Гостинските мечеви ќе го решат шампионот, тоа е тоа...
--- надополнето: 30 септември 2012 во 00:19 ---
Досега сме скоро на исто рамниште.
И Шкендија и Вардар газат на домашен.
Кај Ренова тепавме и двете екипи, кај Напредок изгубивме и двете.
Шкендија изгуби кај Турново, нерешено изигра во Битола, но ние изигравме нерешено во Кратово. Сигуренсум дека Шкендија ќе тепа во Кратово, а нашата шанса ја гледам во победа во Турново, додека во Битола напаленине може да ни земат бод...
Иако бодовната разлика е релативно голема, сепак не е недостижна, пошто ние имаме меч повеќе на домашен, а гостувања играме променливо и двете екипи.
Некако Шкендија не ми е кадарна да победува на гости, да вади нерешени МОЖЕ, ама за победи некако слабо им оди. Проблемот е што и ние слабо се снаоѓаме по нививе...
ГОЛЕМ ОГРОМЕН плус за нас е што ја добивме Ренова. Ипак на Шкендија со Ренова им е како домашен меч... Ние ќе чекаме подарок од Работнички, се мислам дека Шкендија скоро сигурно ќе изгуби тука од комшиките наши.