Фан клуб: МЗТ Скопје

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Браво МЗТ !!! (y)
Баш ми е мило шо победија !!! Само напред и шо подобар резултат во АБА
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
Ај некој што се разбира повеќе од гоинашниве состави на екипиве од лигава, нека даде е една прогноза за отприлика кое место би можел да заврши МЗТ? :)
Али не да бисде прогноза, ЌЕ ЗАВРШИ ВТОР; ПРВ; ТРЕТ, туку да има побајаги за читање, со објаснувања :D
Од пријателскиве гледам сосема добро може да искотира МЗТ во лигава. После првиов меч сум сигурен дека барем на домашен може да паднат многу екипи.
Признавам не ја пратам многу Јадранскава лига во последниве години и незнам од кој што да очекувам.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Јас бев денеска да си земам карта од сала Јане Сандански. Типот таму почнува со продажба на карти од 12.00 часот па до 20.00 часот секој ден ке е таму во тој период . Има карти од одредени блокови и од тие може да се одбере и да се купи карта.

На сајтот на мктикетс пишува дека продажбата на карти во Борис Трајковски ќе биде од Понеделник 01 октомври од 12-20 часот.
Продажни места:
  • Скопје: Сала Борис Трајковски, Сала Јане Сандански, Кафе Круг (Аеродром), Цвеќара Розе (веро2), Камарад (рамстор), Југотон Рекордс ГТЦ 1 кат, Мезе Бар(Скопјанка).
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Најјако у преносов беше кога Лазовски употребуваше „наш“ и „ние“ за МЗТ.

Пример промашуваат слободни Цибона: Тоа е одлично за нас!
„Нашите кошаркари имаат одличен учинок за три поени“
„Ние играме одлично во одбрана“

Сеа океј, тоа може да му се осврнува као демек кон македонски тим, али ипак јеботе, тренерот на Работнички да коментира со „наш“ за МЗТ, eптен смешно ми беше мене. :D
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.296
Поени од реакции
7.023
Честита првата победа,нека ви се множат :) Иначе за Бакиќ да пишам збор-два. Добар плејмејкер,играше долго во Звезда,ама дали во сезоната 2010-2011 или 2011-2012(незнам баш најдобро,не ме држете за збор) мислам дека имаше тешка повреда на коленото(менискус или лигаменти) и паузираше подолго време..сеа ако е целосно заздравен,мислам дека би бил добро засилување. Иначе РЕАЛНО според мене МЗТ би завршил од 7-10 место,што и не е така лошо за прва сезона :)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Најјако у преносов беше кога Лазовски употребуваше „наш“ и „ние“ за МЗТ.

Пример промашуваат слободни Цибона: Тоа е одлично за нас!
„Нашите кошаркари имаат одличен учинок за три поени“
„Ние играме одлично во одбрана“

Сеа океј, тоа може да му се осврнува као демек кон македонски тим, али ипак јеботе, тренерот на Работнички да коментира со „наш“ за МЗТ, eптен смешно ми беше мене. :D
Многу Црно бело ги гледаш работите што ако е тренер на Работнички не може да навива на настапите на друг наш кошаркарски клуб во странство? Или обратно. Вистинските кошаркарски експерти и од Мзт и од Работнички и од други клубови знаат дека колку посилни македонски тимови имаме и колку повеќе надвор од Македонија играме дека толку ќе имаме појаки играчи и појака репрезентација и и појака прва лига во кошарка. Јас од Македонска лига навивам за Работнички , но јас за секој македонски клуб што настапува надвор и игра против екипи од странство секогаш навивам за македонскиот тим да победи без разлика дали е Мзт дали е Фени итн. И добро е што менаџментот на најголемите кошаркарски клубови и стручниот штаб го имаат сфатено тоа. Денеска од срце навивав за Мзт да победи и многу ми направи мерак што победија, Мзт овие 2 години е пример за професинален спортски менаџмент, топ стручен штаб одлични играчи(пола македонска репрезентација е во Мзт) и убава игра за око. Ако некој сака да му земе титула или да го загрози Мзт богами дебело ќе треба да инвестира а со тоа се подига квалитетот на нашата кошарка. Како и да е Мзт постави нови стандарди во македонската кошарка тоа е факт.
Поздрав
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Синоќа немав прилиика да им честитам на момците за прекрасната игра па тоа ќе го направам сега. Падна и таканаречената „голема„ Цибона, тоа синоќа беше момент за историја.. Уште еднаш големо БРАВО за момците од МЗТ!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ај некој што се разбира повеќе од гоинашниве состави на екипиве од лигава, нека даде е една прогноза за отприлика кое место би можел да заврши МЗТ? :)
Али не да бисде прогноза, ЌЕ ЗАВРШИ ВТОР; ПРВ; ТРЕТ, туку да има побајаги за читање, со објаснувања :D
Од пријателскиве гледам сосема добро може да искотира МЗТ во лигава. После првиов меч сум сигурен дека барем на домашен може да паднат многу екипи.
Признавам не ја пратам многу Јадранскава лига во последниве години и незнам од кој што да очекувам.

Па од 6-10 би било огромен успех.

Дома освен Цедевита сите други би требало да бидат тепани.Партизан не се никаков фактор оваа година и тоа е добро.Црвена Ѕвезда се неуиграни а играме со нив за само 3 кола и ако реши тренерот и со нас да го игра Чович Јуниор по 20 минути победата е скоро загарантирана.Тимови пак како Задар,Олимпија,Цибона може да се очекува како и стандардно во вториот дел од сезоната после јануари да доживеат колапс.Проблемот е дека и со два од овие три тимови играме на гости за 3 недели и нема да го искористиме тоа. максимално.

Дома 10-11 од 13 би било во најдобар случај да се извади со тоа што сигурен пораз е Цедевита и уште 1-2 да има некој неочекувани.

На гости можеме да тепаме против Сплит (кој е премногу напумпан балон имаат 2 ца играчи и ништо повеќе али сега ги дигаат до шампионска титула во Хрватска и тоа ќе им се одбие од глава Шарич нема шанси да го реши спорот пред натпреарот со нас и нема да игра,а и тие играчи што ги имаат би требало да бидат брзо смирени од нашата одбрана па тука победа не би била зачудувачка посебно дека тогаш ќе имаме веќе со Николовски 4 рица центри за ротација и новиот бек во игра,Игор ако продолжи вака со по 6-9 асистенции по натпревар би било супер),Задар,Унгарците и мислам дека тоа е тоа од тие посигурните,можеме да се јадеме со Крагуевац,Крка,Игокеа ( кој прерано играат во полна форма и може да се очекува играта да им опадне ) па по мое мислење и Партизан ако нема притисок врз судии кај нив.Додека се друго би било големо изненадување.

На гости 4-5 од 13 би било во најдобар случај.

Со 14-15 победи на крај на сезона негде околу 6-9 место би биле али ова е најдбар случај.

Реално е 9 дома и 2 на гости и да бидеме негде 8-11.Иако со тоа што го покажаа до сега сите тимови освен Цедевита, МЗТ не заостанува позади никого посебно кога ќе се земе дека играа без центар и бек вчера со само 10 играчи од кој еден е неуиграниот Гечевски а дргуиот младинец кој сеуште нема искуство и се гледаше дека има трема.Па и да најдобриот можен пласман останува во игра.


Ако до 4 кола имаме 3-1 скор што е доста реално ( победа против Широки и Раднички дома ) и да изгубиме од Будучност во Подгорица мислам дека би биле во супер позиција да извадиме до 10 коло 5-5 или 6-4 со оглед дека тој дел од календарот е многу гаден играме со Цедевита дома и Олимпија на гости што се сигурни порази.Остануваат Сплит (,Игокеа и Задар на гости од кој барем по една победа против Сплит и Задар би можела да се очекува и против ЦЗ дома која очекувам да ја победиме.




.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Никој не го пофали Тодоров...:D
Вчера покажа дека има потенцијал да стане одличен тренер со оглед на тоа дека станува збор за млад тренер.
Играта во одбрана ја постави одлично , успеа да ги спречи ( колку толку ) противничките центри кој беа каде каде повисоки, потоа тајмингот на замените му беше перфектен, оставањето на Дејвис во игра 34 минути му беше ( фала богу ) според мене клучен фактор за победата.
А исто така и Гечевски го искористи максимално кој после повредата на раката не очекував да прикаже толку добра партија, а и браво што му даде шанса и на центарчето Горјан да се испроба.(y)
За пофалба е ex persona non grata.:icon_lol:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945

Целосен тим на МЗТ за новата сезона.. Одиме кон нова титула во домашното првенство па ако даде Бог и добар пласман во АБА-Лигата.. Ќе ми беше мило доколко стоеше и името на Владо Илиевски..
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Браво за мзт прва победа у јадранската лига,и тоа над цибона,што ми е мерак што ѓи плеснаа усташиве,дека гледам многу не имаа потценето.Сеа мора ваќе да се продужи не смее и ние да ѓи праемо истите грешки како цибона,затоа што тоа може да ни се удри од глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom