_The Great_
Il Genio
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 5.955
- Поени од реакции
- 3.318
Најдобар одговор е кога некој ќе пише, Иран не е Палестина/Ирак. Израел има едни од најсофистицираните ПВО-а, израелците веќе одамна развиваат ласерски систем на одбрана кој што може да детектира и да уништи дури мортарски гранати а ракетите кои што ќе ги лансира Иран навремено ќе бидат детектирани и уништени. Израел поседува одлично противракетно оружје кое има огромна предност што може да делува од било-каде, односно да биде преместувано по ќејф на командантите, така што нема да биде фиксна мета за противникот.Затоа што Иран не е Палестина,Ирак или Авганистан, без логистика израелците можеби ќе им направат штета на иранците,но после како дожд има да заврне иранските ракети во Тел Авив, а исто така Израел не се граничи со ИРан,ќе треба да направат рокади за да ги бомбардираат позициите на Иран, исто така незнам дали си информиран,Саудиска Арабија се закани дека ќе ги собори сите авиони на Израел доколку се нападне Иран преку нивниот воздушен простор,а во едно со ова многу земји ќе учествуваат во ова голема регионална војна каде што многу лесно може да започне и трета светска војна. Да беше толку лесно и едноставно до сега Иран ќе се срамнеше 1000 пати со се земја.. Иран може да се бомбардира само од САД, макар што пак ќе повторам, и тогаш дури нема никакви гаранции како ќе се одвиваат работите после? Ако после нападот ситуацијата излегува од контрола тогаш ни нуклеарни бомби нема да биде лек за да се смири ситуацијата во Блискиот Исток.. Има уште една опција,Иран може да се победи многу лесно,доколку има ѓраѓанска војна,затоа што таму владее диктатура,и многу иранци се против режимот на Ахмединаџат.
Ќе треба да се дигнат бунтовниците од внатре па потоа лесно е,но дали ќе се дигнат тоа е голем прашалник? Затоа што и опозицијата во Иран е против Западот..
Плус и ова ако е точно,тогаш уште по комплицирано ќе биде.
Викиликс-Иран би го збришал Израел за 12 минути!
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E6BE0E8C20572144ADB7940289F528D3
Иран има ракети со дострел до Западна Европа
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121101013141&id=11&prilog=0&setIzdanie=22147

Само луд човек може да помисли на тоа дека С. Арабија, најголемиот сојузник на САД може да ги собори израелските авиони. Како и да е, читав една интересна статија во која министерот за цивилна одбрана на Израел кажува како би ги нападнале иранците. Океј, знам дека сите сте експерти тука, но да му дадеме шанса на човеков.
Најпрвин, Израел би започнал сајбер-напад над Иран, или пак електронски-напад со детонирање на нуклеарка високо над небото на Иран со што би ги прекинал сите електронски срања што ги има противникот (војската на Израел е заштитена од евентуален ваков сајбер напад). По ваквиот напад ќе следува напад со балистички проектили врз нуклеарните постројки низ територијата на Иран.
После ова би биле испратени ловците на Израел (кои патем се едни од најдобрите и најсофистицирани борбени авиони во светот) кои би бомбардирале цели низ Иран. Нормално е да се очекува Иран да возврати преку Хезболах и преку напади на американските воени бази, но ќе треба да се справи со машинеријата наречена САД која што веќе има распоредено неколку разурнувачи и подморници подготвени да направат дожд од томахавк ракети врз Иран, како и неколку носачи на авиони подготвени да делуваат на територијата на Иран.
Кој ќе застане на страната на Иран, тој ќе биде осуден на пропаст. Прво и основно, целиот блиски исток е окупиран од американската војска, С. Арабија и Кувајт се сојузници, тука е и НАТО итн. Ова е однапред изгубена војна на Иран.