Ај некој што се разбира повеќе од гоинашниве состави на екипиве од лигава, нека даде е една прогноза за отприлика кое место би можел да заврши МЗТ?
Али не да бисде прогноза, ЌЕ ЗАВРШИ ВТОР; ПРВ; ТРЕТ, туку да има побајаги за читање, со објаснувања
Од пријателскиве гледам сосема добро може да искотира МЗТ во лигава. После првиов меч сум сигурен дека барем на домашен може да паднат многу екипи.
Признавам не ја пратам многу Јадранскава лига во последниве години и незнам од кој што да очекувам.
Па од 6-10 би било огромен успех.
Дома освен Цедевита сите други би требало да бидат тепани.Партизан не се никаков фактор оваа година и тоа е добро.Црвена Ѕвезда се неуиграни а играме со нив за само 3 кола и ако реши тренерот и со нас да го игра Чович Јуниор по 20 минути победата е скоро загарантирана.Тимови пак како Задар,Олимпија,Цибона може да се очекува како и стандардно во вториот дел од сезоната после јануари да доживеат колапс.Проблемот е дека и со два од овие три тимови играме на гости за 3 недели и нема да го искористиме тоа. максимално.
Дома 10-11 од 13 би било во најдобар случај да се извади со тоа што сигурен пораз е Цедевита и уште 1-2 да има некој неочекувани.
На гости можеме да тепаме против Сплит (кој е премногу напумпан балон имаат 2 ца играчи и ништо повеќе али сега ги дигаат до шампионска титула во Хрватска и тоа ќе им се одбие од глава Шарич нема шанси да го реши спорот пред натпреарот со нас и нема да игра,а и тие играчи што ги имаат би требало да бидат брзо смирени од нашата одбрана па тука победа не би била зачудувачка посебно дека тогаш ќе имаме веќе со Николовски 4 рица центри за ротација и новиот бек во игра,Игор ако продолжи вака со по 6-9 асистенции по натпревар би било супер),Задар,Унгарците и мислам дека тоа е тоа од тие посигурните,можеме да се јадеме со Крагуевац,Крка,Игокеа ( кој прерано играат во полна форма и може да се очекува играта да им опадне ) па по мое мислење и Партизан ако нема притисок врз судии кај нив.Додека се друго би било големо изненадување.
На гости 4-5 од 13 би било во најдобар случај.
Со 14-15 победи на крај на сезона негде околу 6-9 место би биле али ова е најдбар случај.
Реално е 9 дома и 2 на гости и да бидеме негде 8-11.Иако со тоа што го покажаа до сега сите тимови освен Цедевита, МЗТ не заостанува позади никого посебно кога ќе се земе дека играа без центар и бек вчера со само 10 играчи од кој еден е неуиграниот Гечевски а дргуиот младинец кој сеуште нема искуство и се гледаше дека има трема.Па и да најдобриот можен пласман останува во игра.
Ако до 4 кола имаме 3-1 скор што е доста реално ( победа против Широки и Раднички дома ) и да изгубиме од Будучност во Подгорица мислам дека би биле во супер позиција да извадиме до 10 коло 5-5 или 6-4 со оглед дека тој дел од календарот е многу гаден играме со Цедевита дома и Олимпија на гости што се сигурни порази.Остануваат Сплит (,Игокеа и Задар на гости од кој барем по една победа против Сплит и Задар би можела да се очекува и против ЦЗ дома која очекувам да ја победиме.
.