Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој искуство со изгубен индекс?
 
јас!
--- надополнето: 21 септември 2012 во 18:32 ---
луѓе неможам да се најавам на iknow sistemov пробав со смени ја лозинката ја сменив и пак ми вика невалидно корисничко име или лозинка а се е точно . И уште нешто од кај да го најдам аcc i pass на courses на финки??!

Ај пробај прво овде да се најавиш. Потоа оди во Електронско досие и да запишеш семестар но очигледно е поминат рокот и ќе треба да даваме по 500че :mad:. Веќе 2 недели го глеам тоа запишете зимски семестар и тек денес го отворив. Се мислев дека заедно со уписот и семестарот ни е запишан и не му обрнував внимание на известувањето...
 
абе ајде... глупости што систем прават овие бе, глупости ништо не им работи а за казни -пари собирање одма рокови одредуваат, неработи ниту пак е-маил ми имаат пратено , индекс немаат дадено , не идат декани-проф на настава уште првиве денови , добро бе што факултет е ова?!
 
Дефинитивно многу неорганизирано...и со уписот исто така имаше заебанции, но тоа е, што можеме тука да направиме...
 
Морам да споделам импресија од Калкулус денеска, поточно од Ванчо.
Зошто човекот на олкава табла пишува олку ситно?
 
Морам да споделам импресија од Калкулус денеска, поточно од Ванчо.
Зошто човекот на олкава табла пишува олку ситно?
Кај Ванета први 3 реда фаќај си, пишувај се што пишува и учи го тоа. Седни решавај, и учи ги дефинициите со доказите како што он ги предава. Имаш огромни шанси за 10ка... И поправајте го кога греши, цело време ги утиња задачите, не се плашете, одма кажујте му кај згрешил да си поправи, таков е...малце чуден човек ама знае да биде океј, и се што е нејасно прашајте го за време на пауза, знае добро да објасни и многу лесно да сфатиш ако имаш кликер...
--- надополнето: 22 септември 2012 во 03:23 ---
Де бе колега, седни малце решавај, ти од прва недела се откажуваш....загреј си го столчето, помачи се малце па види :)

Јас не можам да се најавам на тој iknow системот со корисничкото име и лозинката која ми ја пратија по маил. Да одам на студентски или?

И да, слободна недела пред колоквиуми имаме или?
Слободна недела не - имаше случаи кога почнува колоквиумска од хипотетички кажано четврток, а последно предавање Калкулус на речеме вторник-среда.
Иначе не се залжувајте како најголемиот дел што се запишуваат дека информатика е седење на компјутер, играње, чачкање некои програмчиња и стискање копчиња.
Не би коментирал дали е добро или не, ама има да си учите математика и тоа на велико. Исто така и многу теориски задлабочувања, што мене во принцип ми е интересно и не ми е проблем да седнам и малце да навлезам, дали е тоа математика или пак некои теориски разглабања.
Совет: Нема играње игрици на PC и стискање копчиња, туку пишување тетратки и тетратки и тетратки и тетратики и ......
 
Епа ништо, собрав сила малку од тој првиот шок .. :D . Како шо реков и дополнителен притисок ми беше тоа шо немам учено 2 години математика, basics 4/10 , па сеа почнувам со интезнивни подготовки. Одиме напред, па до кај ке:noze: стасаме ке видиме. Здравје нека има
 
Уште на 8ми септември имаше ставено на страната дека до 14ти треба да пријавиме семестар, ние само електронски. Имаше детално објаснување чекор по чекор што треба да се направи. После го продолжија уште една недела и пак едвај пола од бруцошите имаат пријавено семестар. Неможам да сфатам.

Aбе точно, кога ќе видиш 2 минути работа е, јас си го завршив на време, само се прашував која е ползата? Ние сме запишани, сите сметки се подмирени, немаме изборни предмети за кои би требало да се одлучиме според кои би се правеле групите и слично....
 
Епа ништо, собрав сила малку од тој првиот шок .. :D . Како шо реков и дополнителен притисок ми беше тоа шо немам учено 2 години математика, basics 4/10 , па сеа почнувам со интезнивни подготовки. Одиме напред, па до кај ке:noze: стасаме ке видиме. Здравје нека има

Ако стоиш добро со англискиот, имаш на Coursera предавања од светските универзитети, види дали ќе ти послужи нешто. И за некои проблеми може да побараш на YouTube објаснување, јас доста работи научив од таму. Во учебник објаснувале 10 страни, а некој на YT ти го склопил целиот начин на решавање во 10 минути.
 
Побрзо пријавувајте предмети електронски, рокот е продолжен до утре.
 
Епа ништо, собрав сила малку од тој првиот шок .. :D . Како шо реков и дополнителен притисок ми беше тоа шо немам учено 2 години математика, basics 4/10 , па сеа почнувам со интезнивни подготовки. Одиме напред, па до кај ке:noze: стасаме ке видиме. Здравје нека има

Мене khan academy ми помогна доста со основите, од проста причина што доаѓав од средно каде што математика имав два часа неделно, што е прилично малку, па кога дојдов на факултет малце бев overwhelmed.
Линк: http://www.khanacademy.org/
 
Јас да ви кажам пријавив 4 задолжителни и со тоа исполнив 28 кредити. Во .pdf документот беше наведено дека во прва година треба да се исполнат 30 кредити со исклучок на ИНФО смерот. Притоа англиски јазик ми беше во изборни предмети, но на страната на ФИНКИ стои дека е дел од АСИ програмата. Па така и англиски јазик го селектирав за да ги исполнам тие 30 кредити, иако ме збуни што беше ставен во изборни предмети и го немам во актуелниот распоред...
 
Како оди ова со билетиве? Моментално ми стои open, тоа значи дека е во процес на решавање на проблемот или?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom