Глејте реално, (малку) скапо е. 150 денари за на запад/исток, 2,5 евра не е багатела. Ај пресметајте на пример за некој од друг град што ќе сака да дојде. Со автобус од најблиските градови, Тетово и Куманово е 100 денари (во еден правец), а не за подалечните.
Плус, колку берат трибините позади головите, по 4-5000 нели? Тие карти ќе се шитнат за еден ден, нема секој да успее да набави од најефтините, па ќе мора да земе поскапо. Да не влагаме у филм, не сме Сомалија ама не сме ни Бразил. Реалната цена, за моменталните услови е карти од 100 до 300 денари, 300 за седиштата каде што нема да ти смрзне газот.
Али ги разбирам, сега имаат најголема шанса за ставање на вакви цени а тоа да не се одрази многу врз интересот. Еуфорија има доволно, можеби ова е и единствената шанса за ваква пропорционалност на цените и посетата, пошто ако ги заебеме овие 2 утакмици, најверојатно ќе опадне заинтересираноста. Така да, ќе си ја наполнат убаво касата за овие 2 натпревари.