Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
Кажи ти жити се , еве ние никој појма немаме,дај разјасни некој криминал..кажи колку пари и кој земал.
Види ја нема што да ти разјаснувам криминали,вајда си доволно бистар да споиш некој работи,,немам ни увид нити сум Шврговски,али коа ќе видам на вести тендер 100 000 евра за пенкала нешто не штима тука.Еден пример 2ца членови имаат изработувано споменик(маж и жена)..Иначе хонорарите идеа до пола милион,даваа на вести директно од буџетот..па сеа израчунај колку е веројатно сите пари да идат кај нив..или ги префрлаат дел кај некој.Немој да бидеш наивен размисли го ова малце,луѓето кој заработуваат не се ни патриоти ни вмровци,само се поврзани со правите луѓе.Моментолно власта ја гради новата олигархија во Македонија,рамна на онаа на Бц..да живееше во скопје ќе видеше каков живот живеат луѓето како овие..живот за кој можеме само да сањаме ние.А парите се наши:)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Чинам дека не си ме разбрал малце.. јас не велам таму кај што си ме цитирал дека треба да се расветли периодот по 1945.. значи, ко што велиш задњиве 50 години (макар што се слагам дека треба и тоа да се расветли, со оглед да мислам оти денес премногу критички, дрско-критички /знаеш, колку да се плука онака од ѓутуре - резултат на тоа е лустрацијава; но тоа во друга тема/, го напаѓаме периодот од 1945 до 1990), јас велам дека треба да се расчисти и расветли периодот пред 1945, значи пред илинден, илинден и по илинден до 1945.... Оти од тука произлегуваат сите ментални мајндфакови за нас... ;)

Ако пак јас грешно сум те разбрал,, кажи....
И јас мислев на истите 50 години. Од крајот на 19-ти до средината на 20-ти век. Тој период ни е многу мрачен и нејасен. За истото зборуваме. :) После '45 е прилично јасно. Се случувале повеќе позитивни и по некои негативни работи. Ги знаеме и едните и другите.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не сум ни архитект ни психолог така да не коментирам за Скопје 2014 од тој аспект. Ни немам намера да станам тоа. Така да си молчам за тоа. Ама има неколку фаци кој се дрвени експерти за се...тие си пљампаат што ќе им текне се убацуваат некој фенси збор за да звучат поинтелектуално. Онака од чисто општа култура и од контаки со луѓе се гледа кој има нешто конструктивно да каже а кој сака само да се пува и прави паметен. Секој го знае тоа...Нема везе не им го знам проблемот ни од каде им идат фрустрациите ама не мислам да им ги лечам и изигравам доктор па да ги слушам и глимам со глава на секоја глупост што ќе ја кажат. Без навреда ама ти ми личеше баш на таков случај во погорниот пост. Ај може сум погрешил...:)
Епа си погрешил ....
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
Да бе.Музеј да изградиш е глупост.Театар да изградиш е глупост.Зграда на државна институција е глупост.
Ама паметно беше со ливадите од левата страна на Вардар по кои пасеа коњи.Паметно беше со тоа сивилото од комунистички згради околу плоштадот.Паметно е државни институции да плаќаат кирија ВО СОПСТВЕНА ЗЕМЈА.
Со спомениците претераа.Ама што сте се фатиле за спомениците ко пијан за бандера.
Па како да не се фатам коа има 30 на километар квадратен..еден да го премижиш ајде ама кај и да се свртиш ги глеаш.Плус на тоа се краде највише пари,за праење треба малце материјал и 95% од цената иде у хонорар за уметникот.
Да не се разбереме лошо,фино е што го ставија александар на плоштад(лошо е што се испосраа со 14те краци) тоа е тоа за центар.Другите 29 споменици можеше да се распоред насегде или уопште да не се прават.Како еден прометеј у пелени ќе ми ја дигне националната свест?
Убаво што им направиле објекти за институциите,ама плажи,триумфални капии барокни бродови/сплавови мост на 10 метра од друг мост dafuq is this shit...Ај ќе речеш вкус е ама не е симс ова парите се на сите граѓани не може на грујо што му се свиѓа да гради.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Еве уште еден предлог за фонтани низ градот
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Абе се карате за пари а Скопјево наше ни го направија калакурница.:tapp:
Скопје никогаш не било по средено,ненам што ти значи калакурница,ама пред 10 год Скопје беше многу поголма дупка,јес да и денес не е јака метропола,ама пред 10-20 год Скопје личеше на све,само не на главен град.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Скопје никогаш не било по средено,ненам што ти значи калакурница,ама пред 10 год Скопје беше многу поголма дупка,јес да и денес не е јака метропола,ама пред 10-20 год Скопје личеше на све,само не на главен град.
Абе готово, бар имаше некој дух градот сега е премногу вештачки се.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Абе готово, бар имаше некој дух градот сега е премногу вештачки се.
Кој дух бе брат жити мене.. плоштадот беше рагби игралиште со калдрма,калето горе руинирано,улиците беа во жалосна состојба,на плоштад главна атракција беше Кенан фарбачот,чаршијата пустиња,зоолошката катастерофа.. не го зимам проектов како репер намерно,батали тоа,туку во други работи Скопје се измени,живна малце..
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Кој дух бе брат жити мене.. плоштадот беше рагби игралиште со калдрма,калето горе руинирано,улиците беа во жалосна состојба,на плоштад главна атракција беше Кенан фарбачот,чаршијата пустиња,зоолошката катастерофа.. не го зимам проектов како репер намерно,батали тоа,туку во други работи Скопје се измени,живна малце..
Чаршијата пустиња? Незнам цитро мене лично не ми се свиѓа овака како што е ми ја изгуби автентичноста градот и тоа е тоа премногу е изнатрупано се , пробуваат да направат нешто што неможат и што нема смисла :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Туристите го заменија Охрид со центарот на Скопје

Бројот на туристи продолжува се повеќе да расте, а скопската метропола станува топ-дестинација. Центарот на Скопје го посетиле повеќе туристи отколку атрактивниот Охрид.


Општина Центар е на прво место според бројот на еднодневни посети на странски туристи, додека на второто место се наоѓа Охрид, велат од скопската општина.
Според податоците на Стопанската комора за туризам на Македонија, бројот на туристи кои ја посетиле општина Центар во мај 2012 година е 40% поголем од истиот месец во изминатата 2011 година.

Бројот на туристи во Скопје од година во година масовно се зголемува. Во 2009 година бројот на туристи кои го посетиле главниот град бил 111.281, 2010 година 114.663 туристи, 2011 година 130.726 туристи.

Од приложените податоци 80% од туристите кои го посетиле Скопје биле и гости во општина Центар.
Зголемувањето на бројот на домашните и странските туристи во голема мера се должи на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“. Воинот на коњ, новите музеи, спомениците од плоштад Македонија, Триумфалната порта, Спомен куќата на Мајка Тереза, двокатните автобуси, се само дел од содржините во скопската метропола кои туристите сакаат да ги видат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Скопје никогаш не било по средено,ненам што ти значи калакурница,ама пред 10 год Скопје беше многу поголма дупка,јес да и денес не е јака метропола,ама пред 10-20 год Скопје личеше на све,само не на главен град.
Патувај по улицата од циглана до Америчка амбасада, мислам дека се вика булевар Никола Карев (булевар :confused: ), да го доловиш духот на Скопје и механичарот од маало :) тој дел од Скопје е и еден од најзапуштените и во поглед на урбанизација и со среденост на улици. Иако ни другите населби не се подобри.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Почнаа да се градат бродовите на Вардар
Почна изградбата на сплавовите во Вардар. Градежна механизација деновиве работи на коритото на Вардар спроти стариот театар, каде што треба да стои еден од двата брода.
Од Град Скопје велат дека на фирмата "Фаланга" им издале одобрение за градба и сите други детали да ги бараме кај инвеститорот.
Сопственикот на "Фаланга" Давор Андреевски пак не сакаше да коментира за деталите околу градежните работи. Само кусо ни одговори дека е на службено патување надвор од земјава.
Андреевски пред три месеци ни изјави дека очекува кон крајот на летото да старува изградбата на двата брода во Вардар.
"Бродовите нема да биде во стилот на сплавовите во Белград, од каде ечи турбо фолк. Идејата ми е да воведам нешто ново во градот. Затоа едниот брод ќе биде со стоги правила за облекување, нема да може да се влезе во патики и куси панталони. Сега во Скопје нема ниту едно место за каде можете да се дотерате. Ако отидете така облечен ви се чудат. Ќе биде налик рестораните во Парис и ќе се служи исклучиво француска кујна. Другиот брод ќе биде поопуштена атмосфера, за дневна шема' ни изјави пред три месеци Андреевски, сопственикот на фирмата "Фаланга".
На почетокот на годинава "Фаланга" на јавно наддавање во Град Скопје доби две локации за изградба на сплавови. Првата спроти Стариот театар и за неа ќе плаќа месечна кирија на Градот од 76.700 денари. Вториот брод пак кај се наоѓа хотелот "Холидеј Ин" и за него киријата е 64.900 денари.
"Фаланга" ќе стопанисува со сплавовите 10 години со можност за продолжување на договорот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom