Будизам

С

Само Човек

Гостин
Не те свакам. Да за некои работи мислењето го мењаваш во зависност од информациите што ти стигаат но само доколку ти не си дирекно инволвиран во таа работа. Доколку си дирекно инволвиран тогаш мислењето мора да биде точно од почетокот иначе ако го згрешиш на почеток со го ебал ежот. Значи мора да бараш детали во приказните кои ти ги кажуваат.
А и не ми е јасно каква врска има одговорноста со мењавањето на мислењето. Одговорноста следи откако некоја работа ке се заврши, за разлика од мислењето кое се јавува пред отпочнување на некоја работа.
За емоциите кои ги наброја е безпредметно да ги дискутираме-различно ги доживува секој човек.

ПС Што за тебе е најдрагоцено (семејството го исклучувам овде)
Во моментот кога слушаш, треба и да анализираш. Сега зборам за одговоорност како чување тајна и слично.
Абе не викам да се откажеш и да дадеш отставка како претседател . Да се откажш во себе, да умреш во себе.
Што дека преседателот дал отставка, пак смета дека е нешто повеќ од други, демек постигнал нешто повеќе . Има илузија пак.
Но ако во себе свати дека е Само Човек е тогаш е друга работата. Луѓето не разбираат. Ќе кажат нја ссум доктор , ја сум добар, јас сум тажен, јас сум грд , убав ., богат , сиромашен, несреќен ...
Тоа е само илузија . Тоа се све етикети од кои луѓето не сакаат да се откажат.
Која манекенка сака да призае дека е обична будала која паничи кога ќе види дамка.
На некој доктор да му ја одземат дипломата тој ќе полуди, ќе се самоубие , ете толку драгоцени играчки има на светов што луѓето не престануваат да си играат.
Во Америка се оотворило една академија не ми текнува кој ја отвпорил пред многу години и дошле многумна да докторираат.
Им кажале дека може или да се положи или не, нема оцени. И тие 90% си зааминале, а другите едвај го прифатиле ова. Но подоцна се свестиле.
Гледаш какви се луѓето,се натпрваруваат кобудали. Прават будали од себе и после несреќни биле ..немале мир..
Најлошо од се не сакаат да признаат и за мир си најдоа играчки, музика,тв ,јога, и тн.
поздрав
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644

:) Сме збореле исто ама за раслични работи. јбг тоа се дешава понекад кога разговараш на вакви теми на форум.
Целосно се согласувам со ова погоре. Сите овие што ги наброја јас ги нарекувам критична маса и тие мораат да постојат.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
За нирвана зошто не постои. Нели според најопштата дефиниција Нирвана е кога наротски кажано се ти е рамно (да не филозофирам многу).
За болдот 100% си сигурен дека грешел.
Нирвана е состојба во која си се спасил демек од вечниот циклус на раѓање и смрт. Тоа за мене лично е самоубиство, а јас не сум против животот, јас сум за животот.
Рамно не може да ти биде, барем не за светот околу тебе што те опкружува...почни од најблиските па до стоногалките што одат по земјата. Ако станува збор за самореализација(јапонците го викаат satori), тогаш Бог преку "твои" очи го гледа универзумот, самиот себе.....хаххаха не постои начин ова да се пренесе преку зборови, ама ајде да пробам си викам.
За болдот сум сигурен дека грешел(ако е негова идеја тоа воопшто), затоа што во животот има одредени правила на игра, односно да го "дефинираме" како склоп од правила.
Правилата на игра во моментов ни ги диктираат други, животот не е ни од далеку таков како што треба да биде. Можеби и грешам, може сме стварно во железното доба ако им веруваме на ведите и на маите....како и да е...
Имај го на ум тоа, во секој можен момент. Тоа треба да ти биде појдовна точка во било кое размислување или контемплација.....еден вид на параноја:)
 
Дефинитивно едно од најуникатните размислувања кои сум ги прочитал. Иако не се согласувам или можеби не можам да го прифатам али у секој случај сум позитивно изненаден. Сепак сум тип кој има потреба да цели кон нешто.
Браво.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Нирвана е состојба во која си се спасил демек од вечниот циклус на раѓање и смрт. Тоа за мене лично е самоубиство, а јас не сум против животот, јас сум за животот.
Samo edna mala zamerka....nikako ne e samoubistvo.
Naprotiv...postignuvanje na najvisok stepen na svet...
so drugi zborovi....besmrtnost
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Samo edna mala zamerka....nikako ne e samoubistvo.
Naprotiv...postignuvanje na najvisok stepen na svet...
so drugi zborovi....besmrtnost
Никако не можам да го замислам тоа, без дејство се е џабе.
Може и да не се разбираме баш.....не е лошо да се помуабети на оваа тема.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Нирвана во буквален превод значи одувување на свеќата, пламенот исчезнува и не може да се каже каде отишол, само пред еден момент беше распламтен но сега го нема нигде, така и егото кога ќе исчезне преовладува тишината, нема веќе оделеност, настапува претопување со целосното постоење, нема никаква греница помеѓу човекот и постоењето, ти си целиот космос, и космосот е во тебе, ете затоа е нирваната негативна, бидејки преставува отфрлање, исчезнување на оделеност т.е. егото.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Будизмот е атеистичко учење. Реинкарнација значи всушност опстојбата на родот со што се исклучува индивидуална бесмртност во смисла ти истиот да живееш вечно, затоа секој нов живот (секоја нова инкарнација) си друг што значи ништо друго освен тоа дека само родот опстојува преку нови индивидуи кои исто како сега одвнатре ќе го констатираат светот и животот, објектот е спознание на субјектот.
Карма значи дека се е страдање првата света вистина во Будизмот, значи нема заслуга него што ти се падне тоа Се е страдање е прва догма во Будизмот, со тоа се исклучуваат глупостите од типот какви мисли имаш таков ќе ти биде животот. Е тоа е тоа во суштина.
За проста раја мора метафорично да се каже дека Ти си секогаш друг значи не си ти тој истиот него секој што ќе биде како дел од вечната опстојба на родот си Ти светот мора да се спознава во субјектот таму се сетилните и спознајните сили. Личноста е само сведок тој нема ентитет а идентитетот е привремен и по смртта се заборава затоа во другиот живот си друг.
Е сеа нирвана, нирвана е моментално сега дур си жив да дојдеш до состојба во која тотално ќе ја уништиш општата волја како корен и основа на твојата конкретна индивидуална волја, инаку дека тоа е некоја вечна состојба на некакво трајно сопство не иде пошто сопството е секогаш ново и така да не може да се постигне нирвана се додека опстојува родот секој субјект си ти у ствари (тат твам аси-тоа си ти), едино ако се уништи се, но тоа не може бидејќи ,,Вечно се гради истата куќа на битието,, (Ниче) или ,,Сонцето жеже вечно пладне,, (Шопенхауер).
Инаку како религија Будизмот има воведено новотарии, кои немаат основа во самото учење на Буда кој кажал Се е страдање, врзувањето е страдање, едина контрадикција е како сомилоста да се помири со неврзувањето. Ако имаш сомилост и сочувство со некого ти си врзан емотивно со него, и да заслужуваш подобро ти пак сочувствуваш со немоќните болните... така да тука некои правци во будизмот ставаат акцент на неврзувањето и ослободувањето а некои на сомилоста.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Во Будизмот има богови и тоа многу божества само идејата за Бог како креатор е тотално отфрлена како нерелевантна и неточна, на буда и не му било многу грижа дали ќе веруваш во богови или не, според него и тие така наречени богови се заробени во магичниот круг на живот и смрт, раѓање и умирање, само пробудените, просветлените тие што ќе се потсетат за реалноста т.е. ќе постанат нирвана, тотално свесни или тотално будни(тоа е и значењето на самиот збор Буда) повеќе не се заробени во тој циклус на дуалностите, затоа буда го иницирал неговото учење како Средниот пат(the middle way) точно во средината помеѓу двата екстреми остани будаен и набљудувај и ке ги надминеш и екстремите и самата средина ке исчезне, а тоа што ке остане е нирвана тоа е она што си ти the reality:)
 
M

Muranyi

Гостин
според него и тие така наречени богови се заробени во магичниот круг на живот и смрт, раѓање и умирање,
Зависи како ќе го дефинираш терминот Бог.Ако е заробен во кругот на раѓање и умирање,тогаш тоа не е Бог,зашто Бог е нешто вечно и семоќно и не може да се роди или да умре(звучам како Алкаеда:) ).
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Зависи како ќе го дефинираш терминот Бог.Ако е заробен во кругот на раѓање и умирање,тогаш тоа не е Бог,зашто Бог е нешто вечно и семоќно и не може да се роди или да умре(звучам како Алкаеда:) ).
Погоре убаво си објаснив, тие што имаат очи нека прочитаат и тие што имаат разум нека разберат(звучам како Исус:))
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 13:40 ---
Зависи како ќе го дефинираш терминот Бог.Ако е заробен во кругот на раѓање и умирање,тогаш тоа не е Бог,зашто Бог е нешто вечно и семоќно и не може да се роди или да умре(звучам како Алкаеда:) ).
Инаку се мисли на луѓе кои постигнале некој повисок степен на свест т.е. постоење да речеме преку добра карма и такви слични глупости и тие демек живеат на повисоко ниво и се во константна благосостојба, ова ти е нешто слично како во грчката митологија а може и не, но сепак за да ја согледаат реланоста и вистината мораат пак да се вратат како луѓе бидејки само преку дуалности т.е. нашиот свет е свет на дуалности, може да се спознае вистината само со надминување на дуалностите се разбудуваш во реалноста, така да кога ке се вратат како луѓе ке можат пак да ги искусат и мизеријата и радоста и со надминување на истите се 'постигнува'(ова постигнува не е точно али нема друг начина да се пренесе) нирвана. Може и на друг начина да се објаснува со астрални светови и што ти ја знам фантазии, сепак се е тоа е дел од кругот на раѓање и умирање кој што пак е манифестација на самата таа нирвана тоа е и парадоксот, тука и многу луѓе и забегуваат во екстреми и во ескејпизам и почнуваат да го осудуваат животот како нереален, како лош, како грев, грев е ова грев е она и бегаат од се што ги прави вистински живи, не е финтата да бегаш од животот туку да не бидеш посесивен и ментално приврзан за неговите добри и лоши моменти, туку да го живееш животот како една космичка игра космичка шега бидејки и е драма:)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Никако не можам да го замислам тоа, без дејство се е џабе.
Може и да не се разбираме баш.....не е лошо да се помуабети на оваа тема.
Imam edna teoretska pretstava za toa, ama ovde na forumov e djabe da se diskutira......golem del imaat pogreshno svakanje za nirvanata.
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
61
Поени од реакции
20
Будизмот...религија за атеистите...:pos:
будизмот се обидува на погрешен начин да допре до господ. нивната медитација е обид да се стави човекот на место на Господ но досега никому не успеало затоа што господ е 1
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
будизмот се обидува на погрешен начин да допре до господ. нивната медитација е обид да се стави човекот на место на Господ но досега никому не успеало затоа што господ е 1
Nema gospod vo Budizmot.

Aha. Inace, datira dobri 500 godini pred hristijanstvoto I seushte ne bil povod ili pricina za masakri I uzhasi.

Mnogu pogreshna pretstava. Ich ne e pravilna kako hristijanskata.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom