PES 2013

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
R2+шут.

Иначе после неколку изиграни утакмици(1вс1, не против АИ), некако не ми се свиѓаат долгите топки. Одбраната ги пресекува 95% од истите...
L1 + триаголник пробај и гледај добро темпиран пас да биде.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Идиотска е скриптата. На Мастер, прва утакмица, мораш да примиш гол. Твоите од одбрана си лапаат муви а противничкиот лев бек си прави слалом низ шестнаесетник и си шутира комонтно у гол. Глупости.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Сега укапирав дека аналогот не реагира на финти. Да не знае некој случајно што може да биде? Еве што чудо имам. Пробав се, ама никако да се уклучи. Најдов едно решение на интернет, ама за фифа 2008, истото не работи за ПЕС:tapp:
Може некој да укапира, како би ова идело на ПЕС?
4) Download the new file "devadata.dat" and uncompress it.

5) In the directory "My documents/FIFA 08/user", copy the existing "devadata.dat" file to another directory (just to be safe), then overwrite the file with the new "devadata.dat" file.

6) You are now ready to play; both mini-sticks will operate in the game.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.762
Поени од реакции
11.739
I jas imam ist problem so analogot...
Ako se snajdes obavezno pishi, lani probuvav da go napravam ama nishto.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Не ми е толку за финти. Си играм јас и на аналог, на овие стрелки после саат време боли палецот :))
 

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
После изиграни 20-30 утакмици од кои најголем дел 1vs1 a 4-5 на мастер лига можам да го заклучам следното:

Подобри работи:
  • Гејмплеј. Одлично движење на играчите, personality или како и да го викаат, се приметува, играчите се реални (со исклучоци), ако добро го научиш играчот, можеш да правиш чуда со него :)
  • Тимската игра е исто така подобрена, ма да не многу. Одбраната добро покрива, добро реагира во спречување контри, одлично прави офсајд стапици и сл. Средината добро се поставува, нападот добро влегува по страна или се втрчуваат играчите во контра и т.н. Секако многу битно е и како е подесена стратегијата, формацијата и т.н.
  • Мануелно шутирање и подавање. Уште една одлична работа, претерано корисна, одлично изведена, чиста 5ка. Треба малку тренинг да се совлада, на почеток мислев дека е ужас и тотално некорисна, но кога ја научив добро, сега скоро секогаш ја користам (подавање не толку, повеќе шутирањето).
  • Голманите. ШУЌУР! Конечно бар малку да видиме нормално бранење. Не ми е криво да примам гол, криво ми е (беше) кога ќе примам гол поради грешка (баг) на голманот. Среќа колку толку е подобрено. Само ми смета преспората реакција одкако ќе ја фати топката. Треба да може побрзо да ја избаци напред, да ја фрли. Ужасно ме нервира она ваљање по земја и некои глупи еден-два потези пред да шутне што ми ја уништуваат контрата.
Полоши работи:
  • Коментаторите. Незнам дали воопшто некогаш се сменети, играм ПЕС од кога постои, скоро секоја година, коментаторите го зборат истото веќе цела деценија. Ужас. Бар да најдоа 2ца нови да го кажуваат истото колку да се дешава нешто. Често палам коментатор на др. јазик само колку да разбие монотонија.
  • Менито во гејм-план. Незнам зошто но не ми се свиѓа новиот дизајн. Можда за вкусви не се дискутира но тоа е тоа. Незнам зошто поправале нешто што не е расипано. Она каде стои KICK OF ми е ОК, но кога ќе влезеш во гејм-план тоа е ужас невиден, никаква прегледност, непотребно сменети ствари...
  • Моќноста на АИ-то. Една од причините поради кои веќе не ја играм ПЕС сам е поради нефер начинот на игра. Буквално ко пишано сценарио делува и секогаш знаеш кога ќе примиш гол а кога неможеш да дадеш по секоја цена. Затоа цело време играм 1на1 или онлајн.
  • Оцените. Страшно нешто како некои играчи кои со години веќе не стануваат од клупа и се пред пензионирање можат да држат една иста оцена а патем и да не се уморуваат цели 90 минути, додека пак Меси не издржува повеќе од 50-60 мин игра. Играчи како Фалкао кои прават хет-трик секој втор натпревар се 79, а шупаци кои се сопнуваат од топка се скоро 90.
има уште али уз игра кога ќе ми текне ќе дополнам :)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Оцените се катастрофа. Коло Туре има 86, Алба 79, Адриано 87, Фалкао 79:pos:
Не знам кога излегува оној додаток, кој ги менува оцените како што се во реалноста. Знам го имав лани и играв со реални оцени.
 

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Незнам како можев да заборавам ама најмногу ме иритира ова што не се направени трансферите, па добро бе колку е тешко да се префрлат играчите на свое место? Јас вчера седнав сам со компјутерот пред мене и за саат ипол сам ги префрлив сите можни (кои ги има) на свое место. Тотална неодговорност. Можда ние не можеме да се жалиме пошто играме пиратска верзија, но замислете некој што ја купил денеска играта, треба да чека цел месец за да може да игра со нормални клубови. Срамота.

Плус за оцените мислам дека најдобро ќе биде да има константно апдејтување на оцените, да речеме на 2 недели или 1 месец како што е на НБА 2к. И на пр. ко лани на торес кога не му одеше да го намалат за 2-3, или Фалкао кога почна да растура да го зголемат. ЗНачи зборам за разлика од 1-3 поени, не зборам ако Меси бил 98 и утнал пенал и незнам што, утре да биде 60. Тоа веќе функционира на НБА, зашто не би можело да функционира овде...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Оцените се катастрофа. Коло Туре има 86, Алба 79, Адриано 87, Фалкао 79:pos:
Не знам кога излегува оној додаток, кој ги менува оцените како што се во реалноста. Знам го имав лани и играв со реални оцени.
Ова е релативно, на пример Торес годинава има 78, ама дечкото си гази напред.

Бишевац во ПСЖ има 80, а појаки рефлекси и одбрана од Тиаго Силва.
Некои како Менез и Пасторе имаат над 85, а преслаби се во споредба со слични на тие позиции. Сепак, се на се, не ми се допаѓаат оценките воопшто, па Адриано има 89 мислам...
 

beto10

Теле со визија
Член од
5 јануари 2009
Мислења
234
Поени од реакции
78
Дечки имам проблем , пред 2 дена ја спуштив играта , ја инсталирав работеше се океј , денес кога пробав да ја вклучам ми дава проблем дека неможам да ја вклучам порати тоа и тоа.Дали некој го имал/средил овој проблем и ако може да ми каже како.
Користам Windows 7 Ultimate 64-bit предпоставувам дека тоа е проблемот но барам решение не одоговори од типот - смени го ОС.Фала :)

Инаку и јас ке се сложам оценките се тапа , има малку подобар гејмплеј кај дефанзивните играчи но пак има проблем со комуникацијата дефанзивец-голман.
И не е реално само Реал и Барса да даваат голови од далечина , другите се направени како да незнаат да шутнат од далеку или кратка или вон рамки на голот...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.876
Поени од реакции
6.932
Да, мое памтење е дека Меси има пројдено 5 души од Реал и дадено гол. Што те нервира тебе тука?
Ме нервира што на играчот му се задаваат триста потези, контроли, копчиња и што уште не...за да изигра една акција, да даде гол, а компјутерот од друга страна го прави тоа за дел од секунда, се му е претходно испланирано, кодирано, спремно. Само си ги извршува кодовите по потреба зависно од ситуацијата. Со други зборови, треба “мадињата да ти паднат“ за да направиш добра акција и да дадеш гол...па уште и дриблинзи да праам...Абе ајде...пасови и шут тоа е тоа што треба да го игра играчот, а не да изиграва компјутер.
--- надополнето: 22 септември 2012 во 21:44 ---
Ова значи дека во ПРЕТХОДНИОТ торент (ваљда мисли на скидроу) играта има грешка? и дека овој од релоадед е ок?

В преднија релијз има повреден фајл. Крак'т с'што не е читав. Crackfix не може да оправи проблемите ви, ште се наложи да свалите играта наново.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom