- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Абе кој го донесе овој тренд со 3ца назад ? Има некој податок за ова ? Гледам и Интер можно е да прејдат на истово, значи италијанците контрираат буквално на Се, првенството им е мизерно, тактичките трендови тотално спротивни од барањата на модерниот фудбал, затоа за успеси во Европа ќе се изначекаме, а незнам дали ја видовте табелата од Уефа ранкот, уште малце фали да бидат поминати од французите ... и португалците, немците, англичаните и шпанците бајаги избегаа.
Италијанците коа ќе се запнат за нешто, како мали деца се. Пред 10 години сите играа 4-4-2 класична, буквално сите. После почнаа полека помалку да се трансформираат во 4-3-1-2 со оној нивни треквартиста, а очигледно најнов "тренд " им е варијации со 3-ка во одбрана.
Ваљда зошто им поминувале такви тактички промени порано, некои и како револуционерни, па затоа се инаети и во свој свет си се за вакви работи.
А да, треба да учат од тоа како поминуваат во Европа на битни утакмици со таква формација, посебно од Удинезе и Наполи (со Челзи) и ради што ги губеле такви тесни натпревари.
Проблемот уште од времето е што со 3-ка назад, нема ширина во играта, зошто само еден играч игра бочно во нормална позициона игра. Тоа значи дека тимови што исклучиво напаѓаат низ крила и креативноста во играта им доаѓа од играчи кои тргнуваат од крила, можат да ги прегазат. А такви тимови се скоро сите од оние на врвот. Барса, Реал, Манчестер Ј., Баерн, Дортмунд. Најдобрите напаѓачи на свет се играчи што генерално тргнуваат од крилата. Тоа не е случајно.
Такви тимови секогаш ќе прават вишок на крило со бековите и буквално за секунда ќе направат транзиција.
Еве пример денес, Валеро колку проблеми им направи на Јуве само со тоа што се извлекуваше на страните цело време кога напаѓаа Фиорентина.
Таа игра може да функционира, само на начин ко што Биелса игра на пример, ама он секогаш игра со крилни напаѓачи, а и плус за да фунционира тимот требаат универзалци, кој што италијанците баш и не ги вадат. Посебно во одбраната, кај што најмногу треба. Таму уствари треба да играат играчите како мидфилдери.
Али им работи гордоста на нив и идат по логиката штом во Италија иде, ќе иде секаде.
Ако им се случи да ги попари некој убаво, можеби неколку пати, тогаш тешко дека ќе тераат уште исто.
, значи италијанците контрираат буквално на Се, првенството им е мизерно, тактичките трендови тотално спротивни од барањата на модерниот фудбал, затоа за успеси во Европа ќе се изначекаме, а незнам дали ја видовте табелата од Уефа ранкот, уште малце фали да бидат поминати од французите ... и португалците, немците, англичаните и шпанците бајаги избегаа.

Инаку тоа играње во Европа многу ќе се осети кај Јувентус заради 3-5-2 формацијата....формација што бара многу трчање и кога ќе има ваков згуснат распоред Јувентус заморот кај играчите ќе се гледа од авион.
