Како ги вртиш тезите свака ти част.
1. Сум заприметил дека во секоја дискусија со фан на Арсенал кога ќе се најдеш во небрано го спомнуваш дотичниот резултат (кој сакал ти уште 1000 пати напиши го не му донесе ништо на Менју, не беше ниту финале ниту ништо, донесе обични 3 бода, ништо повеќе)
2. Никој не кажа дека Менју ќе играл втора лига итн. туку дека повеќе пати се случило во натпревари кои биле блиски или не му одело на Менју се случувале сомнителни одлуки. На крај титулата секогаш била одлучувана во неколку поени разлика меѓу првиот и вториот (секако има исклучоци во која еден тим доминирал во лигата)
3. Цитираш некоја статија со цел да докажеш нешто , а всушност ништо не кажуваш. Ќе го цитирам заклучокот на твојот пост - - How many penalties each club is awarded doesn’t prove anything as it is the quality of the decisions that would determine any preferential treatment.
4. Заборави да кажеш дека Арсенал од крајот на предминатата сезона и цела мината сезона нема добиено пенал на домашен терен и покрај целиот тој напаѓачки фудбал што го игра.
Можам да продолжам уште ама доста ти е за денес.
П.С Ова што ние тука го тврдиме не сме го измислиле ние туку тоа е општ заклучок на сите фанови од целиот свет (нели освен close minded навивачи на Менју, затоа што има и дел од нив што си признаваат дека се миленичиња на судиите и дури се гордеат со тоа - што не е ништо лошо тоа). Во минатото титули освојувале и Челзи и Сити и Арсенал и за ниеден од овие тимови не се создало ваква фама како што е тоа за Менју, а како викаат каде има чад има и оган.
До утре може да дискутирате, нема да попуштам!
Пак ќе кажам, секогаш ги спомнувате одлуките кои биле во наша корист, кога се против нас штама, не само овде, туку и од фановите во цел свет како што велиш ти!
Јунајтед има добивано пенали, ама има и мал милион ситуации каде не ни свиреле, и што треба да правиме, да плачиме за се како вас?
Еве сега со Тотенхем не ни свирнаа 2 пенала па толку плачки немаше! лани на Њукасл пенал безвезе им дадоа, ама ако, така треба за Јунајтед! Челзи гол од офсајд 2 метра, супер! Пак со челзи, Луиз црвен треба да добие, не само што не доби, во второ полувреме и гол даде! Со Ливерпул Роналдо исклучен, супер! За многу поопасен старт сега од тој ќељајот, го уништија фудбалот судиите, Еванс прв старт и одма црвен со Шити, ама ако, така треба, чист црвен!
Значи вие си ја вртите работата како ви одговара!
А дека се крева фама за нас се крева, зад добриот коњ прашина се крева велеа во некои земји!
Тоа што Јунајтед е најдоминантен во историјата на ПЛ и сега сите што му љубоморат не е моја работа, дека го хејтаат дека е успешен има и спроведена анкета!
Е затоа се крева фама, зошто сме огромен клуб, неколку скалила над твојот и затоа донекаде те разбирам, можеби не можеш да сватиш, па затоа сите барате рачки, судии ни помагале, овој ни помагал, оној ни помагал, а не гледате во дворот ваш што има(се испродадовте и титула сакате-е нема)!