Ел Класико: Барселона-Реал Мадрид | 07.10.2012 | 19:50 |

Исход од натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    209
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Реал игра слабо сезонава, Барса далеку подобра. Не нерешениот резултат би бил нешто најдобро.
 
Реал се искомплексирани од Барса последниве неколку сезони, но не знам зошто моето шесто чуло ми кажува дека Реал ќе ја земе оваа утакмица.

the_sixth_sense.jpg
 
Реал игра слабо сезонава, Барса далеку подобра. Не нерешениот резултат би бил нешто најдобро.
Од каде дојде до овој заклучок?

Со фул екипа Реал можеше да ги демолираат Барса на Бернабе (супер купот), периодот во кој бевме најмногу во криза. (Не ја земам во предвид првата утакмица бидејќи бевме непотполни во одбраната, ни фалеше најдобриот дефанзивец сезонава)
 
Натпревар во кој што Реал мора да победи, дури и нерешено нема многу да им заврши работа, а со пораз ќе можат само да се сликнат со ланската титула, иако математички ќе бидат сеуште во игра за титулата.

На Барса и нерешено би и завршило работа, и задржување на солидната бодовна предност од 8 бода. А пак со победа и плус 11... дефакто би го отпишала Реал од борба за титулата, со оглед на тоа дека и двата тима се способни да задржат таква бодовна предност, иако до крај ќе има уште 30 кола.

Барса има мала предност што игра на Кампот а пак предноста на Реал е во лошата одбрана на Барса која лесно прима голови сезонава, плус неиграњето на Пујол и Пиќе и те како ќе му ја олесни работата на нападот на Реал.

За да победи Барса првенствено ќе треба одбраната да биде перфектна, и ако се деси тоа не ни сумњам дека средниот ред и нападот ќе си ја завршат својата работа.
 
барса ќе тепа бе разговарав со Мурињо така му било наредено :) демек...:pos:

НАПРЕД БАРСА !
 
Мислам дека Реал ќе победи после натпреварот со Сити почнаа да како што им доликува, а знаејќи ги и проблемите на Барселона во дефанзива не ми се верува Барселона да победи. Сепак Ел Класико е ова се може да се случи , но прогнозирам победа на Реал само Мурињо да не екпериментира многу со составот и да го стави Бензема, а Игуаин на клупа зошто кога игра Бензема играта е за едно ниво подобра од колку кога игра Игуаин. Ќе биде интересн натпревар на кој се надевам ќе има добар фудбал и многу голови.
 
Очекувам победа на Барса(според мене се во подобра форма а,ќе играат без притисок и игра пред свои навијачи и на свој стадион).Ќе биде жустро,тешко...Барса најмалку овој пат ќе извади нерешено(бидејќи немора од старт да фрла се на една карта и да ризикува,да напаѓа како што тоа беше лани кога беа во -4 бодовна разлика).
Ќе видиме,ќе биде интересно но очекувам Барселона да победи(ако поведе рано можи и да го демолира Реал).

Мој тип:3:1 :)...
 
Реал е фаворит ама Барселона може да изненади ако судиите имаат ден :свиркам:
 
Teрминов :tapp: :tapp:
Барса ја решава титулата според мене нема шанси да загуби на Кампот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom