Зошто?!?! Ако имаме овде марки значи ни тече мед и млеко.
Не ги споредувам случајно спомениците и трговските центри. А тоа што секоја населба ја направија Центар со стадо луѓе 24/7, е друго. А - ха!! Повеќе трговски центри, повеќе попусти, тоа може?
Како не ви пречи непотребната гужва у Скопје? За вас треба на секој у населба да му отворат по еден трговски центар. Секој атом на кислород го исцицаа потрошувачите на брендирана облека. Брендирана облека и се ми е розево. Што сте се попалиле? Исто како што беше за отворањето на Рамстор и Џамбо, сеа не ги разликуваме. Као овој да е нешто посебен, ај нека помине побрзо возбудата.
Не викам дека е посебен де, ама не пречи. За мене ова е одлично, одлични продавници, поголем избор. Јас сакам да имам избор кога купувам. А и ти имаш, не мора да одиш во тие трговски центри...
Брендирана облека и се ми е розево.
Каков муабет... Кој спомна мед и млеко?
Муабетот ми е дека до вчера сите одеа во Солун, Белград, Софија да купуваат, сега нема да има потреба, пошто мање више тука ги има истите продавници. Имаме конкурентност, странци кога ќе дојдат ќе сакаат може да направат шопинг и имаат каде. Ако сакате Скопје да се развива и да биде модерен град, секако дека и вакви трговски се потребни. Ај во цел град само маалските продавнички нека останат, да ги затвориме сите трговски зашо тебе ти е така мерак и зашо имаш некои неосновани стереотипи и предрасуди за луѓе кои сакаат да си купат нешто од вакви продавници.
Прави си што сакаш, ама муабетиве ти се инфантилни до даска. Ако некој сака да купува од Зара и Бершка се му било розево.. На крај краева ако сака некој да купува марки тоа си е негова работа, не гледам која ти е тебе потребата да коментираш за туѓите избори и начин на живот. Друго, може денес Петко ќе купи маица од локален бутик, а утре ќе му биде мерак да купи од Зара. Битно го има изборот, а од каде ќе купува поединецот е негово.
Тие трговски центри ако ништо друго ќе обезбедат работа, ќе има кој да работи во нив и подобро е тие локации така да бидат искористени отколку на тоа место да стои руинирана зграда или нива. Се искористува потенцијалот на местото.
На крај краева немој да влегуваш внатре, никој не те тера...