Фан Клуб: Барселона

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Javier Faus (economic vice-president): "The Camp Nou, as it is now, can only last for another 10 years, maximum."


Подгответе се за нов стадион. :notworthy:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283


Во саботата беше одржано Генералното собрание.
Неколку точки за кои се дискутираше и искочија во јавноста со посебно внимание се следниве:
- Хавиер Фаус економскиот потпретседател на клубот истакна две опции; едната е реконструкција на Кампот кој би чинела 300 милиони евра, или градење на нов Капм Ноу кој би чинел околу 600 милиони евра а би се завршил до 2020 год.
- Кога долгот ќе се намали на 200 милиони евра ќе биде распишан референдум на кој фановите ќе одлучат за иднината на стадионот.

- Во однос на долгот, политиката на Росељ дава резултати. Во моментов Барса има долг од 334 милиони евра во 2016 се очекува да изнесува 190 милиони евра.
- Сезоната 2011/2012 ја завршиле со приход од 494 милиони евра.
- Барса има 350 милиони навивачи низ целиот свет и 50 милиони на социјалните мрежи.
- Фаус истакна дека не е предвидено купување на играчи во Јануари освен во случај на итност.
- Цената на билетите останува иста до 2016 год.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.584
Поени од реакции
22.530
- Фаус истакна дека не е предвидено купување на играчи во Јануари освен во случај на итност.

Која е таа итност, пичка ви материна? Поголема итност од таа што е моментално за купување стопер нема!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Лош потег е тоа, на неколку сајтови таа изјава жестоко се критикува, а дел од фановите пишуваат свои предлози за стопер и потенцираат дека тоа место во одбраната е најзагрозено.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.584
Поени од реакции
22.530
Лош потег е тоа, на неколку сајтови таа изјава жестоко се критикува, а дел од фановите пишуваат свои предлози за стопер и потенцираат дека тоа место во одбраната е најзагрозено.
Ама повеќе од очигледно е дека ни треба СТОПЕР(а не играч кој 'може да игра И на позицијата стопер'). Јас бев најголем оптимист за одбраната пред почетокот на сезоната, мислев дека знаат како тераат, ама ете, повредите се дел од спортот, капитенот ни е во аут, сега и Пике. Единствен класичен стопер во тимот ни е младиот Бартра, кој до пред 2 месеца играше во Б-тимот во втора лига.
Маскерано некако успеа како ЦБ, ама не треба и Сонг сега да го играме стопер. За сериозен тим како Барса, ова не личи да си играат со таа важна позиција во тимот, да експериментираат со играчи од други позиции, посебно не, бидејќи на голот имаме голман кој ќе фати невозможна топка, ама и често ќе направи непромислен кикс.
БАРАМЕ КВАЛИТЕТЕН СТОПЕР!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Се согласувам со се што напиша. Ова лето очекував и јас стопер некој да биде купен. Не мораше да биде некој ептен класа ама можеа да донесат некој кој ќе биде замена за Пике и Пујол во случај на повреда. Се знае дека Пујол го газат годините и дека ќе има многу проблеми. Ок е да се форсираат и младинците ете и Бартра нека е, ама потребно е за големи и исцрпни натпревари сепак стопер со искуство. Го гледав Филе во една од емисиите ја отвори темата за проблем помеѓу Меси и Бартра, нешто што го читав во некои весници. Ако е тоа точно тогаш ќе имаме проблем и со Бартра. И пак сме празни со Сонг како замена кој не може да даде добар резултат.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Ako imavme 20 milioni za Song zosto da nemavme 40 milioni za T Silva ne mie jasno....So vakva odbrana i terane majtapi so Song i Bartra u odbrana i povredi na sekoj mec ne se osvojuvaat tituli.Ne znam dali se glupi site od upravata ili pak glupi ne pravat nas fanovite.Sto treba da se sluci za da kupuvaat asalen stoper ?Ili cekaat da izleze Pujol na penzija u pm....
Jas sum za rekonstrukcija na kampot i ne mozam da zamislam Barca da igra na nekoj drug stadion ....
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Последен купен стопер ни е Чигрински.....а реално и него не му се даде некоја голема шанса, па да успее да ја заебе.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Реално гледано Барса ја пропушти шансата да го купи најдобриот бек во светот летово и тоа ќе не кошта кога тогаш.

Сигурен сум дека Силва можеше да се донесе за 35 милиони плус некој милион поврзан со перформанси. Што ќе беше пречекорување на буџетот за 10 милиони позајмени од следната година.

Така не само што ќе се решеше проблемот со стоперската позиција туку и Маскерано ќе ја покриваше позицијата на Бускетс.

Следната година со тие 30 милиони и 15те милиони што веќе се платени за Нејмар ќе го донесеа и него и чао решени се сите проблеми во тимот.

А да, не знам кога тоа ние станавме Арсенал што имаме толкав буџет. Изгледа управата после толку состаноци со менаџерите на Арсенал почна да се понаша како нив.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Нема ништо лошо во тоа еден клуб како Барса да има голем буџет. Политиката која ја застапува Росељ е помалку да се троши од тоа што се заработува се со цел да се намали долгот да не се земаат кредити со високи камати па дополнително да се оптерети клубот и во него да се мешаат банки. Дел од тој буџет оди во трошоци кој ги има клубот. Росељ е тип на човек кој ужива да преговара а играчите да ги зема по пониска цена.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Нема ништо лошо во тоа еден клуб како Барса да има голем буџет. Политиката која ја застапува Росељ е помалку да се троши од тоа што се заработува се со цел да се намали долгот да не се земаат кредити со високи камати па дополнително да се оптерети клубот и во него да се мешаат банки. Дел од тој буџет оди во трошоци кој ги има клубот. Росељ е тип на човек кој ужива да преговара а играчите да ги зема по пониска цена.
Можда ама од кога е претседател имаме прилично лош трансфер скор.

Особено за играчите што си одат. Чигрински не успеа пар копачки да смени, толку кратко беше тука, а го продаде за 10 милиони поефтино од тоа што го купивме со изговор дека нема да има плати да му исплати на тимот без тие пари што после испадна дека е тешка глупост и немаше никаква врска со реалната ситуација.


Ибра го продаде за 22 милиони. Па цела година да седеше Ибра на трибина повеќе пари ќе му извадеше Лапорта.

Договорот со Рома за Кркич беше тешка глупост и не обврзува да го купиме за 13 милиони следната година што значи дека следната година ќе има 27 милиони за трансфери затоа што парите што лани ги земавме за Кркич беа потрошени за Цеск и Санчез.

Ниту еден од проблемите што тимот ги имаше кога Росел презема не е решен, освен веројатно левиот бек, а полека се отвараат и некој нови проблеми.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Донесувањето на Чигрински и Ибра немаат никаква врска со Росељ. Тие дојдоа по барање на Пеп. Пеп не успеа да ги вклопи во системот. Нормално е играчот да биде продаден поевтино од цената за која е купен. Лапорта беше супер претседател кој ја крена Барса но тој остави зад себе огромен долг. Политиката негова беше да се донесат играчи по секоја цена само клубот да има успеси. Е сега кога дојдоа сметките од трошењето некој мора да штеди. Таа програма на Росељ со ветување дека ќе го елиминира долгот победи на изборите. Значи фановите ја подржуваат неговата политика затоа е и претседател.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
И Адријано повреден. :(

Него, ме плаши ова со каранициве а уште повеќе дали Тито ќе успее да створи авторитет над сите играчи и добра атмосфера во соблекувалната која е од огромно значење за екипата. Баш за ова спомнав уште по неговото назначување, многу е битно како ќе се постави со играчите, дали ќе успее да наметне голем авторитет како што беше случајот со Пеп, со оглед на големите имиња кои играат во Барса. Ако ваквите моментални појави не успее да ги неутрализира, ако го нема ОН главниот збор у соблекувална, ништо не правиме сезонава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom