Ќе кажам само ОГРОМНА ШТЕТА! Ептен ми е мака, не оти играа против Сити, туку оти Дортмунд заслужи едно 3 разлика да победи. Играта беше перфектна, шанси си правеа како сакат, штета што не успејаа бар уште еден да стават додека Сити не знаеја главата каде им е. Среќа што го имаа Харт на гол педерите, иначе петарди ќе пукаа на Етихад. Па и Левандовски, како можеше да го промаши тоа.
Во текот на минатите 2-3 години ептен симпатии развив спрема играта на Дортмунд, денеска повторно се возбудував додека ги гледав. Алал им вера на децата стварно. Се гледа дека фали искуство, ама играат преубав фудбал, атрактивен, милина за очи. Браво за Клоп како го издигна тимот. Искрено, ви посакувам да поминете во 1/8 финале, па натаму здравје со среќата.
Само да не избегат некои фудбалери. Не сакам да ви се растури тимот. Геце и Ројс ако останат има да кинат во иднина, имат потенцијал дечките, техниката и брзината им се 10/10 + прават асистенции и дават голови. Без разлика што Геце немаше среќа ич вечерва.
Поздрав и со среќа понатаму. И оддржете им уште една лекција по фудбал на комшиките наши. Ама овој пат да освоите 3 поени.
П.С.
Не ве заборавил Шинџи.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)