Беше ли некој бе луѓњ? Комшијава се врати пред 5мин вика НЕПТУН 2дел опет туча.
Бев утрово набрзина, сакав нешто да купам, ама кога видов ТЕПАЧКА за продукти, газење, туркање со преполнети колички и корпи, кренав раце.
Значи ова не е нормално, како да се дели леб без пари!
Дури се искомплексирав кога видов колку купуваат луѓево, и жени и мажи, старо и младо. Јас со мала корпа, со 3-4 работи, а тие со оние огромните, секој со по две големи корпи на тркала. И после Македончето било сиромашно?! Мрш бре, не лажете, полни сте со пари ко крлежи!
На каса се чека во просек саат и пол, можеби и повеќе (од 11 гужвата стана уште поголема).
Не знам, се на се, хаос. Кој нема попаментна работа, нека оди. Јас сигурно нема, барем додека малку не се смири хаосов.
Верувајте, неподносливо е, да ви се одмили и купување и се.