Препорака за нов автомобил до 9000€

  • Креатор на темата Креатор на темата miki002
  • Време на започнување Време на започнување

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Како што кажува насловот, поради недоволно следење на новостите во авто индустријата (срамота во таа индустрија работам...), не сум запознаен доволно со новите модели на автомобили од најефтината понуда во салоните низ Македонија. Занимливи ми се моментално неколку понуди, Chevrolet Aveo (од лагер) за 8000 €, Mitsubishi Colt (стариот веројатно, исто од лагер) 8000€ и можеби Fiat Linea исто од лагер за 8400 €.
Што би препорачале, не мора да е од овие модели, може се друго, освен Opel, мразам Opel. Би салак само да има 5 врати и клима уред, за бензинец или дизел, сеедно ми е.
 
Само нов или и половен доаѓа во предвид?
Би сакал нов, половен а добар со комплетен сервис како што јас сакам (замена на сите потрошни делови - гуми, амортизери, плочки, пакнови, масла, филтри, лагери...) доаѓа многу близу до оваа вредност, а сепак е половен..
 
^

сепак е половен да, ама класа-две над таа новата
--- надополнето: 23 септември 2012 во 13:07 ---
за 9000 евра половен се зима АВИОН од кола, а не Авео и друго ѓубре
 
haahah, novo si i e novo batka...neka ne te lazat........iako za 9000 mozes da nacekas BMW ekstra ama ako imas pari za popravki i se toa bujrum.....zemi letni do holandija ke najdes dobro bmw/
 
Речиси сите автомобили од ниска класа може да ги купиш до кај 9000евра

Chery Ego
Chevrolet Aveo
Chevrolet Aveo - 2011
Citroën C3
Dacia Sandero
Daihatsu Sirion
Fiat Punto 2012
Fiat Punto Classic
Fiat Punto Evo
Ford Fiesta
Great Wall Voleex C10
Hyundai i20
KIA Rio
Mazda 2
Mitsubishi Colt
Nissan Micra
Opel Corsa
Peugeot 206+
Peugeot 207
Peugeot 208
Renault Clio 3
Seat Ibiza
Seat Ibiza SC
Škoda Fabia
Suzuki Swift
Toyota Yaris - 2011
Volkswagen Polo
 
^

сепак е половен да, ама класа-две над таа новата
--- надополнето: 23 септември 2012 во 13:07 ---
за 9000 евра половен се зима АВИОН од кола, а не Авео и друго ѓубре
Се зима авион кола за по сервиси.
Ако немаш пари да ја купиш колата како нова тогаш и ќе немаш пари да ја носиш на сервис.Ќе ја возиш до првиот квар :).
Земи си нова,генерално сите исто опрема нудат.Бирај што ти прави мерак на око.
 
на странава покажува 25 модели кој моментално имаат цена под 9к е сега каква опрема имаат тоа треба да се распрашаш дополнително има и и на бензин и на дизел. Но сепак зависно од начинот на плаќање можеш да извадиш некој попуст и слично
:)
 
Тоyota Yaris пријателе можда е и нештоо поскапа не знам точно, ама машина си е, малечка, брза, стартна, 4 л градска ќе ти троши.:)
 
Мене најубаво ми е пежо 207, може да го начекаш на голем попуст (за исти пари да земеш саглам опремено) пошто излезе 208ца.
Мене уште ми е криво шо не почекав кога се менуваше форд фокусот, даваа за 14К најјакиот дизел мотор со најфул опрема, автоматски менувач, борд компјутер со навигација блаблабла се комплет
 
Мене од прилика границата за стара/нова кола ми е 10.000е ( под 10.000 не би зел нова, над 10.000 не би зел стара).
Е сеа јас би ти предложил Suzuki SX4. Околу 10.000 е некаде незнам точно.
За тие пари имаш 1.6 бензинец на сузуки, со 120 кс, прилично економичен, all road кола. ако имаш 9.000 кеш, останатите 1.000 некако на кредит на рати нема да ги сетиш.

 
Се зима авион кола за по сервиси.
Ако немаш пари да ја купиш колата како нова тогаш и ќе немаш пари да ја носиш на сервис.Ќе ја возиш до првиот квар :).
Земи си нова,генерално сите исто опрема нудат.Бирај што ти прави мерак на око.

Ако даваш 9000 евра за кола, тогаш СИГУРНО имаш и пари да ја одржуваш!!!
 
Како што кажува насловот, поради недоволно следење на новостите во авто индустријата (срамота во таа индустрија работам...), не сум запознаен доволно со новите модели на автомобили од најефтината понуда во салоните низ Македонија. Занимливи ми се моментално неколку понуди, Chevrolet Aveo (од лагер) за 8000 €, Mitsubishi Colt (стариот веројатно, исто од лагер) 8000€ и можеби Fiat Linea исто од лагер за 8400 €.
Што би препорачале, не мора да е од овие модели, може се друго, освен Opel, мразам Opel. Би салак само да има 5 врати и клима уред, за бензинец или дизел, сеедно ми е.

Шевролетот и линеата се донекаде фушерајски направени имаат доста работи на што е скратено за да бидат баш околу 8000 евра т.е. да бидат ефтини во споредба со конкуренцијата
колтот е поквалитетен ама и поскап за одржување, резервни делови итн

да ѕирнеш форд фиеста преубав дизајн како надвор така и внатре (тоа мислам дека е добар избор)
После тоа ибицата сц/сд, незнам од која причина несакаш опел ама корсата мислам дека за 8000 ја нудат дека ќе треба да излезе нов модел, а добро се покажа последнава серија
види прошетај по салони, ако плаќаш кеш збори таму ќе ти направат добра цена, буквално се ценкаат и сите гледат да продадат некоја кола зошто и така ретко се продаваат а и со увозов се презасити пазарот и поголем дел се преориентираа на половни коли

и совеет од мене ако си решил за нова кола земај, не земај пр. пасат 2004 некој што има 2-300.000 поминато и што треба баш се да му смениш, класа кола е ама да ја купиш нова да
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom