Иран: Кога - тогаш ќе има војна (со Израел)

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Затоа што Иран не е Палестина,Ирак или Авганистан, без логистика израелците можеби ќе им направат штета на иранците,но после како дожд има да заврне иранските ракети во Тел Авив, а исто така Израел не се граничи со ИРан,ќе треба да направат рокади за да ги бомбардираат позициите на Иран, исто така незнам дали си информиран,Саудиска Арабија се закани дека ќе ги собори сите авиони на Израел доколку се нападне Иран преку нивниот воздушен простор,а во едно со ова многу земји ќе учествуваат во ова голема регионална војна каде што многу лесно може да започне и трета светска војна. Да беше толку лесно и едноставно до сега Иран ќе се срамнеше 1000 пати со се земја.. Иран може да се бомбардира само од САД, макар што пак ќе повторам, и тогаш дури нема никакви гаранции како ќе се одвиваат работите после? Ако после нападот ситуацијата излегува од контрола тогаш ни нуклеарни бомби нема да биде лек за да се смири ситуацијата во Блискиот Исток.. Има уште една опција,Иран може да се победи многу лесно,доколку има ѓраѓанска војна,затоа што таму владее диктатура,и многу иранци се против режимот на Ахмединаџат.
Ќе треба да се дигнат бунтовниците од внатре па потоа лесно е,но дали ќе се дигнат тоа е голем прашалник? Затоа што и опозицијата во Иран е против Западот..

Плус и ова ако е точно,тогаш уште по комплицирано ќе биде.

Викиликс-Иран би го збришал Израел за 12 минути!
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E6BE0E8C20572144ADB7940289F528D3

Иран има ракети со дострел до Западна Европа
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121101013141&id=11&prilog=0&setIzdanie=22147
Најдобар одговор е кога некој ќе пише, Иран не е Палестина/Ирак. Израел има едни од најсофистицираните ПВО-а, израелците веќе одамна развиваат ласерски систем на одбрана кој што може да детектира и да уништи дури мортарски гранати а ракетите кои што ќе ги лансира Иран навремено ќе бидат детектирани и уништени. Израел поседува одлично противракетно оружје кое има огромна предност што може да делува од било-каде, односно да биде преместувано по ќејф на командантите, така што нема да биде фиксна мета за противникот.

Arrow_system.jpg

Само луд човек може да помисли на тоа дека С. Арабија, најголемиот сојузник на САД може да ги собори израелските авиони. Како и да е, читав една интересна статија во која министерот за цивилна одбрана на Израел кажува како би ги нападнале иранците. Океј, знам дека сите сте експерти тука, но да му дадеме шанса на човеков.

Најпрвин, Израел би започнал сајбер-напад над Иран, или пак електронски-напад со детонирање на нуклеарка високо над небото на Иран со што би ги прекинал сите електронски срања што ги има противникот (војската на Израел е заштитена од евентуален ваков сајбер напад). По ваквиот напад ќе следува напад со балистички проектили врз нуклеарните постројки низ територијата на Иран.

После ова би биле испратени ловците на Израел (кои патем се едни од најдобрите и најсофистицирани борбени авиони во светот) кои би бомбардирале цели низ Иран. Нормално е да се очекува Иран да возврати преку Хезболах и преку напади на американските воени бази, но ќе треба да се справи со машинеријата наречена САД која што веќе има распоредено неколку разурнувачи и подморници подготвени да направат дожд од томахавк ракети врз Иран, како и неколку носачи на авиони подготвени да делуваат на територијата на Иран.

Кој ќе застане на страната на Иран, тој ќе биде осуден на пропаст. Прво и основно, целиот блиски исток е окупиран од американската војска, С. Арабија и Кувајт се сојузници, тука е и НАТО итн. Ова е однапред изгубена војна на Иран.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Во врска со Иран друго нешто ме интересира.

Нивниот верски водач нели беше школуван на запад ?
А и овој Ахмадинеџад по потекло Евреј.

Јозеф Менгеле и Јозеф Сталин.
Па не ми оди.
Или ?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.239
Поени од реакции
4.848
Затоа што Иран не е Палестина,Ирак или Авганистан, без логистика израелците можеби ќе им направат штета на иранците,но после како дожд има да заврне иранските ракети во Тел Авив, а исто така Израел не се граничи со ИРан,ќе треба да направат рокади за да ги бомбардираат позициите на Иран, исто така незнам дали си информиран,Саудиска Арабија се закани дека ќе ги собори сите авиони на Израел доколку се нападне Иран преку нивниот воздушен простор,а во едно со ова многу земји ќе учествуваат во ова голема регионална војна каде што многу лесно може да започне и трета светска војна. Да беше толку лесно и едноставно до сега Иран ќе се срамнеше 1000 пати со се земја.. Иран може да се бомбардира само од САД, макар што пак ќе повторам, и тогаш дури нема никакви гаранции како ќе се одвиваат работите после? Ако после нападот ситуацијата излегува од контрола тогаш ни нуклеарни бомби нема да биде лек за да се смири ситуацијата во Блискиот Исток.. Има уште една опција,Иран може да се победи многу лесно,доколку има ѓраѓанска војна,затоа што таму владее диктатура,и многу иранци се против режимот на Ахмединаџат.
Ќе треба да се дигнат бунтовниците од внатре па потоа лесно е,но дали ќе се дигнат тоа е голем прашалник? Затоа што и опозицијата во Иран е против Западот..

Плус и ова ако е точно,тогаш уште по комплицирано ќе биде.

Викиликс-Иран би го збришал Израел за 12 минути!
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E6BE0E8C20572144ADB7940289F528D3

Иран има ракети со дострел до Западна Европа
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121101013141&id=11&prilog=0&setIzdanie=22147
И шо к*р ако Иран не е Авганистан, Ирак итн?
Имаат поголеми тенкови, побрзи авиони, војниците имаат поголеми мускули, што?
Ајде кажи ни ја причината зошто Иран воено би бил тежок да се совлада?

Која е таа логистика што им е потребна на Израелците за напад врз нуклеарните постројки? Цистерни со керозин? Автопати со три ленти? Скара за пилотите во секое време?

Како тоа ќе почнат Трета светска војна, ќе се вмешаат светските веле-сили Кувајт и Катар? Кинезите ќе испратат бомбардери во САД? Русите ќе забранат извоз на вотка....упс... :)
Како тоа се почнува Трета светска војна?

Не е тешко да се нападни Иран. Не е воопшто тешко да се нападне било која земја на Блискиот исток. Но за да нападнеш некоја земја треба да имаш причина, цели и средства. Средства НАТО и Израел имаат колку сакаат. Имаат и цели, но немаат причина, засега. НАТО ги калкулираат последиците, а Израел веќе може да се справи со последиците (со ракетите на Иран што ќе летаат кон Израел), но Израел е тесно поврзан со САД (НАТО). Оттука Израел не превзема ништо, бидејќи ќе страдаат базите на САД на Блиски и Среден исток, ќе се дестабилизира ситуацијата во Ирак, Талибанците наеднаш ќе добијаат огромен сојузник, а со тоа и помош, нафтата ќе отиде скај хај. Сето од ова погоре наброено не го засега Израел и во поглед на тоа Израел е слободен да превземи што сака во врска со Иран. Но бидејќи погоре наброеното и тоа како го става во опасност Американското присуство во регионот, Израел не реагира затоа што ќе му наштети на еден од најблиските сојузници.

Постои уште една голема причина заради која во Иран се уште не паѓаат бомби, но за тоа потоа. :)
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Најдобар одговор е кога некој ќе пише, Иран не е Палестина/Ирак. Израел има едни од најсофистицираните ПВО-а, израелците веќе одамна развиваат ласерски систем на одбрана кој што може да детектира и да уништи дури мортарски гранати а ракетите кои што ќе ги лансира Иран навремено ќе бидат детектирани и уништени. Израел поседува одлично противракетно оружје кое има огромна предност што може да делува од било-каде, односно да биде преместувано по ќејф на командантите, така што нема да биде фиксна мета за противникот.

Прегледај го приврзокот 49737

Само луд човек може да помисли на тоа дека С. Арабија, најголемиот сојузник на САД може да ги собори израелските авиони. Како и да е, читав една интересна статија во која министерот за цивилна одбрана на Израел кажува како би ги нападнале иранците. Океј, знам дека сите сте експерти тука, но да му дадеме шанса на човеков.

Најпрвин, Израел би започнал сајбер-напад над Иран, или пак електронски-напад со детонирање на нуклеарка високо над небото на Иран со што би ги прекинал сите електронски срања што ги има противникот (војската на Израел е заштитена од евентуален ваков сајбер напад). По ваквиот напад ќе следува напад со балистички проектили врз нуклеарните постројки низ територијата на Иран.

После ова би биле испратени ловците на Израел (кои патем се едни од најдобрите и најсофистицирани борбени авиони во светот) кои би бомбардирале цели низ Иран. Нормално е да се очекува Иран да возврати преку Хезболах и преку напади на американските воени бази, но ќе треба да се справи со машинеријата наречена САД која што веќе има распоредено неколку разурнувачи и подморници подготвени да направат дожд од томахавк ракети врз Иран, како и неколку носачи на авиони подготвени да делуваат на територијата на Иран.

Кој ќе застане на страната на Иран, тој ќе биде осуден на пропаст. Прво и основно, целиот блиски исток е окупиран од американската војска, С. Арабија и Кувајт се сојузници, тука е и НАТО итн. Ова е однапред изгубена војна на Иран.
Па тогаш нека ги нападнат бре!!! Што чекаат? Зошто израелскиот председател се моли на САД и тие да интервенираат? Чим Израелците се толку супериорни?
Со овие коментарите уште малку испадне дека Израел е по силна земја дури и од Русија и Кина..:facepalm:
--- надополнето: 26 септември 2012 во 23:34 ---
И шо к*р ако Иран не е Авганистан, Ирак итн?
Имаат поголеми тенкови, побрзи авиони, војниците имаат поголеми мускули, што?
Ајде кажи ни ја причината зошто Иран воено би бил тежок да се совлада?

Која е таа логистика што им е потребна на Израелците за напад врз нуклеарните постројки? Цистерни со керозин? Автопати со три ленти? Скара за пилотите во секое време?

Како тоа ќе почнат Трета светска војна, ќе се вмешаат светските веле-сили Кувајт и Катар? Кинезите ќе испратат бомбардери во САД? Русите ќе забранат извоз на вотка....упс... :)
Како тоа се почнува Трета светска војна?

Не е тешко да се нападни Иран. Не е воопшто тешко да се нападне било која земја на Блискиот исток. Но за да нападнеш некоја земја треба да имаш причина, цели и средства. Средства НАТО и Израел имаат колку сакаат. Имаат и цели, но немаат причина, засега. НАТО ги калкулираат последиците, а Израел веќе може да се справи со последиците (со ракетите на Иран што ќе летаат кон Израел), но Израел е тесно поврзан со САД (НАТО). Оттука Израел не превзема ништо, бидејќи ќе страдаат базите на САД на Блиски и Среден исток, ќе се дестабилизира ситуацијата во Ирак, Талибанците наеднаш ќе добијаат огромен сојузник, а со тоа и помош, нафтата ќе отиде скај хај. Сето од ова погоре наброено не го засега Израел и во поглед на тоа Израел е слободен да превземи што сака во врска со Иран. Но бидејќи погоре наброеното и тоа како го става во опасност Американското присуство во регионот, Израел не реагира затоа што ќе му наштети на еден од најблиските сојузници.

Постои уште една голема причина заради која во Иран се уште не паѓаат бомби, но за тоа потоа. :)
1- Нека ги нападнат веќе аман чим е толку лесно:)
2- Од кога талибанците се сојузници на Иран?
3- Дали знаете дека Сунитите и Шиитите се мразат?
4-Израел може да победи,но без САД и НАТО, НЕМА ШАНСИ
5-Неможело да започне трета светска војна? Па добро бе мајката,од кога станавте по паметни дури и од агентите на ЦИА ? Филип Џиларди и РејМекГаверн?

СЦЕНАРИО НА ФИЛИП ЏИРАЛДИ, ПОРАНЕШЕН АГЕНТ НА ЦИА

Вака ќе започне трета светска војна
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=96F82C05A41A2749AC154E57468E3888



Реј МекГаврен, Поранешен агент на ЦИА: Во случај на војна со Иран, Израел ќе исчезне

Нападот на Иран би можел да биде најголема американска грешка што би довел до исчезнување на Израел, смета поранешен агент и аналитичар на ЦИА.

Реј МекГаверн вели дека евентуален напад на Иран би бил голема грешка на американските сили, затоа што тоа автоматски би значело и почеток на војна во регионот.

Ирански официјални претставници напоменуваат дека каков било вооружен напад на таа земја ќе предизвика масовна одмазда, а војната би добила светски карактер./крај/еР/амп

http://bukvar.mk/news/poraneshen-agent-na-cia-vo-sluchaj-na-vojna-so-iran-izrael-kje-ischezne?newsid=YSfm


Ево и самите Израелци што велат

Началникот на израелскиот Генералштаб Габи Ашкенази во 2009 година изјавил дека Израел би имал на располагање само 10 до 12 минути од предупредувањето во случај на ирански ракетен напад, покажуваат документите објавени од "Викиликс". Во тајната телеграма испратена од американската амбасада во Тел Авив се наведува дека генерал-полковникот Ашкенази пред Американците предводени од конгресменот Ајк Скелтном од Мисури дека Иран поседува околу 300 ракети од типот "шихаб" кои можат да го погодат Израел во краток рок и дека станува збор за минути, што на оваа земја и остава малку време да се подготви за ефективна одбрана.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=80B43F42CE40DC429BCB4BE6AB93712A&utm_source=daily.mk
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
И Хусеин си мислеше така лесно ке навлезе во Иран,па на крајот среќен излезе и со status quo....во војната неслучајно Макијавели кажал дека најпотребно е да имаш оправдување за војна.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.174
Поени од реакции
2.844
Саудиска Арабија, Ирак, Египет, Сирија, Јордан, Либан... Овие држави Израел ги нападнал четирикратно.

Прашањето е: Како барем еднаш Израел не го нападнал Иран?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.239
Поени од реакции
4.848
1- Нека ги нападнат веќе аман чим е толку лесно:)
2- Од кога талибанците се сојузници на Иран?
3- Дали знаете дека Сунитите и Шиитите се мразат?
4-Израел може да победи,но без САД и НАТО, НЕМА ШАНСИ
5-Неможело да започне трета светска војна? Па добро бе мајката,од кога станавте по паметни дури и од агентите на ЦИА ? Филип Џиларди и РејМекГаверн?
Ах бе оон... ти не ги читаш Џиларди и другиот, туку новинарите што пренесуваат... Ако навистина сакаш да знаеш што рекле тие агентите, земи и прочитај ги нивните извештаи, а не она што е пренесено од новинарите. И мисли малку со главата, разработи ја логиката. :)

1. Ти објаснав погоре зошто не го напаѓаат Иран. Еве може многу лесно да ја нападнат Венецуела која има далеку повеќе нафтени ресурси од Иран и Ирак заедно, но не го прават тоа, за како што реков, немаат причина.
2, Читај добро што пишав. Ако Израел или САД го нападне Иран, Талибанците ќе добијаат огромна помош од Иран. Помошта може да биде во оружје, но и во напади врз Американските бази.
3. Вистина? Јас мислев дека се љубовници... :) Иако не сум сигурен каква врска има ова што си го напишал под точка три со тоа што си ме цитирал... Ако алудираш на Шиитите во Ирак... пишав дека Иран во евентуален напад ќе ги поддржи нив.
4. Образложи! Тврдиш нешто, но никако не го објаснуваш и поткрепуваш. Ете јас добро објаснив зошто Израел може без проблем да го нападни Иран. Побиј ме....ебаго. :)
5. Петтава точка се однесува на првиот пасус што го пишав.
--- надополнето: 27 септември 2012 во 00:25 ---
Саудиска Арабија, Ирак, Египет, Сирија, Јордан, Либан... Овие држави Израел ги нападнал четирикратно.

Прашањето е: Како барем еднаш Израел не го нападнал Иран?
Не е точно.
Во скоро сите Арапско-Израелски војни, Арапите (С. Арабија, Ирак, Сирија, Јордан, Либан и др.) се тие што напаѓаат први. Израел се јавува во улога на бранител на самиот себеси.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
хахахах:pos: наеднаш сите станавте воени експерти,абе деца седете мирни ова не е шала,навистина има шанси да започне светска војна..(n)
 
M

Muranyi

Гостин
1- Нека ги нападнат веќе аман чим е толку лесно:)
2- Од кога талибанците се сојузници на Иран?
3- Дали знаете дека Сунитите и Шиитите се мразат?
4-Израел може да победи,но без САД и НАТО, НЕМА ШАНСИ
5-Неможело да започне трета светска војна? Па добро бе мајката,од кога станавте по паметни дури и од агентите на ЦИА ? Филип Џиларди и РејМекГаверн?
1.Ако имаат интерес да го нападнат Иран,ќе дојде времето и за тоа.Навистина е смешно да ги споредуваш Иран од една и најголемиот воен сојуз(за мене е фашстички,но тоа е ирелевантно)од друга страна.Не сум сигурен,но сметам дека Сирија и Иран се голем залак за нив само поради интересите на Русија во тие две земји.
2.Талибанците се Паштуни,т.е. се дел од иранскиот народ кој се населени во Авганистан и Пакистан.Искрено не знам дали се сојузници или некогаш биле во минатото но во цела таа геополитика најмалку важна е религијата,се работи за сфери на влијание и интерес,тоа е најважното,се друго е алатка кон постигнување на целта.Во однос на оваа точка може ќе се најде некој подетално да објасни зошто и како Талибанците и Иран можат да бидат сојузници.
3.Види точка 2.Преголема важност и придаваш на религијата.
4.И јас сум на истиот став дека Израел без подршка не би влегол во војна,едноставно невозможно би било тоа и веднаш би се вмешале САД и тоа по провокација од Иран.Ако гледаме на работите апсолутистички и вкрајност,сметам дека Израел итекако има капацитет да го реши Иран(не да го окупира,туку само да му ја уназади нуклеарната програма).
5.Евентуална Трета светска војна со САД и НАТО од една страна и пакет Блиски Исток од друга страна би се учела во основните училишта во само една лекција,зашто би траела само две недели.Мислам и дека не би имале што да пишат во учебниците,ќе пишува кратко и јасно-САД и сојузниците го преселија Блискиот исток надвор од Сончевиот систем.
--- надополнето: 27 септември 2012 во 01:24 ---
хахахах:pos: наеднаш сите станавте воени експерти,абе деца седете мирни ова не е шала,навистина има шанси да започне светска војна..(n)
Помеѓу кого?
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Па тогаш нека ги нападнат бре!!! Што чекаат? Зошто израелскиот председател се моли на САД и тие да интервенираат? Чим Израелците се толку супериорни?
Со овие коментарите уште малку испадне дека Израел е по силна земја дури и од Русија и Кина..:facepalm:
Дечко не ја знам твојата возраст, но знам дека поставуваш прашања рамни на дете од прво одделение. Има милион фактори зошто не започнуваат војна, поголем дел од нив ги наброи Хуман и се согласувам со него.

Израелците можеби не се супериорни во однос на САД, Русија и Кина, но се супериорни во однос на еден Иран и тоа како... Имаат скоро двојно поголем буџет, двојно повеќе тенкови, имаат околу 1900 ловци наспроти 1000 авиони на Иран кои вредат најмалку колку два ирански авиони (израелците ја поставуваат целата електроника во авионите на НАТО). Иранците имаат само далеку побројна војска и повеќе крстарици/разурнувачи/подморници кои се прашувам како ќе стигнат до Израел. Ах, не ги споменувам нуклеарните боеви глави на Израел со веќе внесени координати кон Иран кои би се активирале во случај на: 1) Пенетрирање на непријателска војска на територијата на Израел, 2) Губење на Израелската авијација, 3) Напад на израелската територија со нуклеарно/биолошко оружје.

И Хусеин си мислеше така лесно ке навлезе во Иран,па на крајот среќен излезе и со status quo....во војната неслучајно Макијавели кажал дека најпотребно е да имаш оправдување за војна.
Ти при здрав разум го споредуваш луицидниот Садам со еден Израел кои со децении војува сам против сите арапски држави и на крајот излегува како победник ?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Ти при здрав разум го споредуваш луицидниот Садам со еден Израел кои со децении војува сам против сите арапски држави и на крајот излегува како победник ?
И Македонија да беше заштитена од САД исто така и ние ќе бевме први на Балканот, сфатете веќе бре не сте мали деца, ИЗРАЕЛ БЕЗ САД СЕ НИКОЈ И НИШТО, зошто не сакате да сфатите? Израел се гради од САД, почнувајки од оружје,па се до облека..

По национализацијата на Суецкиот Канал од страна на Египет и забраната за пловидба на израелски бродови, Израел (во содејство со Велика Британија и Франција), во октомври 1956 година, го нападна Египет

http://mk.wikipedia.org/wiki/Израел#.D0.98.D1.81.D1.82.D0.BE.D1.80.D0.B8.D1.98.D0.B0

Ево Израел како ги добива војните низ историјата, стално со некого,или со САД,или со Велика Британија,или пак со Франција, овие ни со Египет немале муда сами да војуваaт,а камоли со Иран..:facepalm:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
И Македонија да беше заштитена од САД исто така и ние ќе бевме први на Балканот, сфатете веќе бре не сте мали деца, ИЗРАЕЛ БЕЗ САД СЕ НИКОЈ И НИШТО, зошто не сакате да сфатите? Израел се гради од САД, почнувајки од оружје,па се до облека..

Ево Израел како ги добива војните низ историјата, стално со некого,или со САД,или со Велика Британија,или пак со Франција, овие ни со Египет немале муда сами да војуваaт,а камоли со Иран..:facepalm:
:facepalm:

Каква Македонија бе не лупај глупости, споредбиве ти се моронски, до некоја мера и патетични. Ако ОВА за тебе е ,,никој и ништо'' тогаш ти си имаш некој сериозен проблем. Дека многу ја разбираш историјата на Израел, ај да те потсетам. Не треба да си многу паметен, доволно е да отвориш барем на Википедија и ќе добиеш резултати.

1968 - Арабско-израелска војна: Израел vs. Египет, Либан, Сирија, Ирак, Јордан. Резултат: Победа на Израел.

1950-60 - Одмазднички операции: Израел vs. Египет, Јордан, Сирија, Палестина. Резултат: Победа на Израел (900 загинати цивили и војници на Израел, 5000 арапски војници).

1956 - Суецка Криза: Израел, Британија, Франција vs. Египет. Резултат: Окупирање на каналот од страна на Израел, повторно отварање на каналот за израелските бродови.

1967 - Шестдневна војна: Израел vs. Египет, Сирија, Јордан, Ирак. Резултат: Победа на Израел (700-900 загинати Израелци, наспроти... читај убаво 10.000 - 15.000 Египет, 6000 Јордан, 2.500 Сирија)

1967-1970 Исцрпувачката војна: Израел vs. Египет, СССР, Јордан, Сирија. Резултат: Тактичка победа на Израел, окупирање на Синај.

1973 Јом Кипурска војна: Израел (поддржан од САД) vs. Египет, Сирија, Ирак, Јордан (поддржани од СССР). Резултат: Тактичка победа на Израел (Израел се бореше против тројно повеќе армија, двојно повеќе тенкови. Израел загуби 2500-2800 војници, противникот 8.000 - 18.500).

1982 Либанска војна: Израел vs. Сирија, Хезболах, Палестинска ослободителна организација. Резултат: Победа на Израел (650 загинати војници на Израел, 10.000 Сириски и палестински војници убиени).

1987 - 1993 Прва интифада (ослободително востание на Палестинците): Израел vs. Хамас. Резултат: Палестина не доби самостојност (160 загинати израелци, 2200 палестинци).

2000 - 2005 Втора интифада: Израел vs. Хамас, Исламски џихад. Резултат: Загушено востание, повлекување од Газа, изградба на West Bank. (1000 загинати израелци наспроти 5500 палестинци).

Резултат: Пред фактите и Боговите молчат. Незнам зошто се мешаш во дискусија кога не си информиран и вадиш муабети од ракав. Сфаќаш колку си смешен ? Не си доволно информиран за оваа работа, терај таму глеај цртани нешто ова она... ајт. :pos:

Израел немал муда да војува сам... :pos::pos:
 
H

HITCH

Гостин
Саудиска Арабија, Ирак, Египет, Сирија, Јордан, Либан... Овие држави Израел ги нападнал четирикратно.

Прашањето е: Како барем еднаш Израел не го нападнал Иран?
Седи, географија чист кец!

Овие држави му се соседи на Изреал, лесно е да ги нападне. Како ќе нападнеш преку две држави, ако за тоа немаш причина? Израел и Иран не се соседи, имаат други држави кои им ја ускратуваат можноста да се спукаат побрзо.
Израел и неговите сојузници се` уште не можат да обезбедат силни докази дека Иран се спрема за уништување на Израел. Ако обезбедат докази ќе нападнат, а тоа ќе биде само ако Иран проба да нападне. До сега двете страни само си се закануваат.
Обратно поставено прашање: Иран е неколкукратно поголем од Израел, зошто се` уште е само на ставот дека доколку Израел го нападне Иран ќе се брани? Ако е поголема и помоќна држава од што се плаши? Не ти е малку смешен ставот на Иран?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom