретна една тетка ми вика НЕ ТОА НЕЕЕЕ радиокативен е од Алжир е, враќај тоа...
грав за 65 ден ориз за 35...наше производтсво...
навала за 9 ден кисело млеко на кое никако нема до кога му трае рокот...
не земав ништо од тоа уствари земав банани за 29 ден
има каса за мајки со деца аххххххххх:)

чекав сат ипол да наплатам
......:(
 
јас бев вчера
ме пуштија на влез зашто бев со количка со мало дете, не чекав
ме изгураа додека пратев цени и пазарев
сите зимаа некој прашок за 100 ден кој на каса излегуваше повеќе, еден пред мене направи таква гужва за него што ја ке го исфрлев од тука
земав 2 шеќера по 29 ден и ме сретна една тетка ми вика НЕ ТОА НЕЕЕЕ радиокативен е од Алжир е, враќај тоа...
грав за 65 ден ориз за 35...наше производтсво...
навала за 9 ден кисело млеко на кое никако нема до кога му трае рокот...
не земав ништо од тоа уствари земав банани за 29 ден
има каса за мајки со деца аххххххххх

чекав сат ипол да наплатам
......:(
Таква гужва не сум видел ни во веро за нова година
 
Успеав да влезам рано утринава, и можев да видам некои работи, додека не се направи ненормална гужва. Се разграбувааа рафтовите со роба на промоција, но сакам да напоменам некои лични забелешки. Освен касиерките, сите оние кои разнесуваа роба, до оние кои контролираа, беа Бугари, и збореа чисто бугарски со сите кои ги прашуваа за информација.
Робата која е увозна , со ознака на Карфур е најчесто од Полска,а голем дел и од Бугарија и очигледно по декларациите наменета за Бугарскиот ланец на Карфур.
Земав некои работи што се на попуст, на пример, да , кока кола (наша) беше 45 денари за 3 купени лименки од 330 мл. ама нагласено дека е лимитирано до 3 лименки по купувач, кисело млеко навистина 9 ден. за 350 гр. , сирењето 95 ден за кг. (ама е многу меко, ко урда:)).
Да не тегнам многу, нај интересно беше 2.5 лит. сок газиран (бугарски) за 15 ден., не е лош го пробав, лименка кола 330мл. (француска) 18 ден., пробав, убав вкус.....
Најубав дел за мене - Конигсберг пиво 500мл. , во каталог 29 ден. во Карфур е 19ден. :vozbud:
не знам кај е грешката, 19 ден. беше на рафт, толку и ми е на фискална , земав 2 за да ги пробам ,ама приметив некои бајаги ги “танкираа“ количките со пиво....:icon_lol:
На каса окапав и се опцув што воопшто влегов, лесно влегов ама излегувањето е мака, а земав само некои ситници...А имаше богами огромен дел со преполни колички...И повторно на каса се мотаа некои како инструктори све до еден Бугари и на бугарски им објаснуваат на нашите вработени....
Очигледно е дека освен оние продукти на промоција , другите цени се како и секаде низ градов, но добро е што се “разбудија“ и Тинекс и Веро и другите , кои се најдоа затекнати дека некој им го зезнува договорот да билдаат цени на грб на купувачите......
Се надевам дека Карфур ќе биде иницијатор да се сменат работите на подобро, да има нормални цени , а купувачите да си купуваат нормално, а не како деновиве, како да сме во пред воена состојба, па се билдаат ненормално залихи од храна и детергенти.....
П.С. : не ја приметив фамозната тоалетна хартија која ја грабаа на отварањето, ја разграбале комплетно.....:pos:
 
јас бев вчера
ме пуштија на влез зашто бев со количка со мало дете, не чекав
ме изгураа додека пратев цени и пазарев
сите зимаа некој прашок за 100 ден кој на каса излегуваше повеќе, еден пред мене направи таква гужва за него што ја ке го исфрлев од тука
земав 2 шеќера по 29 ден и ме сретна една тетка ми вика НЕ ТОА НЕЕЕЕ радиокативен е од Алжир е, враќај тоа...
грав за 65 ден ориз за 35...наше производтсво...
навала за 9 ден кисело млеко на кое никако нема до кога му трае рокот...
не земав ништо од тоа уствари земав банани за 29 ден
има каса за мајки со деца аххххххххх:)

чекав сат ипол да наплатам
......:(

Ih se se proveruva na granica dali e radioaktivno ,
ama aj
 
Којзнае што ѓубре од храна продаваат.
 
Којзнае што ѓубре од храна продаваат.
И јас на ова помислив.Кој контролира во оваа држава што од каде доаѓа и дали е исправно.
15 денари за 2,5 л некојси бугарски сок.Кисело млеко 9 денари.Мислам стварно??Јас одма би се посомневал.
Земаат грабаат ,рок ич не гледаат.Битно е хипер евтино.:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom