Во саботата беше одржано Генералното собрание.
Неколку точки за кои се дискутираше и искочија во јавноста со посебно внимание се следниве:
- Хавиер Фаус економскиот потпретседател на клубот истакна две опции; едната е реконструкција на Кампот кој би чинела 300 милиони евра, или градење на нов Капм Ноу кој би чинел околу 600 милиони евра а би се завршил до 2020 год.
- Кога долгот ќе се намали на 200 милиони евра ќе биде распишан референдум на кој фановите ќе одлучат за иднината на стадионот.
- Во однос на долгот, политиката на Росељ дава резултати. Во моментов Барса има долг од 334 милиони евра во 2016 се очекува да изнесува 190 милиони евра.
- Сезоната 2011/2012 ја завршиле со приход од 494 милиони евра.
- Барса има 350 милиони навивачи низ целиот свет и 50 милиони на социјалните мрежи.
- Фаус истакна дека не е предвидено купување на играчи во Јануари освен во случај на итност.
- Цената на билетите останува иста до 2016 год.