Alcatel OT-995

  • Креатор на темата Креатор на темата kobrata
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте задоволни од АЛКАТЕЛ ОТ-995

  • ДА

    Гласови: 39 75,0%
  • НЕ

    Гласови: 13 25,0%

  • Вкупно гласачи
    52
Член од
11 јуни 2011
Мислења
382
Поени од реакции
187
Возраст
34
Како сте задоволни од телефонот, кои се неговите недостатоци а кои се неговите предности. Тука можеме да дискутираме за овој телефон, и секако ако има некој информација кога ќе биде надградбата на андроид 4.0.4 може да ја сподели со нас.
 
Алкател=Кантател

Јак аргумент.

Има тука доста зборувано за овој модел. Телефонот е топ,супер перформанси,гголем екран,4.3 инча,16 милиони бои. Од ОС мислам дека има џинџер,али може да се надради на ајскрим..апдејтот требаше септември да искочи,незнам дали има.. Карактеристики како и кај други многу поскапи модели,со 2 годишна гаранција.
 
Телефон за кој сериозно треба да размислиш да го земеш, зборувајки за неговата класа :) Голем екран, 1,4GHz процесор, 512 мб рам. На сметка на тоа имаш доста обичен дизајн и просечна камера. Одличен ако ти е за играње и интернет, плус поддржува до 32гб мемориска, за одлична цена .
 
дизајнот си е сосема ОК, с3 да не има бог знае каков дизајн за тие пари што ги плаќам ? А камерата е 5 мп,сосема солидни слики вади,за нормална употреба,кој не боледува од пиксели,сосема му е доволно.
 
Пикселите и немаат голема врска со квалитетот на сликата, но тоа е друга тема.
Инаку, немој да ги споредуваш Самсунг с3 и Алкателот. Дизајнот на сите Андроид телефони е многу сличен, но не е сѐ во дизајнот, a кај самсунгот најмалку се плаќа дизајнот. Земи во рака самсунг и види го квалитетот на екранот, самата изработка на телефонот, брзината, па после давај вакви коментари. ;)
 
Правев муабет со еден кој многу се разбира од телефони. И овој е супер за разика од многу ХТЦ-иња. Искрено повеќе сакам ХТЦ, но овој телефон за евтини пари нуди исто како и нив
 
Да не знае некој како иде телефонов на пост пејд со две години договор во ВИП? Ми кажа едно другарче 4990 само не беше сигурен. Ај ако знае некој нека каже.
 
Што е со тој проблем со wi-fi- то на мобилниов???
 
Да не знае некој како иде телефонов на пост пејд со две години договор во ВИП? Ми кажа едно другарче 4990 само не беше сигурен. Ај ако знае некој нека каже.

5500 ден:) за роденденската тарифа
 
Alcatel не е тоа што беше;)

Алкател никогаш не беше. Никад не биле на врвот.
--- надополнето: 28 септември 2012 во 20:37 ---
дизајнот си е сосема ОК, с3 да не има бог знае каков дизајн за тие пари што ги плаќам ? А камерата е 5 мп,сосема солидни слики вади,за нормална употреба,кој не боледува од пиксели,сосема му е доволно.

Ако Самсунг нема дизајн тогаш кој има???? Самсунг се меѓу Топ 3 во дизајн.
 
Алкател никогаш не беше. Никад не биле на врвот.

Во однос на релацијата трошоци-користи, никогаш не биле на дното. За тие пари што ги плаќаш за Алкател кај никој друг бренд нема да го добиеш истото.
 
Пикселите и немаат голема врска со квалитетот на сликата, но тоа е друга тема.
Инаку, немој да ги споредуваш Самсунг с3 и Алкателот. Дизајнот на сите Андроид телефони е многу сличен, но не е сѐ во дизајнот, a кај самсунгот најмалку се плаќа дизајнот. Земи во рака самсунг и види го квалитетот на екранот, самата изработка на телефонот, брзината, па после давај вакви коментари. ;)

Незнаеш меѓу редови да читаш. Вика тој пред мене дека алкателот немале некој дизајн.ОК..ја му викам дали сака да има дизајн како с3,кога с3 кошта 600 евра а алкателов 200. Ако сакаш топ дизајн и перформанси,ќе платиш 600 евра,а од средна класа неможеш да бараш нај меѓу нај.
Што е со тој проблем со wi-fi- то на мобилниов???

Наводно имал проблеми со рутерите на т-хоум,мада ја се конектирав до сега 2-3 пати без проблем..абе компјутер и андроид за секој е многу лоша работа. Секој неписмен,учен недоучен може да каже што сака.
 
не е лош алкателов за тие пари и стварно ми личат и копиран од ХТЦ Дезајр ХД само разликата е перфонманси и каков процесор:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom