Нејмар е многу повеќе од циркузант.
Прво е многу подобро поткован да игра како крило на левата страна од нападот отколку да кажеме Виља или Санчез.
Брз е и со топката во нозе. Нема проблем ако мора да остане пошироко нешто што на Виља му е сериозен проблем затоа што е пред се напаѓач, а не крило. Тоа значи дека ќе ни ги реши проблемите со „тесниот“ напад што ги имавме последните две години т.е. тактички гледано ќе имаме некој да ги одигра улогите на Виља и Тељо без да мора да правиме измена.
Второ, него за разлика од Тељо противниците мора да го спречат да дојде до топката. Не смеат да му дозволат кога сака да ја земе топката и да трча накај гол премногу е опасен за разлика од Педро, Санчез и Тељо. Нив противникот им дава да ја примат топката па после се справува со нив. Значи играч ќе мора да го маркира лично него, а еден да стои блиску во случај да му избега на првиот. Резултатот е многу повеќе простор за другите особено за Меси и Фабрегас кој може да направи многу штета кога утрчува од втор план.
Одличен пример за што зборам е голот на Виља против Јунајтед во финалето на ЛШ.
Јунајтед се концентрираа премногу на Меси и му дозволија на Виља да прими топка во позиција што и не беше претерано опасна ама Виља е смртоносен кога е во топ форма.
Трето, не знам колку си го гледал Нејмар дечкото има ментален шут и не се мисли многу да шутира од далеку. Уште една опција за против бункери што моментално ја немаме.
Уствари гледано од тоа што му фали на тимов Нејмар е перфектно решение за сите проблеми во нападот.
Ако се донесе Нејмар нема да биде тоа само затоа што Росел сакал ѕвезда да купи туку ќе има и реална корист од него на теренот.
Е сеа дали ќе се прилагоди на околината и дали ќе биде дисциплиниран е друго прашање ама со оглед на тоа дека многу паметни одлуки до сега носи во врска со кариерата мислам дека ќе биде добар.
Кажав циркузант во сосема друга смисла... атрактивен начин на игра, бразилски, нешто во стил на Роналдињо, а за овој вториот ни во лудило не би можел да кажам дека беше само обичен циркузант. Инаку ги знам квалитетите на Нејмар, го имам гледано повеќе пати. Со доаѓањето на таков играч ќе значи дека позиционирањето и маркирањето од страна на противничките играчи нема да биде сконцентрирано само на средината, туку дека ќе мора да ја рашират зоната за да го запрат него, што значи ослободување на Меси кој знае да биде... МЕСИ
.
Но, да не коваме планови уште сега, си има луѓе кои се платени за тоа и кои сигурно ја знаат работата повеќе од нас. Само пак ќе кажам, донесувањето на играч како Нејмар и еден добар стопер ќе ни реши многу проблеми.
П.С. Ми се допаѓа тоа што Виланова сака да си наметне некој свој начин и свој концепт на игра и ме радува тоа што има муда да извади дефанзивец а да стави напаѓач и со тоа да оди на се или ништо. Исто така ме изненади 4-2-3-1 формацијата против Осасуна со која бркавме резултат а исто така се покажа ефикасно решение. Се гледа дека си ја научил работата од Пеп во поглед на инвентивноста и пробувањето на нови идеи.