Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас би у Скопје бре. Продавам нивчето и цепам Скопје ко секој нормален у последниве 50-60 години...тука у провинцијава немаме интернет,вода,струја... уште користиме видео и грамофони. Кога почнува полат брат ми оди на покривот да ја мести антената да биде сликата џам. :place:
 
Maкедонија на Македонците, Скопје на Скопјаните.
Не за џабе Никола Карев и дружината си ја крстиле Крушевска Република , знаеле дека не чека вакво време на поделби, претпоставиле
 
Не е поентата кој каде сака да живее, туку кој каде може да опстане !
Животов во Скопјево е доста поскап отколку во некои помали гратчиња ............... за да стигнеш од еден до друг крај на град треба да возиш накај саат време и тоа низ густ сообраќај и семафори, а бензинот е доста скап, храната мора да ја купуваш од продавници и пазари, бидејќи во урбана средина мало морген бавчи, стока такви работи ........... за греење зимно време или на парно или на струја, а и двете се изгор скапи решенија, комуналиите и даноците се доста повисоки ......... на пр. само ѓубретарината(за една просечна куќа приземје+спрат во приградска населба) е 1000 ден. овдека, нешто што не е случај во помалите градови низ државава каде е петкратно пониска и ред други работи !
Јас сум Скопјанец, но имам роднини во провинција и знам како живеат, пошто градовите се помали можат пешки или со точак да си отидат до школо, до работа... немора да користат ниту автомобил, ниту пак автобус... храната сами си ја произведуваат т.е. имаат бавчи, имаат стока(свињи, кокошки и.т.н.), имаат во дворовите водни пумпи, бунари... готват и се грејат на дрва, вода за бањање исто грејат во котли на оган, самите си месат леб дома, комуналиите и даноците им се пониски тоа со сигурност ви го тврдам, на пр. за иста куќа таму ѓубретарина е 200/250 ден. месечно а сметките за струја и вода им се доста пониски, бидејќи и не ги користат многу овие работи, си имаат алтернатива !
А од друга страна имаат чист воздух во изобилство, здрава и природна храна, природа... еххе да ама они биле сељаци, а ние сме граѓани кои што сме затворени во конзерви од 50/60 квадрати и се околу нас е асфалт и бетон, милион коли, загаденост 200%, работа-дома-дома-работа и секако најголема дружба со ПЦ и интернет !
П.С. е сега некој ќе рече боље е во Скопје тука имало работа, имало повисок стандард/плати ............. како да не еве гледам сите до еден во Скопјево работат и тепаат огромни плати, тоа само одреден процент инаку и овде е тапа и има доста невработени и платите се во аут !

Не е работата за опстанок. Секаде ќе преживееш. (не зборам за екстремни случаи)
Работата е кај ти е најудобно за живот. Животот во Скопје е поскап да ама ...
За да стигниш некаде ти треба многу време. Ама не е проблемот во скапотијата на бензинот како шо кажваш ти. Работата е како наједноставно да средиш работа. Имаш некаква потреба и нормално е да ја реализираш најбрзо шо можиш.
Одење до работа во Ск ти е околу пол сат во просек, одење на друго место е 5 мин. (+ 25 мин да правам шо сакам дури ти се потиш во автобус или му свириш на говедото пред тебе шо заспало на семафор)
Храната и ти и јас ја купваме од супермаркети како Веро Тинекс, а бавчата можи ти држи вода ако имаш потекло од аграрна фамилија.
За Греење сум се греел со сите комбинации шо ги спомна и можам да кажам дека во Ск ти се дури и поефтини.
Превоз со точак. Незнам оти ама познавам многу повеќе луѓе шо работат во Скопје и шо користат точак/моторче за да одат до работа баш поради цела џунгла шо ја има скопјето, наспроти мнозинството во црнава провинција шо се возат со коли а точакот го чуваат за релаксација поручек.
 
Скопје со тие работи на сликата кои според тебе се "нашлакани" стана метропола, ама на кој да се каже. Ајде, ако толку не ви се допаѓа Скопје зошто овде идете на шопинг и студирање? :P
не знаев дека метропола се станува со триумфална порта и 30 метарски споменик на алекс д грејт...
 
не знаев дека метропола се станува со триумфална порта и 30 метарски споменик на алекс д грејт...

A замисли вакви зданија да нашлакаа во Демир Хисар...:icon_lol:
 
одговор: СТРАНСТВО (Германија или Австралија)
како и да е.. ајде на анкетава ќе си се изјаснам за Прилеп (е сеа ако прилеп е провинција.. :tapp: )
а секој од кај што си потекнува ќе си гласа, никој не сака да си оди од дома...
незнам на кого е насочена анкетава? на некои доселеници од странсво кои се мислат каде да се населат..
се знае скопјани сакаат во скопје.. дел повинцијалци во скопје , дел дома....

само што на скопјани им е понижувачки да се преселат од скопје во провинција....

знам дека никој нема да прочита..али ајде да си пишам
вака седев во стан во центар до нас комшии имавме „стари“ скопјани што не мразеа (нз зошто, веројатно оти секое сабаље ги поздравувавме до добро утро, а тие намќори ни а ни б)... често седевме на тераса, така на цигарче и кафенце... и често им ги слушавме караниците дома (не дека сакавме ама неможевме да ги игнорираме, пошто беа ептен гласни)
караниците беа заради сиромаштијата на семејството, како неможеле убава работа да најдат, и таму ред работи, а имаа 3 деца мислам, а трособен стан што го делеа со бабата и дедото

е сеа што ми е поентата... не ми е јасно зошто се жалат? кога лежат на богатство. станот би му вредел минимум 70000 - 80000 илјади евра... со тие пари во Прилеп може да си купи двокатна куќа (30000 или 40000) да си се пресели со целото семејство и со остатокот од парите да си почни некој мал бизнис..
незнам која е поентата да се задржиш на едно место, кога во тоа место немаш услови за живот..

скопје е релативно поскап град од другите, иста цена имаат само прехрамбените продукти.. во скопје имаш парно, екстра бензин за во скопје, кафичи, облека .... итн итн
 
Нека се вложи 50% од тоа што е вложено во Скопје последниве 10 години низ цела Македонија никој не ќе ни помисли на Скопје.
Јас сум од Струга, убаво ми е тука но фали урбанизација, за која и да било поголема работа да ја завршам треба да тркнам до Скопје. Би сакал да имам едно станче таму да можам да останам и на подолго време кога имам потреба но никогаш не би се префрлил да живеам. Нека сватат Скопјани дека провинцијалците не одат таму на провод туку на "печалба" пошто освен продавач и конобар ништо друго неможе да се работи во останатите градови/села
 
одговор: СТРАНСТВО (Германија или Австралија)
како и да е.. ајде на анкетава ќе си се изјаснам за Прилеп (е сеа ако прилеп е провинција.. :tapp: )
а секој од кај што си потекнува ќе си гласа, никој не сака да си оди од дома...
незнам на кого е насочена анкетава? на некои доселеници од странсво кои се мислат каде да се населат..
се знае скопјани сакаат во скопје.. дел повинцијалци во скопје , дел дома....

само што на скопјани им е понижувачки да се преселат од скопје во провинција....

знам дека никој нема да прочита..али ајде да си пишам
вака седев во стан во центар до нас комшии имавме „стари“ скопјани што не мразеа (нз зошто, веројатно оти секое сабаље ги поздравувавме до добро утро, а тие намќори ни а ни б)... често седевме на тераса, така на цигарче и кафенце... и често им ги слушавме караниците дома (не дека сакавме ама неможевме да ги игнорираме, пошто беа ептен гласни)
караниците беа заради сиромаштијата на семејството, како неможеле убава работа да најдат, и таму ред работи, а имаа 3 деца мислам, а трособен стан што го делеа со бабата и дедото

е сеа што ми е поентата... не ми е јасно зошто се жалат? кога лежат на богатство. станот би му вредел минимум 70000 - 80000 илјади евра... со тие пари во Прилеп може да си купи двокатна куќа (30000 или 40000) да си се пресели со целото семејство и со остатокот од парите да си почни некој мал бизнис..
незнам која е поентата да се задржиш на едно место, кога во тоа место немаш услови за живот..

скопје е релативно поскап град од другите, иста цена имаат само прехрамбените продукти.. во скопје имаш парно, екстра бензин за во скопје, кафичи, облека .... итн итн

Брат дај барем за Прилеп не се плачи за кафичи :D

За примерот со „старите“ скопјани остај незборај. Животно достигнување му е шо заминал во ск. сум видел неколку такви шо се плачат дека неможат крај со крај да сврзат, а рецептот твој не им паѓа ни на крај на памет.
Која багра ја крепи скопјето ни самите не се свесни.
 
Јас сум Скопјанец, но имам роднини во провинција и знам како живеат, пошто градовите се помали можат пешки или со точак да си отидат до школо, до работа... немора да користат ниту автомобил, ниту пак автобус... храната сами си ја произведуваат т.е. имаат бавчи, имаат стока(свињи, кокошки и.т.н.), имаат во дворовите водни пумпи, бунари... готват и се грејат на дрва, вода за бањање исто грејат во котли на оган, самите си месат леб дома, комуналиите и даноците им се пониски тоа со сигурност ви го тврдам, на пр. за иста куќа таму ѓубретарина е 200/250 ден. месечно а сметките за струја и вода им се доста пониски, бидејќи и не ги користат многу овие работи, си имаат алтернатива !
да бе во прилеп немаме запалки.. за оган да запалиме чукаме камен со камен ..
болдираново нема АПСОЛУНО НИКАКВА ВРСКА...
бавчи во прилеп има само во селата....
стока!??!?!?! кој во 21 век сака комшијата да му вртка свињи и кокошки....
хах ова со топлењево вода и лебот колку нема врска .. ама ај ...
 
Не знам колку е паметно отварањето на темава кога знаеме дека ке заврши со пцовки и навреди.
Многу нормално дека секој ке си го избира својот роден крај.
На Скопјани ке им пречи "провинција"на останатите ке им пречи Скопје и секој ке си стои на кажаното.Наместо да се држиме сите заедно ние се делиме.Ово нема ни у Београда :facepalm:
А кога веке се инвестирало во Скопје тогаш треба да се инвестира и во помалите градови бидејки Македонија не е само Скопје.Македонија е и Битола Прилеп Охрид...
 
Скопје или провинција?
Скопје = Провинција
Еден човек од Скопје денес на работа рече: Која мајка изгубила дете, да го бара во Скопје
Денес Скопје е голем град (не метропола) затоа што повеќе од половина од популацијата не е од Скопје.
Тоа се луѓе кои таму барале шанси во животот, подобра заработувачка.
Сон на секој е да живее во Скопје зашто таму му се другарите.
 
Во Велес не во провинција ниту во Скопје, мојот град си е исто град како Скопје само многу по-мирен и по релаксирано за живеење :) Инаку немам ништо против Скопје ама имам против идиотите што мислат ако се од Скопје се нешто над другите а уствари нема никаква врска, секако има и Скопје позитивни страни за разлика од другите градови (посебно од оние ептен мали како Берово, Делчево итн) каде искрено не би живеел.

Скопје има голем плус за спортот но на 30 минути е од Велес со добра кола.. така да не е проблем.
 
Јас би у Скопје бре. Продавам нивчето и цепам Скопје ко секој нормален у последниве 50-60 години...тука у провинцијава немаме интернет,вода,струја... уште користиме видео и грамофони. Кога почнува полат брат ми оди на покривот да ја мести антената да биде сликата џам. :place:

Како да не сум бил во триста места од т.н. провинција и секаде во секоја куќа имаат струја, вода, интернет+кабловска, компјутер/и, автомобил во двор и.т.н. не ти држи муабетов ............ ОК да е провинција(ван Скопје), ама тие работи струја, вода, канализација, интернет... ги има секаде на целата територија од државава б.т.в. во последниве години приметувам и доста патишта се асфалтираа по помалите гратчиња и села !
Плус ептен ќе се офајдиш во Скопјево(Бангладешов), милион народ, милион коли, загаденост 200%, немаш каде да прднеш така иде зборот, затворен во една конзерва од 50/60 квадрати, а за работа што да ти кажам еве сите во Скопјево се вработени до еден и платите се до небо, како да не !

Инаку Скопјани не постојат луѓе сфатете веќе еднаш, денешниве Скопјани сите(преку 90%) имаат потекло од провинција, е сега ние младите генерации ај да речеме дека сме прави Скопјани бидејќи тука сме родени и тука живееме цел живот, но нашите дедовци и баби на пр. се доселени овде во последниве 50/60 год. од провинција .............. Скопјаните кои немаат провинциско потекло се 2% .......... т.е. ретко е да сретнеш таков, сите сме Скопјани ама 90 и кусур % сме со провинциско потекло(од дедовци и баби) !
 
Да му го дудлаш ти на цела Битола.
Од кога ќе заврши со југозапад, прати на кај југоисток, може и бакшиш да даЈме, се разбира ако е дудлањето на ниво!(y)

Just my two pennies on the subject.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom