Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав да местам плин на ходаи акцент само сега слушам имало некои уреди на метан? која е разликата? Ако знае некој само на кратко да ми објасни колку е од прилика уредот ист е како за плин? ме интересира цената и колку е поекономичен или поефтин од плинот?
 
Јас би наместил плин. Зошто:
1. Боцата за метан тежи 80килограми, а автономијата на движење е мала на пример ќе отидеш до Охрид на враќање ќе снемаш по пат метан
2. Метански станици има во Скопје и на пат накај Куманово, додека плинот го имаш секаде
3. Мислам дека моменталната цена на метанот е повисока од таа која реално би требало да биде во Бугарија е поевтин
4. Дефинитивно метанскиот уред е скоро дупло поскап од плинскиот
 
Сакав да местам плин на ходаи акцент само сега слушам имало некои уреди на метан? која е разликата? Ако знае некој само на кратко да ми објасни колку е од прилика уредот ист е како за плин? ме интересира цената и колку е поекономичен или поефтин од плинот?

Метан можеш да наместиш само во Макпетрол,гледам има реклама најдобро да се јавиш таму.Иначе уредот е покомплициран,бидејќи е многу потежок,боцата е тешка,по друг гас е според плинот(LPG).Имаше на саемот во Скопје,пред некоја година еден Е 220 Мерцедес со уред на метан,до доле беше Мерцедесов,паднат,баш го видов.Прашај си и дали твојата кола поддржува метан.На пример тико,матиз,или југо нема шанси.Како што знам,едно литро метан,заменува три литри плин,ама па едно литро метан е околу 60-65 денари.И незнам каде во МКД можеш,и дали можеш да наточиш метан.А за плинот е друго,по едноставно е се комплет не би требало да те кошта повеќе од 600 евра.
 
Препорака за некој мајстор во Скопје, и цена отприлика за исправање на нагмечен/набиен дел од каросерија. Се работи за многу мал дел над задното тркало, али ете страшно ме нервира па би да го средам. Еве се работи за местово како на сликава, обележано е со црвеноПрегледај го приврзокот 49806 :
Има еден сервис зад Кам Маркетот во Скопје-Север (во близина на Порше е), одлично работат и не се воопшто скапи. Плус и ако се испазариш може и гратис полирање да ти направат :)
 
Метан може да намести и кај нас во плимонт.
Доколку возилото троши 10 литри бензин на 100 км, метан ке потроши 6.25 кг на 100 км. Килограм метан е 62 денари, може да си направите математика. Заинтересираноста е голема, меѓутоа поради малиот радиус на движење со едно полнење, големата тежина на резервоарот за метан, и малиот економски ефект во однос на возењето на плин, сепак, клиентите се одлучуваат сеуште за вградување на плински уред.
Кај возилата на дизел погон, економскиот ефект е 25% поефтино возење доколку се вгради метански уред.
 
Барам мислење за Фиат Браво 1.9 ТД каков е моторот колку км. мине . Поздрав
 
Да ми препорачате сервис за Лада 111?
Во Кичево нема сервис за дијагностика незнам дали да одам во Мида Лада или има некој приватен?
 
Барам мислење за Фиат Браво 1.9 ТД каков е моторот колку км. мине . Поздрав

Јас имам Брава со истиот мотор 1.9 TD100,моторот е одличен,кога ја земав имаше 196500 км,валјда први,сеа имам околу 210.000 поминати,моторот е коска,си влече најнормално,улје не троши.Сум читал на еден форум српски,дека овие мотори минеле околу 400.000 без отворање,е сеа колку е вистина незнам,ама верувам дека е така.И плус ефтини делови имаат,а и како коли се поефтини,спрема голфот-тројка.Се на се,прегледај го и види,генерално тие се издржливи мотори.Колку км има колата?
 
140261_3_sony-dsx-a30.jpg

мислење за радивцево :) sony dxa-a30
 
140261_3_sony-dsx-a30.jpg

мислење за радивцево :) sony dxa-a30
5000 ден мислам беше, добро е на другар му го препорачав задоволен е
сега има на акција во дог секјурити за истите пари ама пионир ѕирни на сајтот
 
Ги има некој тестовите за полагање возачка да ми ги прати на маил?

Фала однапред.
 
5000 ден мислам беше, добро е на другар му го препорачав задоволен е
сега има на акција во дог секјурити за истите пари ама пионир ѕирни на сајтот
ахам ова го видов во техномаркет за 3590 ден е .....во дог малце поскапо а исто него пионирот има за усб или само цд?
 
ахам ова го видов во техномаркет за 3590 ден е .....во дог малце поскапо а исто него пионирот има за усб или само цд?
Епа супер цена е, сонито беше на акција во дог околу 4800-5000 беше, сега ти е гага во техно
него пионирот еве го
http://www.dogsecurity.mk/index.php...d=971&option=com_virtuemart&Itemid=63&lang=mk

за иста цена имаш Alpine
http://www.dogsecurity.mk/index.php...d=412&option=com_virtuemart&Itemid=63&lang=mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom