Фан клуб - РК Металург

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Ајд ко по обичај на темава е побитен Вардар. Па што да се каже за Вардар лани во ЕХФ испаднаа од Извиџач а освоија СЕХА :confused:
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 11:39 ---


Абе не знам што се ложите на овие работи, па уште мислите дека ќе искочат од лигата. Не е добро за македонскиот ракомет да испаднат. У Вардар има двајца Македонци. И Татран го смени терминот за играње на само неколку дена, што не им одговараше немаат врска тие глупости дека имале месец дена да се жалат затоа и Татран беше казнет парично бидејќи го сменија терминот на само ден два од претходно договореното. Тие што плачат и што се штитат во лигава се Загреб ама затоа ако се игра фајнлфор во Скопје ќе ги кренат на к.
Вардар имаше скроз нова екипа кога испадна од Извиѓач,а Вардар само ти го спомна во оваа дискусија......


Ако им е небитна и немаат намера да ја сфатат сериозно нека си излезат бе од лигата.Им брани некој ?
Казнети и двете страни биле,ете ти има и казнување во лигата.Загреб оваа сезона во првите 3 кола има ист распоред како Металург....1 гостување во СЕХА,2 домашни во СЕХА и 1 гостување во ЛШ.Исти к им е дојдено и на двете екипи,а само Металург испаднаа курнази и не се појавија на една утакмица.
А за тоа дека ќе го кренат Загреб на к малце потешко,на имиња е послаб од лани,но таа екипа има најголем потенцијал во цела Европа.

Иначе во Вардар има 8 македонски играчи,а не двајца.Металург 12...... што и не е така голема разлика.
 
P

PewDiePie

Гостин
Да ама од тие 8 еден игра за репрезентација и еден му е брат на Кире Лазаров......а прв тим на вардар ниеден. ;)

Металург е моментално многу "помакедонски" тим ако може така да се каже,и сигурно подобро ја претставува Македонија во Европа што и се гледа по досегашните резултати.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нема да излезат ќе играат фајнлфор, само не се ко Загреб пичиња. Само што Загреб оваа година џабе ќе го влечат кога параспур ќе го прават сите, почна да губи дома бодови што никогаш не било случај. Џабе хејтате тоа што го прават сега ретко кој ќе го прави во македонскиот машки ракомет, и баш Вугринец и Додер им се потребни за поширока клупа, а тие што не играат се бројат на прсти и нормално дека не може сите да играат кога мал е бројот што се пријавува за ЛШ. Генерално костурот останува ист, а е скоро цела Македонска репрезентација.
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 14:07 ---
Кога се нема аргумент, стандарден противодговор е колку Македонци имал Вардар. Ги има доволно. Не се секирај ти! И барем сите добиваат шанса да играат, за разлика од Металург каде повеќето служат за уметнички дојам. А Металург гледам од што многу се грижи за Македонците, преодниов рок ги донесе Додер и Вугринец.
Ај кажи ми кои се тие што не играат во СЕХА лига не знам дали си гледал некоја утамица, еве на мечот со Нексе ги стави сите што не играат во ЛШ, значи Левко Наумовски, Левов.. Нормално дека за ЛШ им треба јак костур, а предводници се знаеш кои од Македонија што е позитива, донасањето на Вугринец и Додер само им ја прошири клупата, за да можат да парираат повеќе од лани и да не губат свежина и да паѓат во второ, како што беше случај лани, како да си постават цел за осминафинале со една постава?? Целите на Вардар и Металург се дијаметрални оваа година Вардар цели фајнлфор во СЕХА, Металург има цел да влезе у осум најдобри екипи што го покажува и составот и засилувањата кои ги спориш. Во ЛШ не може да се пријават 20 играчи и што к. тогаш си потпишале договор ако седат на клупа со сила никој не ги терал, а и пак ти кажувам такви нема сите играат во СЕХА.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Да ама од тие 8 еден игра за репрезентација и еден му е брат на Кире Лазаров......а прв тим на вардар ниеден. ;)

Металург е моментално многу "помакедонски" тим ако може така да се каже,и сигурно подобро ја претставува Македонија во Европа што и се гледа по досегашните резултати.
А извини не знаев дека само што играат за репрезентација се бројат за Македонци. Не можат да стигнат до место од тие што греат клупа во Металург.
Ф. Лазаров и Стоилов (Н.Маркоски) се стартери во Вардар, ама ти изглеа повеќе си запознаен и од самиот Вујовиќ.
Нема да излезат ќе играат фајнлфор, само не се ко Загреб пичиња. Само што Загреб оваа година џабе ќе го влечат кога параспур ќе го прават сите, почна да губи дома бодови што никогаш не било случај. Џабе хејтате тоа што го прават сега ретко кој ќе го прави во македонскиот машки ракомет, и баш Вугринец и Додер им се потребни за поширока клупа, а тие што не играат се бројат на прсти и нормално дека не може сите да играат кога мал е бројот што се пријавува за ЛШ. Генерално костурот останува ист, а е скоро цела Македонска репрезентација.
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 14:07 ---


Ај кажи ми кои се тие што не играат во СЕХА лига не знам дали си гледал некоја утамица, еве на мечот со Нексе ги стави сите што не играат во ЛШ, значи Левко Наумовски, Левов.. Нормално дека за ЛШ им треба јак костур, а предводници се знаеш кои од Македонија што е позитива, донасањето на Вугринец и Додер само им ја прошири клупата, за да можат да парираат повеќе од лани и да не губат свежина и да паѓат во второ, како што беше случај лани, како да си постават цел за осминафинале со една постава?? Целите на Вардар и Металург се дијаметрални оваа година Вардар цели фајнлфор во СЕХА, Металург има цел да влезе у осум најдобри екипи што го покажува и составот и засилувањата кои ги спориш. Во ЛШ не може да се пријават 20 играчи и што к. тогаш си потпишале договор ако седат на клупа со сила никој не ги терал, а и пак ти кажувам такви нема сите играат во СЕХА.
Ја не спорам никого, туку смешно ми се муабетите дека Металург форсирал Македонци, а Вардар ги запоставувал. Кога на сите ни е јасно дека Вардар многу повеќе ги користи во игра од Металург.
И Вардар има амбиции во Купот на ЕХФ, впрочем тоа многу пати го докажал со остварувањата во минатото. Не е точно дека е фокусиран само на СЕХА!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Премногу го тупите со тоа кој е „помакедонски“ тим. Факт е дека немаме толку квалитетни млади играчи па да се препуцаваат кој повеќе форсира домашни играчи.

Истотака факт е дека многу од Македонците што се сега у Металург, станаа играчи у Вардар и пред 3 години масовно „пребегаа“. Ако веќе споредуваме, според мене Вардар има подобри млади играчи. Кукоски, Никола Маркоски, Столе наспроти Манасков и преценетиот Георгиевски.

Но, како што пишав факт е дека со нив не се прави успех у Европа. Тоа го знаат и Лино и Вујо, и Вардар и Металург. Затоа, ако сакаат европски успеси мора да купуваат од страна. Е сеа, за жал од страна успеваат да доведат само пензионери, и многу ретко некој млад а квалитетн играч (Страхиња, Батиновиќ...). Јас уште сум на ставот дека Металург многу изгуби со продавањето на Марковиќ.

Но да се вратам на муабетот, немаме доволно малди квалитетни играчи за европски успех, мора да се земаат странци и на клубовите не треба да им се замери за тоа ако имаат големи амбиции.

Затоа глупо е, и Вардар и Металург постојано да тврдат дека со „домашен“ состав прават успеси.
 
P

PewDiePie

Гостин
А извини не знаев дека само што играат за репрезентација се бројат за Македонци. Не можат да стигнат до место од тие што греат клупа во Металург.
Ф. Лазаров и Стоилов (Н.Маркоски) се стартери во Вардар, ама ти изглеа повеќе си запознаен и од самиот Вујовиќ.
Па не дека само тие се бројат ама факт е дека 80% од репрезентацијата е од Металург.
А тоа дека Стоилов и Лазаров се првотимци не сум се уверил баш(за ЖАЛ).
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Па не дека само тие се бројат ама факт е дека 80% од репрезентацијата е од Металург.
А тоа дека Стоилов и Лазаров се првотимци не сум се уверил баш(за ЖАЛ).
Столе влече повреда,инаку е стартер.Ако не он,Маркоски е тука....странец на таа позиција Вардар нема.Има еден на проба и тој ќе грее клупа само.
Лазаров е стартен бек,само што го менува одбрана-напад.Во одбраната Кукоски лани беше главен дефанзивец.На крило солидна минутажа добиваат Македонците.Мислиш дека во Вардар не сакаат да играат со македонски играчи ? Нема други добри и достапни Македонци.Пола од нив ги собра Металург и ги преплати за на клупа колку да не се во Вардар.....
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 16:48 ---
Нема да излезат ќе играат фајнлфор, само не се ко Загреб пичиња. Само што Загреб оваа година џабе ќе го влечат кога параспур ќе го прават сите, почна да губи дома бодови што никогаш не било случај..
Ајде да ја свртиме приказната на друга страна.....Металург дома губи од НЕХЕ,а не па од Загреб.
Вардар кој е еден од најсилните во неговата историја едвај извлече бод во Загреб кој што има просек од 20-21 година......ептен губат бодови.Оваа екипа на Загреб полошо од ова не може,тие можат само да напредуваат.
Ако се заиграат Шебетиќ,Мандалиниќ и Калеб се потенцијално 10 пати подобри бекови од Вугринец,Мојсо и Миркуловски.На крило фали Штрлек,но тука е Шпрем......Штрлек има мека рака,но Шпрем игра и одбрана одлично и е дури побрз и од него.
Хорват е тука,Мариќ на пикер,Степанчиќ,Ивиќ кој со 19-20 години собира по 14-15 одбрани во ЛШ........
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Металург изгубил со продавањето на Маркович. Ова може да го чујам од некој што навива за Вардар и се му е црно на страната на Металург. Лани и Ракчевиќ, Батиновиќ, Додер и Вугринец ги немаше во составов. Ај одземи го Маркович и додај ги овие четворица. Левко Наумовски не се уклапаше во тимот, Ракчевиќ е ѕвер отсекогаш бил. Додер е одличен играч, Вугринец е класа играч, освен што е бек шутер, многу интелегентен играч знае да направи одлична асистенција. Во одбрана можеби слаб ама со тек на време сигурно ќе се подобри. Се на се оваа година Металург има далеку далеку поголем фонд на играчи кои имаат капацитет да се борат во ЛШ и тоа ќе го докажат на терен. Сето ова го рачунаа од Металург и најдоа токму таков тимски играч за да се уклопи во тимот. Ротацијата оваа година е многу поголема а тоа се виде одма на мечот со Шамбери што значи да тераш две полувремиња во ист ритам. И секако повредените кои се опоравија.
 
P

PewDiePie

Гостин
Вугринец е точно она што му тебаше на Металург оваа година после заминувањето на Марковиќ.
Човекот е класа и нема тука муабет,за оваа година е тамам,за следната се сомневам,38 се многу па дури и за голман а не па за бек.
Следната сезона мора се бара добар лев бек што ќе ја потполни позицијата во тимот на долги патеки,можно е и враќање на Марковиќ,со балканците никогаш не се знае а би се вратил многу поискусен од кога замина.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.135
Поени од реакции
75.150
Единствената разлика ја прави Ракчевиќ, пошто лани немаа вистински пикер по неговата повреда.
Ако Вугринец изиграл еден меч добро незначи дека направиле одличен потег што го дале Марковиќ. Може ќе продолжи Вугринец во ист ритам, можеби и не допрва ќе видиме. Марковиќ беше многу поперспективен играч, мислам глупо е сега да се расправаме за нешто што е очигледно. Такви бекови ретко доаѓаат во државава.

Знам дека одма ќе рипате, ама јака муда ако ја поминат групава во ЛШ. И Вардар ќе ја помине без никакви проблеми, и втори ќе завршат во групава да играа. И Металург ќе финишира втор, па можеби и осминафиналето ќе го мине, било кој тим освен Германскиве и Шпанските може да го победат...

И сево ова не ги менува разговорите од другите постови, дека НЕ СЕ ВО ПРАВО ОКОЛУ НИВНИТЕ КОМЕНТАРИ ЗА СЕХА, и Вардар да го збореа истово истото ќе го кажував.
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 17:59 ---
Вугринец е точно она што му тебаше на Металург оваа година после заминувањето на Марковиќ.
Човекот е класа и нема тука муабет,за оваа година е тамам,за следната се сомневам,38 се многу па дури и за голман а не па за бек.
Следната сезона мора се бара добар лев бек што ќе ја потполни позицијата во тимот на долги патеки,можно е и враќање на Марковиќ,со балканците никогаш не се знае а би се вратил многу поискусен од кога замина.
Десен бек е Марковиќ...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.997
Поени од реакции
16.467
Единствената разлика ја прави Ракчевиќ, пошто лани немаа вистински пикер по неговата повреда.
Ако Вугринец изиграл еден меч добро незначи дека направиле одличен потег што го дале Марковиќ. Може ќе продолжи Вугринец во ист ритам, можеби и не допрва ќе видиме. Марковиќ беше многу поперспективен играч, мислам глупо е сега да се расправаме за нешто што е очигледно. Такви бекови ретко доаѓаат во државава.

Знам дека одма ќе рипате, ама јака муда ако ја поминат групава во ЛШ. И Вардар ќе ја помине без никакви проблеми, и втори ќе завршат во групава да играа. И Металург ќе финишира втор, па можеби и осминафиналето ќе го мине, било кој тим освен Германскиве и Шпанските може да го победат...
:icon_mrgr: Не ме смеј Сајбер, баш еве да видиме до кај ќе оди тој ваш Вардар во европските натпреварувања оваа година.
А што не е јака муда според тебе, да играат фајнл фор во ЛШ, тогаш ќе се докажи дека се појаки од вас?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Металург изгубил со продавањето на Маркович. Ова може да го чујам од некој што навива за Вардар и се му е црно на страната на Металург. Лани и Ракчевиќ, Батиновиќ, Додер и Вугринец ги немаше во составов. Ај одземи го Маркович и додај ги овие четворица. Левко Наумовски не се уклапаше во тимот, Ракчевиќ е ѕвер отсекогаш бил. Додер е одличен играч, Вугринец е класа играч, освен што е бек шутер, многу интелегентен играч знае да направи одлична асистенција. Во одбрана можеби слаб ама со тек на време сигурно ќе се подобри. Се на се оваа година Металург има далеку далеку поголем фонд на играчи кои имаат капацитет да се борат во ЛШ и тоа ќе го докажат на терен. Сето ова го рачунаа од Металург и најдоа токму таков тимски играч за да се уклопи во тимот. Ротацијата оваа година е многу поголема а тоа се виде одма на мечот со Шамбери што значи да тераш две полувремиња во ист ритам. И секако повредените кои се опоравија.
Од кај ја навивач на Вардар? :LOL:

Ајде нема да судиме од сега, ќе видиме сезонава дали ќе фали Марковиќ или ќе се снајдат и без него.

Друго, што имаат другиве четворица со мојата претпоставка дека многу загубија со продавањето на Марковиќ? Немаат никаква директна врска со него, со него можеш да го споредиш само Станиќ пошто тој беше повратниот играч што го добија.

Точно е дека Металург има широк, преширок ростер на играчи. И баш затоа глупаво е да се жалат на згуснат распоред, затоа што имаат играчи за три состави да склопат. Тоа е ко Сити да се жали зошто има густ распоред.

На секоја позиција имаат по двајца, на некои и по тројца играчи. Значи Металург има добар ростер во поглед на ширина, не толку во поглед на квалитет, но сепак квалитет доволен и тоа како за да играат у СЕХА.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Многу го потценувате Димовски.....
Ракчевиќ е одличен,но и Димовски знае добро да изигра.Дебелкото изгледа смешно,но и он е одличен пикер.
Сепак здрав Столе е подобар и од двајцата,а има физички потенцијал и во одбрана да одигра добро.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.135
Поени од реакции
75.150
:icon_mrgr: Не ме смеј Сајбер, баш еве да видиме до кај ќе оди тој ваш Вардар во европските натпреварувања оваа година.
А што не е јака муда според тебе, да играат фајнл фор во ЛШ, тогаш ќе се докажи дека се појаки од вас?
Што ќе видиме до кај ќе оди, за да влезеш во групите во куп на ЕХФ треба да играш со фаворизирна Германска/Шпанска и остали екипи во третата квалификациона рунда.
Па куп на ЕХФ го направија посилен од ЛШ од оваа година.
Али ќе се пробаме и да не успееме здравје боже :)

Извини али гола вода се екипиве во групава на Металург, освен Киелце, за Вардар сум сигурен дека сите други БЕЗ ПРОБЛЕМ ќе ги добие на домашен терен, а на гости истотака ќе биде тежок орев. Само некој што не се разбира во ракомет може да рече дека успех за екипа како Металург било поминување на групата.
Јас ќе речам дека се успешниако ја минат и осминафиналната фаза, четврт финалето е крајниот реален домет во ова наптеварување...

На крило сме класи пред Металург, играчи за ротација имаме еден куп, играме брз ракомет што е science fiction за Металург, не си играј без да знаеш како стоиме со составот :)
Може ќе ни ја земат титулата пак, ама квалитетни сме годинава и тоа можеби досега не сме имале поквалитетна екипа.
На крај краева ако му се погоди денот на Станиќ, немоќни сме :icon_mrgr:
Али ако не му е д'н...:icon_mrgr:

Не беше тоа муабетот во темава. Зборевме за нивното плачење во СЕХА лигата, омаловажување без потреба, и директно влијаење во намалување на квалитетот н лигата вклчучувајќи ги детските изговори како НА ЗАГРЕБ МУ МЕСТЕЛЕ ПОЛЕСЕН РАСПОРЕД...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ајдееее утре мора победа ќе биде спектакл во Борис, очекувам да се разиграат сите посебно Наум сега одморен е има да ги скине Горење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom