Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ги гледам сликиве погоре, и не знам зошто, али ми се чини ко да ја гледам Будимпешта кога почнувала да се гради во период од 16 до 18 век, ...

Мислам дека покрај се друго, во целиов овој проект Скопје 2014, ко да има има една голема носталгија, но не од оние луѓе што ги нарекуваат „комуњарите“ - демек биле југо-носталгичари, го сакале Тито па сега заради тоа и се бунтуваат против „Скопје 2014“, туку сосема спротивното...

Се чини дека „Проектов“ е инфантилен израз на комплекс на ниска вредност, па оттука практично и е е израз на имагинарна неостварена потсвесна желба од „детството“ - во смисла кога сме биле „млади како држава“. Додека цела Европа била у барок, ние сме биле под турско. Па така, нашето детство, од 1945 година до 1990, имало сосема поинаков, модерен, уметнички и архитентонски раст.

Оттука, ваквото инфантилно навраќање, не е продукт на потреба, туку продукт на нервоза и комплекс кој е создаден од 1990 година до денес, и тоа комплекс по заборавената меморија за што навистина се случувало и зошто во периодот пред 1945 (пред илинден, илинден и пост-илинденски период) ; /Впрочем тоа наликува на моментот кога човекот си го поставува прашањето - „Дали јас можам да се сетам што сум правел и каков сум бил како бебе?“/. Од тие причини се лута со архитектонскиот стил, како прво ако е избра Барокниот (Нео-класичен) стил, тогаш, нели следствено треба да се изберат и уникатни елементи, домицилни, па всушност со тоа испаѓа дека се обкелува „Македонија- како држава“, т.е. се облекува персонификацијата за „Мајката“, додека, изборот и лутањето кој „херој“ да се стави на восочна или брознена фигура, е сосема природен - да се избере таткото - т.е. оној што ги зачнува хероите, за мајката да може да ги роди. Токму таквите „татковци“ овде добиваат „божествена“ аконотација, нешто слично како паралелата меѓу Ѕевс, како татко - Врховен бог, кој е татко на сите херои во старо-елинската митологија, додека мајката може да биде и различна (божица, нимфа или смртник); во овој случај ќај нас мајката е „идеалот“ - кој исто така добива „божествена“ конотација. Поради тоа, со чувство на срам од препознавање и адаптирање, се избираат теми што се туѓи, но со лична конотација, за да се вклопи во друштвото и идентификува со него. Овде не е толкав проблемот на себеидентификација, ами на идентификација и вклопување со околината. Оттука и комплексот на ниска вредност. (простачки речено тоа би дошло како - „Не сум бил вреден и дотоен за претходно да бидам со вас, но сега еве ќе направам да бидам!“)

Резултат на сево ова е токму, како што реков, инфантилно изразување на комплексот на ниска вредност, но кое што свесно предизвикува нервоза по поимањето и претставувањето на чувството за идентитет пред себе и пред очите на другите. Тоа е така, затоа што од 1945, историски земено, започнало градењето на младиот идентитет - учењето; кое што како континуитет требало и треба да се продолжи во таа насока (со оглед да веќе е изграден и секое друго мешање предизвикува конфликт). Поради тоа, ефектите на овој „нов проект - Скопје 2014“, опишан како погоре, во суштина е конфликтен, бидејќи психички не соодветсвува со идентитетската матрица која што самите сме решиле и ја градиме, па заради тоа е и повеќе од нервоза. Таа е шизофрена, па поради тоа и се лута со идентитети - типичен пример е апликацијата и реадаптацијата на „Паркот на Жената Борец“ - сега во него доминираат машки скулптури, и тоа од различна идеолошка и идејна матрица, од војводи, до борци од АСНОМ, бранители 2001, па дури и Прометеј со Божицата Ника на 4 коња (типичен пример на мавзолеј - обожување на смртта); а името сеуште е старо - „паркот на Жената Борец“..

Лутеле се или не, но тоа е тоа.. ;)
Доктуре Зигмунде!!!
Да беше во постмодерен стил ќе се работеше за потиснување на трауми од минатото и заборавање на историјата.
Да беше во Отомански стил ќе се работеше за садо-мазо фантазии
Да беше во рурален-етно Македонски стил ќе се работеше за нарцисоидност и Едипов комплекс
Да беше во социјал-релаизам ќе се работеше со опсесија со сегашноста и селективна меморија како резултат на мегаломанија и егоманија.
Абе ДОКТУРЕ ЗИГМУНДЕ! СЕКОЈ ЧОВЕК СИ ИМА СВОЈА ДИЈАГНОЗА!! ПА И КВАЗИЛЕКАРИ И НАДРИЛЕКАРИ....(ваљда трауми од незавршен медицински факултет) :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Замислете наместо барокнава архитектура која само е копија на нешто што било и тоа не во Македонија да има модерна архитектура со модерни објекти уникатни и свежи за 21 век каде што ке бидеме претпознатливи по тоа.
Кога ке дојде некој кај нас да види нешто што не го видел никаде а не вака бил во Будимпешта,Прага и доага во Скопје и си вика WTF is this.
Мислам тапа муабет многу кичерајски изгледа....али ај барем нешто се гради.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829

Kукате и плачете,се потрошиле 200-300 милиони,а сакаш модерно и уникатно..епа тоа и уникатно вреди милијади бе другар,милијарди..на некои тука ич не ви е јасно дека некои работи вредат пари. Лион спрема да гради стадион кој ќе кошта колку скоро цел проект,250 милиони за 60 000 гледачи,за еден стадион,а тука се изградија 10 згради и 20 споменици за толку пари,плус партерно уредување,внатрешно уредување..да почнеш куќа да правиш на 2 спрата и да ја средиш не те крпат 100 000 евра,а да не зборам за некои мегапроекти,уште па сакал уникатни,а штом се спомне цена одма за глава се фаќате.
Тоа е кичерај муабет,што не сврзувате 2 и 2 . Ај да те прашам, а ако барок има во Прага,Будимпешта и слични и тука веќе би било дежа ву, нели би било и модерно,стакло и алуминиум дежа ву..па ги има во Њу Јорк,Чикаго,Дубаи..низ цел свет,а ?
 
Добро,во Прага и Будимпешта им е тоа историско наследство и е зачувано уште од 1700 година и тоа си останало од тогаш и никаде во светот не се прават вакви копии освен кај нас.

Што има врска Њу Јорк и Чикаго ?
Модерна архитектура си е модерна и важи за овој период значи не е копија (oсвен ако не наликува апла) со модерна архитектура може да се биде иновативен на различни начини не мора да биде прост објект со алуминиум и стакло само.

Подобро со тие 300 милиони да се направат 3 згради по што ке бидеме препознатливи низ цел свет отколку ова.
Но нема врска веке све е готово, изградено, да се руши сигурно нема така да уживај си сакале некеле мораме да се соочиме дека тие се градбите што ке си бидат во Скопје и тоа е тоа.
Но јас сакам кога некој странци ке видат некој објект направен во Скопје автоматски да ги асоцира дека ова е во Скопје како што ти коа ке ја видиш оперската кука во Сиднеј одма знаеш дека се наога во Сиднеј бидејки Сиднеј е препознатлив по тоа.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Kукате и плачете,се потрошиле 200-300 милиони,а сакаш модерно и уникатно..епа тоа и уникатно вреди милијади бе другар,милијарди..на некои тука ич не ви е јасно дека некои работи вредат пари. Лион спрема да гради стадион кој ќе кошта колку скоро цел проект,250 милиони за 60 000 гледачи,за еден стадион,а тука се изградија 10 згради и 20 споменици за толку пари,плус партерно уредување,внатрешно уредување..да почнеш куќа да правиш на 2 спрата и да ја средиш не те крпат 100 000 евра,а да не зборам за некои мегапроекти,уште па сакал уникатни,а штом се спомне цена одма за глава се фаќате.
Тоа е кичерај муабет,што не сврзувате 2 и 2 . Ај да те прашам, а ако барок има во Прага,Будимпешта и слични и тука веќе би било дежа ву, нели би било и модерно,стакло и алуминиум дежа ву..па ги има во Њу Јорк,Чикаго,Дубаи..низ цел свет,а ?
Имаме и „светли“ примери на модернизам во Скопје како например МНТ или попознат како Скокалница Планица или Пошта попозната како НЛО. Да незборувам за Нова Железничка станица каде што има бетон колку за 3 Скопје 2014.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Еве нека се 500 милиони.Тие пари се трошат во 7-8 г.Не се наеднаш потрошени.Абе државните институции до сега беа кираџии во сопствена земја алооооо.По 15,20,30 илјади евра плаќаа месечно кирии.
Колку е платено на кирии овие 20 г.???
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
5 миљарди за кирии..Абе што ако се трошат за 7-8 години коа на живи глупости се потрошени.Толку ви е тешко да разберете дека се перат пари преку ова.Мала е македонија ебате,толку немате некој познаник што е замешан во работата да ви каже како фрчат цифри за хонорари?Жити државните институции што им направиле,за кој кур е голиот Прометеј стаен кај жена парк?Со четирите златни магариња...
Зашто 20 те споменици на плоштад место ко шаховска табла да биде не ги распоределе во населбите низ скопје.Што не го ставија споменикот на ченто во населба ченто,да се крене патриотизмот на граѓаните..да се почуствуваат луѓето дека државата им прави нешто што ќе имаат корист.
Прости луѓе мислите дека со ова се кренало националниот дух:tapp:И тие што си ја сакаа земјава се откажаа ти ебам проектот глуп...
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Да бе.Музеј да изградиш е глупост.Театар да изградиш е глупост.Зграда на државна институција е глупост.
Ама паметно беше со ливадите од левата страна на Вардар по кои пасеа коњи.Паметно беше со тоа сивилото од комунистички згради околу плоштадот.Паметно е државни институции да плаќаат кирија ВО СОПСТВЕНА ЗЕМЈА.
Со спомениците претераа.Ама што сте се фатиле за спомениците ко пијан за бандера.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ова е најголема причина за сите срања што ни се случуваат како народ. Факт е дека имаме комплекс што влече корени од тој период. Можеме и мораме да го осветлиме тој период. Политиката на пикање под тепих на тие 50 години се покажа како контрапродуктивна, екстремно контрапродуктивна.

Чинам дека не си ме разбрал малце.. јас не велам таму кај што си ме цитирал дека треба да се расветли периодот по 1945.. значи, ко што велиш задњиве 50 години (макар што се слагам дека треба и тоа да се расветли, со оглед да мислам оти денес премногу критички, дрско-критички /знаеш, колку да се плука онака од ѓутуре - резултат на тоа е лустрацијава; но тоа во друга тема/, го напаѓаме периодот од 1945 до 1990), јас велам дека треба да се расчисти и расветли периодот пред 1945, значи пред илинден, илинден и по илинден до 1945.... Оти од тука произлегуваат сите ментални мајндфакови за нас... ;)

Ако пак јас грешно сум те разбрал,, кажи....
--- надополнето: 23 септември 2012 во 20:46 ---
Доктуре Зигмунде!!!
Да беше во постмодерен стил ќе се работеше за потиснување на трауми од минатото и заборавање на историјата.
Да беше во Отомански стил ќе се работеше за садо-мазо фантазии
Да беше во рурален-етно Македонски стил ќе се работеше за нарцисоидност и Едипов комплекс
Да беше во социјал-релаизам ќе се работеше со опсесија со сегашноста и селективна меморија како резултат на мегаломанија и егоманија.
Абе ДОКТУРЕ ЗИГМУНДЕ! СЕКОЈ ЧОВЕК СИ ИМА СВОЈА ДИЈАГНОЗА!! ПА И КВАЗИЛЕКАРИ И НАДРИЛЕКАРИ....(ваљда трауми од незавршен медицински факултет) :)
А поентата ти е?

Го сакаш СК. 2014, т.е. онанираш на него, па се осети нешо као навреден?

Жалам брат,, пишав на крај.. сеа тоа ти е тоа..

П.С. А да го прочиташе малку Доктур Зигмунд?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
А поентата ти е?

Го сакаш СК. 2014, т.е. онанираш на него, па се осети нешо као навреден?

Жалам брат,, пишав на крај.. сеа тоа ти е тоа..

П.С. А да го прочиташе малку Доктур Зигмунд?
Поентата е дека на секој архитетконски стил може да му препишеш некаква „дијагноза“ и скриено значење и е со цел „прање мозак“... а не си се запрашал може нема никакво значење и тајна порака од подсвесното или од некој чудни структури кој го контролираат светот? Целава работа ми звучи препараноично...што е следно во вакцините ни ставаат гени од Александар Македонски за да станеме „Антиквизираат“ :D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
5 миљарди за кирии..Абе што ако се трошат за 7-8 години коа на живи глупости се потрошени.Толку ви е тешко да разберете дека се перат пари преку ова.Мала е македонија ебате,толку немате некој познаник што е замешан во работата да ви каже како фрчат цифри за хонорари?Жити државните институции што им направиле,за кој кур е голиот Прометеј стаен кај жена парк?Со четирите златни магариња...
Зашто 20 те споменици на плоштад место ко шаховска табла да биде не ги распоределе во населбите низ скопје.Што не го ставија споменикот на ченто во населба ченто,да се крене патриотизмот на граѓаните..да се почуствуваат луѓето дека државата им прави нешто што ќе имаат корист.
Прости луѓе мислите дека со ова се кренало националниот дух:tapp:И тие што си ја сакаа земјава се откажаа ти ебам проектот глуп...
Кажи ти жити се , еве ние никој појма немаме,дај разјасни некој криминал..кажи колку пари и кој земал.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Поентата е дека на секој архитетконски стил може да му препишеш некаква „дијагноза“ и скриено значење и е со цел „прање мозак“... а не си се запрашал може нема никакво значење и тајна порака од подсвесното или од некој чудни структури кој го контролираат светот? Целава работа ми звучи препараноично...што е следно во вакцините ни ставаат гени од Александар Македонски за да станеме „Антиквизираат“ :D
Поентата ти е погрешна..

Каде прочита кај мене дека јас го критикувам барокот т.е. го „дијагностицирам“?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Поентата ти е погрешна..

Каде прочита кај мене дека јас го критикувам барокот т.е. го „дијагностицирам“?
Во „“ е тоа бидејќи не се работи за никаква дијагноза туку само за некохерентно лупање на некои термини од психологија. Надрипсихологија е тоа...а не би навлагал во мотивите за тоа и да ти удрам една сеанса од „психоанализа“ Докторе. Има една ваква депонија од вакви слични вона-би психолози и антрополози окулу Грчев и компанија.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Во „“ е тоа бидејќи не се работи за никаква дијагноза туку само за некохерентно лупање на некои термини од психологија. Надрипсихологија е тоа...а не би навлагал во мотивите за тоа и да ти удрам една сеанса од „психоанализа“ Докторе. Има една ваква депонија од вакви слични вона-би психолози и антрополози окулу Грчев и компанија.
Не знам каде гледаш наводници и што мислиш дека сум мислел под тие наводници?!
Ако мислиш врз некого да правиш психо-сеанса, онда изволте, али направи како што треба, а не вака некохерентно да претпоставуваш и извртуваш нечии зборови, за после тоа да се правиш Џек, рецимо као Грчев што сега се прави, па да се распиштолуваш дека ете знаеш да водиш психо-сеанси и анализи....

Патем, за болдираното..
Значи сепак тоа те болело, а?
цццц. Па кажи бре директно, а не окол на окол..
Не знам само што ќе постигнеш со лепење на вакви етикети, но поарно сепак ќе ти биде да прочиташ, оти во текстот што претходно пишав, пишав и за таквите депонии како што е Грчев, но и за депониите како тебе...

Ајт поздрав..
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Не знам каде гледаш наводници и што мислиш дека сум мислел под тие наводници?!
Ако мислиш врз некого да правиш психо-сеанса, онда изволте, али направи како што треба, а не вака некохерентно да претпоставуваш и извртуваш нечии зборови, за после тоа да се правиш Џек, рецимо као Грчев што сега се прави, па да се распиштолуваш дека ете знаеш да водиш психо-сеанси и анализи....

Патем, за болдираното..
Значи сепак тоа те болело, а?
цццц. Па кажи бре директно, а не окол на окол..
Не знам само што ќе постигнеш со лепење на вакви етикети, но поарно сепак ќе ти биде да прочиташ, оти во текстот што претходно пишав, пишав и за таквите депонии како што е Грчев, но и за депониите како тебе...

Ајт поздрав..
Не сум ни архитект ни психолог така да не коментирам за Скопје 2014 од тој аспект. Ни немам намера да станам тоа. Така да си молчам за тоа. Ама има неколку фаци кој се дрвени експерти за се...тие си пљампаат што ќе им текне се убацуваат некој фенси збор за да звучат поинтелектуално. Онака од чисто општа култура и од контаки со луѓе се гледа кој има нешто конструктивно да каже а кој сака само да се пува и прави паметен. Секој го знае тоа...Нема везе не им го знам проблемот ни од каде им идат фрустрациите ама не мислам да им ги лечам и изигравам доктор па да ги слушам и глимам со глава на секоја глупост што ќе ја кажат. Без навреда ама ти ми личеше баш на таков случај во погорниот пост. Ај може сум погрешил...:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom