Хип хоп културата во Македонија

Искрено кај нас на рап ивент кој имал повеќе од 100 луѓе сум бил кога настапувале некои од појакиве и попознати екипи...а не дека нема квалитет и кај некои понепознати...
 
Ако во публика има само артисти што настапуваат на евентот најверојатно се срање.
Нека биди така. Јас лично каде што сум присуствувал било така како што кажувам. Еден тон артисти и неколку од нас фановите.
 
Дечково ист Сиги во гласот. А гледам и истиот стил го фура.
Оди на сигурно и проверено! :) Иначе, малку подлабок глас има Сиги, за другото - такво влијание има/л.
Не е лош. Има глас, флоу, текст.. ама ете, решил да оди на печалба со рапот. Нека оди, само нека не забегува многу од правецов.
 
Помалце артисти, повеќе фанови. Само така ќе ја оправиме работата, иначе ќе си останиме само да плачиме. Секој ден по еден нов артист излегва и тоа првата песна му е со спот.
Тука си многу во право. Ме адднуват на FaceBook ми викаат правиш рап? Јас им пишувам секој што слуша треба и да прави?
Значи многу, многу лоша е состојаба моментално. Секој ден никнува нов артист, се појавија милијарда по You Tube.. Аман не можам ни имињата на сите да им ги запамтам.
И дефинитивно одбегнувајте кога веќе правите група да го користите CREW ( анг. група ) скоро сите го користат тоа како дел од името, не само што е веќе глупо станува и досадно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom