Убиен Македонец во Солун?

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Фино лепо ќе си напаковаат сторија како Македонија има претензии према грција и сака војна, па прашањето за во европска унија ќе биде запечатено со векови.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Александар бил претепан заради тоа што е.
Малку ли е тоа за да протестираме за состојбата и положбата на Македонците во Грција и нивниот однос кон Македонија и македонскиот народ??
Само доколку е мртово детево ли ќе биде потребно да се протестира?
Чукнете си ги тиквите малку.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
чекајте сеа, изманипулирани од нашите медиуми ајде да речеме добро, Ајде вака да гледаме , на Алфа кажаа и слушнавме дека примиле лице со тоа име и се наоѓа во нивнта болница(во солун). а што ако навистина е умрено детето а Грција се обидува да го заташка, симптоматично е што во исто време и профилот на Стилијан го снема, ако лаже стилијан, тогаш на човекот му треба помош, но ако не лаже, тогаш друга е песната, всушност алал да им е на грците како можат едно дело недело да го заташкат и да влијаат на медиумите во Македонија
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не зезна ли…? Ја зезна ли македонската јавност…? Го изгледавми ли ние скоро перфектно изрежираниот филм на грчките разузнавачки служби? Како еден грчки државјанин станува херој во очите на македонската јавност… сценариото оди вака.

Настанот се случува во денешно време… пред Република Македонија да го добие најпозитивниот извештај од Европската Комисија, и да добие датум за преговори со Европската Унија… Ликот Стилјан Самарџиев (Stilijanos Samrdzis) се појавува во Македонската јавност со приказна на која секој Македонец би аплаудирал…
-Македонски државјанин го закачи Македонското знаме на полициска станица во Солун… Македонец… МАКЕДОНЧИШТЕ!!!

Сите се фативме како слеп за стап!

Уште по трагично е тоа дека истиот, ‘наш’, Македонец одлежал 13 дена притвор во Грција, и тоа како Грчки државјанин… Значи подлогата е спремна. Во тој момент, по ширењето на бомбастичната вест, Македонските портали, весници, телевизиски куќи, како кленови се фаќаат за приказната за нашиот ‘брат’, без претходно да ја проверат информацијата…, а кој не би…?

Патриотот, во меѓувреме прави свој ФБ профил, и праќа понуди за пријателства на се што е македонско… политичари, новинари, луѓе од интелектуално-општествената сфера во Македонија, се со цел да им се приближи, и да видат што тоа објаснува овој ‘ГОЛЕМ ПАТРИОТ’.

После 2-3 недели од сензационалното поставување на Македонското знаме на полициската станица во Солун, Македонецов (фантом) , излегува со уште по бомбастична вест:

- Неговиот братучед, Александар Самарџиев, бил претепан од членови на Златна Зора!!! За по неколку дена, кутрото дете да почине…

Опет, Македонците ја гризаат јадицата на Стилјан… Се споделува сензационалната вест… се докажува национализмот на Грците… непотврдена информација, излезена единствено од ФБ постовите на ‘Македонскиов’ патриот…

За МАЛКУ, целта на режисерот ќе беше постигната… Да се кренат Македонците, најмногу оние од Гевгелија, да влезат во македонските казина, во кои се коцкаат Грци, да искршат неколку грчки глави, а во Скопје да се запали грчката Канцеларија за Врски!
Медиумите, СИТЕ ДО ЕДЕН, повторно како кленчиња ја залапаа јадицата на Стилјан. Но оп, во филмот, среде снимање, откупија права и Македонските власти…

Дечките, под огромен притисок од македонската јавност, која бара став од македонските власти, за екстремните постапки на Грците, изјавува дека: – Ништо не се знае за случајот, освен дека ваква информација проширил ГРЧКИОТ државјанин, Stilijanos S.

Тоа значи дека на нашиве им станало јасно дека грчката разузнавачка служба, за малку пари, мошне лесно ни инсталирала, демек нашинец, да не ‘работи’ сите… Што успеа, успеа… но само оние кои треба, НЕ! На јадицата денеска дури, се фати и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Стефан Филе, кој на својот твитер профил, објави дека е загрижен за тоа што се случувало во Tesalonoki !

Утре, истиот тој Филе, ќе ја посети Атина, за на грчките официјални власти да им каже дека овогодинешниов извештај на Европската комисија ќе биде ПОЗИТИВЕН за Македонија, каде ќе има одредници „МАКЕДОНСКИ“ и „МАКЕДОНЦИ“ па за да ги замоли многу да не скокаат… бидејќи нели имаат можност повторно да не блокираат на наредниот совет на ЕУ.

Наместо тоа, утре Грците би го пречекале господинов со инфото дека тој е наместен од македонските власти и медиуми, да се изрезили за настан што никогаш не се случил. А тие како во театар ќе му се изнасмеат во лице, и ќе му кажат дека ‘скопјанос те издриблаа брат’.

Патем, без официјална изјава од Македонија, грчкото МНР, излегува со реакција во која велат

- „Македонските власти да се воздржат од вакви долни провокации“, иако никој од македонските власти не реагираше, туку напротив, портпаролот на Владата, Александар Ѓеорѓиев, рече дека: – Треба да се проверат информациите пред да се реагира!
Со овој удар, грчката служба т.е. грчката држава ја добива Македонија со 100:0 во еден меч, а последиците допрва би ги почувствувале.

Грците мораа некако да не наместат, инаку по пресудада во судот во Хаг, и по се поголемата поддршка од САД, Германија, Канада и други големи земји, почнаа да паѓаат под притисокот, и може да се случи до крајот на годинава да добиеме и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ!

Сценариото е сменето… првата провокација беше патката од грчките медиуми (пред се Катимерини, кој е весник на грчката служба) дека Македонија ќе влезе во НАТО до крајот на годината како „Горна Македонија“, второто, е филмот во филм, на Стилјан, кој за малку ќе ја кренеше македонската нација во бој против грчкиот национализам! А како и да неможевме да ја приметиме помошта од Бугарија, со провокациите за филмот Трето полувреме, знаејќи дека со тоа губи Македонија, а тие не добиваат ништо!!!

TO BE CONTINUED…

Автор: Петар Марков

http://www.bezpardon.mk/dali-preku-makedonetsot-siljan-grchkite-razuznavachi-prorabotija/
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Викаат способен човек ќе ги предвиди стапиците уште пред да се случат. Ај да речеме еднаш да се заебе па научил нешто ОК, да го кажеме паметен. Ама што да кажеме за некој кого три пати го ебат на иста финта???

За сите Ајнштајни кои ги мрзи да соберат два и два:

Прва ситуација - лани ова време, 2-3 месеци пред состанокот на ЕК на кој ќе се расправа за датум за преговори: ископаа два реда од навивачка песна?!?! од ЕП (кошарка) па преку ноќ испадна дека еве готово, имаме територијални претензии, ги нападнавме грците и тргнавме на Солун. Додајте слободно и заебанциите околу пописот како „знак за внатрешна нестабилност„. Ашколсун, пројде возот додека си вадевме очите.

Втора ситуација - зимата, неколку месеци пред состанокот на НАТО во мај: пак ни ги потекоа мудата со песната (ЕП во ракомет овој пат), сме имале „претензии„, пак „нестабилност„ (трагедијата во Смилковци) и 2-3 месеци тепачки по автобуси и по улички, за секој случај.

Трета ситуација - еве ти ја денес. Пак неколку месеци пред состанок на ЕК, во ОН се сложија дека немаме „територијални претензии„ дека треба да се почитува одлуката од Хаг и види мајката - сега ПАК „сме имале претензии„. Требало војна да објавиме? Да се кладиме дека пак не чека и некоја мала „криза„?

Ај сега видете кои точно медиуми ја форсираат приказнава до запалување? Да не се истите тие кои од фамилијарни луѓе - навивачи направија „националисти„.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Александар бил претепан заради тоа што е.
Малку ли е тоа за да протестираме за состојбата и положбата на Македонците во Грција и нивниот однос кон Македонија и македонскиот народ??
Само доколку е мртово детево ли ќе биде потребно да се протестира?
Чукнете си ги тиквите малку.
Од една страна извор ти се единствениот новинар на лице место, жители на селото, Амбасадата и „Виножито„

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=97084
но никој не чул дека имаат соселанец Самарѕис или Самарџиев. Го контактиравме дури и попот, кој категорично вели, ниту постои дете под тоа име ниту пак денеска има погреб во селото.

http://www.mkd.mk/63383/makedonija/vo-seloto-na-samardziev-nema-ni-pogreb-ni-svadba/
Во Мавровуни ни денес ни утре нема ни свадба ни погреб.
Ова за МКД.МК го изјави...

http://www.time.mk/read/2bfb0c0fc0/bd8c6cece2/index.html
Ниту македонската Амбасада во Атина, ниту партијата на Македонците во Грција „Виножито“ немаат никаква информација за ваков настан.

Од друга страна фејсбук!?!?!? и Т. Петров на кого му потврдиле пак ПО ФЕЈСБУК?!?

Нормално, за вас е пологично второво. :tapp:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кога FB стане извор за новини во државниот етер - вака се полочува. Тоа си е чиста операциja по дезинформациja со надеж да има внатрешни реакции во РМ и да иде да се протестира пред амбасада, да се изкрши некоja грчка кола и т.н.
Дали господинот Тодор Петров ке има очи да се врати от Швеjцариja и да продолжи да извршува своjaта дложност поставена му от грчката страна?!
Интересно, винаги преди сериозни моменти излегуват вакви настани. Подгреват се тензии, покажува се колко немокна е РМ,колко емотивна е, незрела и така натаму...
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
стара изрека-на грк да не му веруваш и поклон кога ти носи.за тројанци е генијалец!
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
moe mislenje,,,ima ubistvo ali od dvete starni im imaat zapreteno da ne smeat da zborat za ubistvoto, inace znaete sto moze da se sluci, ke gori ovde ambasadata grcka
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Викаат способен човек ќе ги предвиди стапиците уште пред да се случат. Ај да речеме еднаш да се заебе па научил нешто ОК, да го кажеме паметен. Ама што да кажеме за некој кого три пати го ебат на иста финта???

За сите Ајнштајни кои ги мрзи да соберат два и два:

Прва ситуација - два реда од навивачка песна?!?!

Втора ситуација - песната (ЕП во ракомет овој пат)

Трета ситуација - Требало војна да објавиме?

Ај сега видете кои точно медиуми ја форсираат приказнава до запалување? Да не се истите тие кои од фамилијарни луѓе - навивачи направија „националисти„.
Ти навистина ли мислиш дека навивачка песна, и мислење на обичен граѓанин се доволни и валидни аргументи за блокада на евроатлантска интеграција на Македонија (или било која друга држава). Приказна за мали деца. Дека не ебат, не ебат. Ама не Грција.
Некој друг. Појак.
Од една страна извор ти се единствениот новинар на лице место, жители на селото, Амбасадата и „Виножито„

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=97084
но никој не чул дека имаат соселанец Самарѕис или Самарџиев. Го контактиравме дури и попот, кој категорично вели, ниту постои дете под тоа име ниту пак денеска има погреб во селото.

http://www.mkd.mk/63383/makedonija/vo-seloto-na-samardziev-nema-ni-pogreb-ni-svadba/
Во Мавровуни ни денес ни утре нема ни свадба ни погреб.
Ова за МКД.МК го изјави...

http://www.time.mk/read/2bfb0c0fc0/bd8c6cece2/index.html
Ниту македонската Амбасада во Атина, ниту партијата на Македонците во Грција „Виножито“ немаат никаква информација за ваков настан.

Од друга страна фејсбук!?!?!? и Т. Петров на кого му потврдиле пак ПО ФЕЈСБУК?!?

Нормално, за вас е пологично второво. :tapp:
Чекај сега.
Ти тврдиш дека такво лице не постои, у стилот "Исус не постоел".
Истовремено не постои, а бил примен во болница со тешки телесни повреди.
Најдобронамерно велам: чукнете си ја главата.:tapp:
Голем е бројот на Македонците кои имаат исчезнато "без трага и глас" во Грција, Бугарија, Србија..
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Да ви кажам право , според почетните коментари , гледам дека не ни требаат луѓе однадвор за да не " изедат " ... Сами меѓусебно ќе се изедеме за пуста слава ...

п.с Нешто прочитав баш вчера дека уствари немало никакво убиство , и слично , што знам ... можеби лажат грците за да се заташка случајот ( ако уопште постои убиство или можеби навистина не се работи за убиство ) поима неам :) Свашта денес може да прочиташ и по медиумите , и по форумиве :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
sackerce: не е за слава работава. Од злоба и за пари го прават тоа.

Вчера New York Times имаше статија за Златна зора, вели напредува кон целта да стане трета по големина партија во Грција: Додај го на тоа откриениот фашизам на ЛАОС и прикриениот на Нова демократија, и сликата е комплетна. Нема да имаме дерман со јужниве, нацисти се во душа и тоа е.

Right-Wing Extremists’ Popularity Rising Rapidly in Greece

...Mr. Demertzis, the University of Athens professor, said Golden Dawn was effective because it did more than just utter political platitudes. Its members “do their propaganda through deeds, exactly the same way that the Muslim Brotherhood in Egypt does, or Hezbollah in Lebanon.”

In Golden Dawn’s case, the most high-profile activities center on anti-immigrant campaigns, like the one documented in the video, depicted as the actions of good Samaritans.

In another raid, filmed and posted on YouTube, in the town of Missolonghi, Greek shopkeepers shout at Golden Dawn members as they walk through a fruit and vegetable market kicking over stands loaded with produce. The raid was led by another Golden Dawn lawmaker, Costas Barbarousis. “These tactics were used in the dictatorship!” one woman cries. ...

http://www.nytimes.com/2012/10/01/world/europe/amid-greeces-worries-the-rise-of-right-wing-extremists.html?_r=1&ref=world
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ме интересира Тодор Петров чија задача одработува. Дали станал одметник или одсекогаш бил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom